ТЕМА: Најдобар другар - упропастувач на врска

Мислење 11 Авг 2011, 01:45

имам дечко со кого одам веќе долго време. се сакаме, убаво ни е и имаме според мене многу зрела врска. проблемот е што мојот најдобар другар ми се меша. неколку пати го имам прекорено за тоа и правено муабет на оваа тема дека треба да ги разграничи работите, но упорно пробува да ја ме одвлечка насамо и да бидеме сами јас и тој. веќе беше приметливо дека чувствува нешто за мене и се оддалечив од него и откако се случи тоа почна цело време да ме бара, да ме следи, да ми праќа пораки, да ми се јавува во ниедно време...дури почна да ми биде и одбивен...што да направам? како да му дадам дознаење да се тргне понастрана од мене?
srcuff

Фем почетничка
 
46
Мислења: 14
Зачленет: 13 Фев 2011, 20:38

Мислење 11 Авг 2011, 09:33

Ако веќе си забележала дека чуствува нешто кон тебе,разговарај го него,кажи му што чуствуваш ти кон него,дека го гледаш само како другар.И дека неговото однесување и неговите постапки ти влијаат на врската,се надевам дека ќе разбере.
Аватар на корисникот
Barbice17

Фем почетничка
 
136
Мислења: 24
Зачленет: 15 Јун 2011, 23:26

Мислење 11 Авг 2011, 10:04

И ја на почетокот имав ваков проблем, ама не му се свиѓав на другар ми, туку тој е најдобар другар на мојот бивши и сакаше пак да не спои изгледа. Ми се мешаше во врската, ама отворено му кажав дека на таа тема не зборувам со него да ме остави мене и дечко ми на мир. За среќа добро помина сето тоа, сега дури и дечко ми си живее со него. Само отворено зборувај со него, најдобро би те сфатил ;)
Аватар на корисникот
Marie.m

Сино цветче
 
5838
Мислења: 190
Зачленет: 14 Јул 2011, 16:34
Слика

Мислење 11 Авг 2011, 10:12

srcuff напиша:имам дечко со кого одам веќе долго време. се сакаме, убаво ни е и имаме според мене многу зрела врска. проблемот е што мојот најдобар другар ми се меша. неколку пати го имам прекорено за тоа и правено муабет на оваа тема дека треба да ги разграничи работите, но упорно пробува да ја ме одвлечка насамо и да бидеме сами јас и тој. веќе беше приметливо дека чувствува нешто за мене и се оддалечив од него и откако се случи тоа почна цело време да ме бара, да ме следи, да ми праќа пораки, да ми се јавува во ниедно време...дури почна да ми биде и одбивен...што да направам? како да му дадам дознаење да се тргне понастрана од мене?

Ако сакаш да го задржиш за другар ќе го седнеш на озбилен муабет и ќе му кажеш дека не го гледаш како потенцијален дечко (ако си сигурна во тоа) и да не се надева напразно и дека ако не се повлече и продолжи да те замара на таков начин дека ти ќе го прекинеш контактот со него.

Ако веќе не ти е битен ни за другар ќе му се јавиш и ќе му кажеш веќе да не те замара. Дали тоа ќе го направиш на фин и дипломатски начин или на погруб веќе зависи од твојот стил како и од вашиот однос.
Аватар на корисникот
XMaN

Зелено цветче
 
1252964
Мислења: 804
Зачленет: 25 Мај 2011, 18:17

Мислење 11 Авг 2011, 10:22

srcuff напиша:имам дечко со кого одам веќе долго време. се сакаме, убаво ни е и имаме според мене многу зрела врска. проблемот е што мојот најдобар другар ми се меша. неколку пати го имам прекорено за тоа и правено муабет на оваа тема дека треба да ги разграничи работите, но упорно пробува да ја ме одвлечка насамо и да бидеме сами јас и тој. веќе беше приметливо дека чувствува нешто за мене и се оддалечив од него и откако се случи тоа почна цело време да ме бара, да ме следи, да ми праќа пораки, да ми се јавува во ниедно време...дури почна да ми биде и одбивен...што да направам? како да му дадам дознаење да се тргне понастрана од мене?

Едноставно речи му дека ти си го сакаш дечкото и дека не си заинтересирана за него и повтори му да не ви се меша во врската.... ако имаш некоја другарка натерај ги заедно да излезат можеби биде нешто од тоа :) :) :)
Аватар на корисникот
pupi.girl

Жолто цветче
 
836383
Мислења: 1924
Зачленет: 21 Јул 2011, 22:34
Локација: Monte Carlo

Мислење 11 Авг 2011, 10:38

Машко-женските пријателства се доста дискутабилна тема и знаат да бидат доста непријатни кога едниот „пријател“ ќе оствари врска со друга личност.Во најголем број случаи, секогаш или кај едниот или кај другиот другар се јавуваат поинакви емоции од другарските.Близината е чудо - секојдневните дружења, прераскажувања на настани, поверувања, предизвикуваат за таа личност да размислувате како за потенцијален партнер, бидејќи толку многу сте си кажале еден за друг и се знаете во душа,па уште ако таа ваша душа во потполност си одговара со другата, е тука веќе можат и искри да заискрат.Се раѓа некое потполно поинакво чувство кое или ќе го поквари пријателството или на него ќе се одговори со иста мерка и од тоа ќе произлезе нова љубов.
Секоја пофалба за пријателствата кои секогаш само тоа биле и останале.
Штом твојот најдобар другар има емоции за тебе, тој му е љубоморен на твојот дечко и сосема несвесно те става во позиција да избираш помеѓу нив двајцата.Колку и да се трудиш да држиш баланс за да ги задржиш и двајцата ,нема да успееш,бидејќи и двајцата чувствуваат љубов спрема тебе, се доживуваат како ривали и секогаш ќе постои незадоволна страна.
А ти треба да одбереш кој од нив ти е поважен, а на другиот да му посакаш се најубаво во животот.
Картите се во тебе, само убаво размисли пред да го направиш наредниот потег за да не дојдеш во ситуација на двојна загуба.
Аватар на корисникот
Gea

Зелено цветче
 
36171531
Мислења: 749
Зачленет: 07 Јан 2011, 01:54
Слика

Мислење 25 Јан 2012, 18:40

Незнаев каде да го сместам ова,па тука ке напишам,значи со дечко ми сме заедно веќе 3 месеци,на почетокот со неговиот најдобар другар беше се во ред и муабет,шали,и тие работи,но во последно време поточно од нова година односите помеѓу мене и него се влошија,веќе не можам да го смислам,постојано се меша кога и да зборуваме со дечко ми на телефон или пишаме пораки,демек кога бил тој со другарите бил постојано на тел со мене и вчера тие беа заедно и зборевме на тел и кога овој почна да се дере нешо од таму ајде чао не замарај ова она притисокот ми го качи и кога и да ме виде ни здр ни ништо нема понашање спрема мене и се испокаравме со дечко ради тоа,вели дека тој бил на средина и дека не е ни на моја страна ни на негова ја сум му женска а тој другар и дека остава на нас да го решиме тоа,но неможе ништо да се реши кога јас се обидов да се смиреме да се дружеме и пак не е добро и веќе незнам што да направам,само се нервирам што дечко ми несака ништо да му каже,да го смене тоа однесување,аах дајте некој совет :worried: фала однапред.
Аватар на корисникот
A.a

Фем почетничка
 
63
Мислења: 19
Зачленет: 19 Мај 2011, 00:32

Мислење 25 Јан 2012, 23:58

Види сега како што си му ти важна така и другарите му се важни. Не можеш ти да го ставаш на средина. Замисли какво ќе ти е на тебе да треба да се скараш со другарка поради него. Јас еднаш го направив тоа и никогаш повеќе! Пробај да го игнорираш неговиот другар. Однесувај се како тој да не постои за тебе и готово. Секако, нема да е лесно, но можеби така тој ќе престане да зборува. :)
Аватар на корисникот
Butterfly15

Зелено цветче
 
1100666
Мислења: 790
Зачленет: 24 Јун 2010, 18:21
Локација: In seventh heaven .. (:
Слика

Мислење 26 Јан 2012, 04:45

A.a напиша:Незнаев каде да го сместам ова,па тука ке напишам,значи со дечко ми сме заедно веќе 3 месеци,на почетокот со неговиот најдобар другар беше се во ред и муабет,шали,и тие работи,но во последно време поточно од нова година односите помеѓу мене и него се влошија,веќе не можам да го смислам,постојано се меша кога и да зборуваме со дечко ми на телефон или пишаме пораки,демек кога бил тој со другарите бил постојано на тел со мене и вчера тие беа заедно и зборевме на тел и кога овој почна да се дере нешо од таму ајде чао не замарај ова она притисокот ми го качи и кога и да ме виде ни здр ни ништо нема понашање спрема мене и се испокаравме со дечко ради тоа,вели дека тој бил на средина и дека не е ни на моја страна ни на негова ја сум му женска а тој другар и дека остава на нас да го решиме тоа,но неможе ништо да се реши кога јас се обидов да се смиреме да се дружеме и пак не е добро и веќе незнам што да направам,само се нервирам што дечко ми несака ништо да му каже,да го смене тоа однесување,аах дајте некој совет :worried: фала однапред.

мила незнам колку ни е исти проблемот ама еве ке ти го кажам мојот па можеби ке имаш нешто корисно: јас живеам со овој мојот па негов најверен другар се разведе и буквално ни стана нокна мора ( а додека беше во брак по 2 месеци не се гледавме демек немат време) значи он беше толку жеден за внимание што и додека јас и дечко ми бевме во Мк он му звонеше да го моли да се вратри демек нема друштво досадно му е-најголема уцена-брат пагам во депресија,мојот си отиде 3 дена порано и немаше време ни за скајп со мене се скара со мене само ради другар му и врв на се овој као преселен кај нас во стан спиеше кај нас (јас на скајп му звонам на дечко ми а он ми одбива и ми пише демек ке излеват немал време мојот за скајп се туширал)....јас фино лепо му напишав порака под итно да седне на скајп или идам да си земам само ствари од сло..седна и му реков: ппроблеми не решаваш со него туку со мене,спиеш со мене а не со него,разбирам он ти е другар ама јас сум ти девојка и особа со која сакаш фамилија,или за 24ч да го нема од станот или со нас-Крај! Добив одговор само после 15 мин: дојди си и нема да сум нон стоп со него....а од другар му добив порака дека сум себична,на која возвратив со: моето си го бранам-кај беше ти да се јавиш додека се ти беше под конац наредено? Не добив одговор ама добив тоа што сакам----мир во врската а не страв да не се јави натрпникот
Аватар на корисникот
Zoza

Зелено цветче
 
23544
Мислења: 756
Зачленет: 24 Фев 2011, 00:21
Локација: Ljubljana-Slovenija
Слика





Добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, само повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него !

Врати се на Љубовни проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Filiposka и 2 гости

Site Meter