Innna напиша:ДЕвојки не знам каде веке да се обратам...ве молам за помош... ке пробам накратко да ви раскажам се од почеток... Имам дечко веќе година дена и се беше убаво... Преубав е, паметен и уште кога го видов мислам дека се заљубив...ама не сакав да му покажам си ги погазував чувствата некое време зашто не сакав уште едно лошо искуство во мојот живот,не сакав да ме повреди...Сето тоа се смени после 2 месеци кога мене ми беше роденден и тој имаше изорганизирано цело изненадување за мене...од тој момен сватив дека нешто му значам и почнав да се менувам спрема него...Ни беше преубаво...Но набрзо дојде лето и дека двајцата не сме од ск моравме да се разбегаме по дома односно јас останав ск а тој с и отиде во неговиот роден град...Комунициравме преку фејсбук, се слушавме и едвај чекавме да се видиме...Тој идеше ск кај мене, бевме и ох заедно и мислам дека тоа беше врвот кога почувствував дека максимално ме сака,не знаеше веке како да ми каже(инаку по природа тешко си ги изразува чувствата)...бев пресреќна...иако беше далеку ни за миг не се посомневав во него... Се почна кога се вративме повторно ск,живееме ептен блиску и мислам дека од тоа што се приврзавме летото почнавме повеќето време да го минуваме заедно...Но одеднаш почнаа проблеми да се јавуваат...Првиот пат се испокаравме зошто мене ми имаше еден напишано срце на фб... тоа ептен го налути и мислам дека тоа беше пресудно за тој да почне да ги менува чувствата спрема мене... после тоа јас најдов кај него в моб таква порака...ме убедеуваше дека јас сум единствената што ја сака...јас му верував ама се плашев да не го изгубам...тоа и му го кажав бидејќи по природа сум искрена личност...Наредната караница бевме лути неколку дена на крај јас попуштив бидејќи не можам без него...Сакав да се оддалечам тогаш малце од него ама од тогаш пак тој се смени тотално спрема мене, се врати оној стариот што беше...ми угодуваше на секој можен начин,правевме се што ке посакав...повторно ми кажуваше дека ме сака, цело време ме гушкаше...после нова година се разотидовме дома на недела дена...првитр денови кога ке му се јавев беше истиот ама после тоа мислам дека му беше досадно што му се јавував..кога и да му се јавев тој дома беше нз дали од тоа ама целиот беше потиштен...на Божиќ се вративме и ни беше убаво..таа вечер мислам дека ме гушкаше најсилно...бев среќна што го имам покрај себе... се тоа се измени во четвртокот... бевме дог да излеземе ама пред да излеземе јас му префрлив зошто ставал срциња во коментари кај др девојки...тој ми рече не бидува? јас му реков дека бидува ама дека тогаш истото и за мене важи и дека јас појке нема да му се лутам за ништо ама ке памтам па ке враќам... може не требаше така ама сакав да го почувствува тоа што јас го чувствував...после тоа бевме до маркет и јас на враќање му се издрав дека секогаш тој не можеше да дојде кај мене... се налутив и се вратив дома ама веднаш се покајав и му пишав порака дека ми е жал што така му се издрав и дека таа вечер сакав да ја одвои за мене бидејќи стварно ми беше потребен... Тој .дојде ама не насмеан ко секогаш туку дојде лут... му се извинив 10 пати... атој после тоа ми рече дека не може повеќе вака, дека го гушам...дека повеќе не ме сака ко порано...тоа беше шок за мене бидејќи јас премногу го сакав и не можам да си го замислам животот без него...едвај денес го убедив да прифати да му дадам некое време без мене...му реков потоа дека нема да биде исто,да не го минуваме толку време заедно и да ја исфрлиме таа монотонија од нашите животи...чувствувам дека цел свет ми се руши, дека срцево ке ми се парчоса...паѓам во искушение да му се јавам да дојде макар само оваа вечер нда биде ко оние убавите и после ке го оставам да одмори од мене ама ми е страв како ке изреагира...неможам ни да јадам ни да спијам...ве молам девојки за помош...што да направам за да ја вратам неговата љубов? Го сакам повеќе од мене самата...дали да си го послушам срцето да му се јавам и да му речам да дојде? Извинете за долгиов пост ама ептен ми е тешко нз што да направам да го исфрлам ова од мене...мислам дека ме гуши нешто во градите...
Најважното.Болдираното.Од старт грешиш.Како тоа го сакаш повеке од себе?Не бе девојче немој така.Ако сакаш да те сакаат треба најпрвин ти да се сакаш себеси.
Си се понижувала,си го молела а тој се однесува како жена во пмс

Тој го сака тоа,да го бараш и да го молиш да ти се врати епа докажи му дека не може секогаш да е така
И јас бев таква како тебе но сфатив дека никој,макар и да е последниот на свет нема да го молам зошто не треба

До некаде пак си виновна префрлувајки му за срценцата,и за коментарите на другите девојки.Може да прави што сака,тој не ти припага тебе.Што да речам за мојата нова љубов што ставал слики со негови роднини(а јас мислев девојка му е)па не му префрлав

Само си кулирам.Олади бре,олади.Остави го.Што си должна да го трпиш тоа негово однесување?Знам дека го сакаш ама не можеш вечно да го бараш ти прва и да го молиш да се врати кај тебе?Тоа е понижување а полошо од тоа нема.Сакаш да те побара?Остави на него,а не секогаш ти да бидеш иницијатор на вашите смирувања.Ако те сака ке те побара ако не чао пријатно.Не му го давај тоа задоволство и да гледа како се мачиш додека тој си го прчи
По мене мислам дека не треба да го бараш но на крај твоја е одлуката.
Ако се случи тој тебе да те побара ке се однесуваш ладно и со игнорирање кога ке те праша што е можеби тогаш ке сфати дека погрешил.