
Pelikuna напиша:Bubbi напиша:Феминки денес раскинавме со дечкото кој неможеше да се одлучи што сака во животот.![]()
Може малце сум надвор од темата, ама овде пишувам зошто погоре се напишани проблемите со кои се соочивме. Типот несакал врска и тоа е тоа. Ама ако.... Мене ми е тешкичко но ќе ми помине. Го сакам, што да му праам (сакам да го испцујам малце) Нему кога повторно ќе му треба девојка како мене, а нема да може лесно да најде, ќе ме побара....ќе се сврти тркалцето, го осеќав и на разделбата тешко му беше, и кафе додека пиевме 3 пати посегна по мојата рака, свртевме кругче околу ул. Македонија и ме прегрна онака за рамо....нормално дека јас не го прегрнав него, го гледав одеше автобус да си фати со наведната глава и бавни чекори.
![]()
Совет до сите феминки што пишуваат овде е да не се впуштате во врска со момци кои имаат нестабилен и променлив карактер. Прво видете што човек е. Измерете го. Ако веќе премногу ја сакате личноста, подобро да се мувате или нешто друго, отколку да започнете врска па потоа да бидете повредени....како мене.
Поздрав
Жал ми е што си раскинала али ете во љубовта не може да биде розево постојано...искрено се надевам дека ке се смирите повторно и дека по однесувањето не му било сеедно.
Што се однесува до карактерот не признавам бе,мора да го смени,не мора ради мене ами заради себе.Ке го трпи една ке го трпи друга ама третата нема да се погоди така.Се лути за глупости,јас сум виновна,Рајко е виновен Петко е виновен а само тој е прав.Нестабилен карактер?Тогаш зошто се впушта во врска ако се однесува така?Да се фали еј јас конечно фатив нешто?Yeah Right.![]()
Оф што се однесува тука за чуствата јас признавам дека брзо се препуштам...не знам зошто е тоа така,си ветив дека нема ама еве последното искуство ме натера да се впуштам во нова врска без да размислам брзајки се да го преболам претходниот.Морам да променам нешто а не знам каде е грешката.
m2m2m2 напиша:Пеликуна, те имам читано и претходно и секогаш се впушташ во нови врски со цел да ги заборавиш претходните, не промислуваш што и како правиш, каков е човекот, дали вистина сакаш да бидеш со него, туку единствена цел ти е да го преболиш претходниот. И затоа секоја следна врска не ти функционира.
Не се плаши толку да бидеш сама некој период и сама од себе да преболиш некој. Тогаш кога ќе успееш сама да преболиш некој, без помош од нов дечко, ќе станеш и посилна и посамоуверена, и во следната врска ќе влезеш без никаков товар и фрустрации од минатото. И сигурна сум дека таа врска ќе ти функционира.
Gunshine напиша:А ти знаеш дали уопште има нешто меѓу нив двајца?
Најдобра варијанта ти е да го прашаш директно и да реагираш во зависност од одговорот.
Не сте мали деца па со лутење и глупости, не ти е срам така да се понашаш, али најискрено?
Па што биде нека биде.


realmadrid напиша:Здравоо , голем позз до вас ,јас сум заинтресирана за несто , и незнаев каде да се обратам па се сетив на вас ,вака сакам да знам со би зна4ило тоа да те бакнат на уво или па да те апат на уво ,ви благодарам од напред*

Trendafilka напиша:Мене жените ми се чудесен феномен, зборувам за случајот на Пеликуна, а мислам на поголемиот дел на женската популација, зашто сите горе-долу размислуваме исто.
Како, прашувам и се интересирам, КАКО во рок од две недели вие установивте дека сте во врска, а ти си веќе толку начисто со своите чувства, дека си го засакала?
Ти не го ни познаваш ова момче... колку го знаеш, еден месец?
Таквите љубов на прв поглед и знаев од првиот миг дека го сакам се само дел од евтини романтични новели, не се дел од реалниот живот, кога ќе се научиме?
Значи стварно се нервирам, како во рок од две недели очекувате врска од соништата, мед и млеко да тече?
Па секому му треба време, секој си влече некаков багаж со себе...
Ти Пеликунче до вчера што се вика плачеше и си ја трескаше главата за бившиот, помисли малку дека и тој можеби страдал и си има нерасчистени сметки.
Па ставете се малку во кожата на другиот, каде се брзате?
Што има да го игнорираш и да му се лутиш, како малите деца, смирено и отворено ќе му кажеш дека е голем веќе, и има доволно време да си расчисти се' од минатото, ако сака да остане со тебе.
И нема да го кажеш со некаков авторитативен и заканувачки тон, што дека пример му се издереш и се тресеш додека го кажуваш тоа, ќе го уплашиш или ќе го направиш поодлучен во неговите идни планови?
Не, само ќе му изгледаш патетично, вљубена до уши, и тука веќе давате простор да ве манипулираат од првата секунда.
Јас искрено не знам од кај излезе оваа мода во првите 14 дена да се решава се' наеднаш.
Јасно ми е дека не сакаш некоја трета да се меша од старт, ама олади малку - дај му време, дади си и самата на себе време, можеби ова не е сериозна врска, можеби е само нешто пролазно и можеби токму и тоа ти е потребно во моментов.

Miss.Waldorf напиша:Сакав да прашам, не дека неаме шо да збориме али ајде... знам дека разговорот е спонтана работа но што кога двајцата молчиме?? Некои теми за разговор со 4 години постар дечко?

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Filiposka и 2 гости