Здраво девојки, и на сите фала ви многу за предобрите совети, и извинете што малце доцнев со одговоров, но сега конечно да ви опишам што се случи...
Јас таа вечер се соочив со него, му ги кажав сите овие работи,и плус сите др што ми беа на памет...
Го замолив да слуша внимателно, и тоа и го направи... но на крај, наместо моите очекувања, дека можеби после длабокиот муабет, тој конечно ќе го скокне своето огроооомно его и гордост, и ќе признае и ќе се потруди, тој, момелтално после тоа, ги изнесе сите свои гледишта во врска со се што му кажав.... се изреволтира,ми кажа како тој имал полно др обврски,дека е повозрасен од мене и плус машко и додека јас сум имала само факултет и љубов за да се секирам,тој се секирал за мн др работи,а јас сум му замерала за ништо,за работи кои што биле без причина, и на крајот уште, си рече, ти самата си ги праиш своите нервози,самата во свопјата глава си измислуваш нервози што не постојат,девојки со кои што немам ништо,и работи кои ни на крај памет не ми паднале мене,а ти ми ги носиш мислите таму.... јас сум сигурен во себеси,дека имам чиста совест,зошто јас не сум крив за твојата нервоза што сама си ја праиш..
Еве, ова го добив од него..на што одма се разочарав, и искрено, во мисливе си реков, ништо од овој..

па после нејадовме некој заеднички јазик, па се смиривме.. но си реков себеси, да се смирам, за да сменам тактика и однесување... и така и напраив...
еве до сеа, сум мн поинаква кон него, глеам дека тоа одма го забележува, и се труди повеќе за се што јас се лутам... ама... не знам мислам дека нема да издржи да се смени...можеби нема ни јас да издржам вака
