Квизот „Се или нешто“ од неодамна почна да се емитува на Сител телевизија во недела во 22.00часот. Негова водителка е Лила Филипова. Еве повеќе информации на страната на Сител: http://www.sitel.com.mk/tv/serii/se-ili-nishto?page=1 Но на телефонскиот број кој е оставен не може да се добие, а адресата за аплицирање преку интернет не е поставена. Дали го следите квизот? Кое е вашето мислење за истиот? Дали сте се обиделе да се пријавите? Дали знаете преку кои критериуми се избираат учесниците и слично? Спојлер Ако е дупла темава, канта
За мене квизов е разочарување. На големо се најавуваше дека е лиценциран и слично. Очекував квалитетен квиз, а излезе дека е обична игра на среќа. Ја следев првата епизода, а за мене и последна.
Гледав минатата недела и ми остави убав впечаток. Лила, како и секогаш одлично води и изгледа, а и жената страшно добро изигра, браво. Денес не гледав, па не знам како било.
Гледав денес, интересно е, не е лошо, меѓутоа Лила некако ми стои остарена, вештачка и воопшто не ми се допаѓа
Па искрено Лила и не ме воодушевува со водењето на квизот, ама сепак тоа е мое лично мислење. Мене ме интересира како да се пријавам и дали некој бил да ни каже искуство.
Мене многу ми е интересен квизов. Го гледав во неделата, а денес заборавив. Еве сега ми текна дека денес е недела и дека не го гледав... Читав книга де, заборавив. А за тоа како Лила го води- Немам коментар, супер стварно.
Лила и не ми е нешо баш мое мислење.Инаку квизов ти е СРЕЌА.Не ти треба знаење туку оди и погаѓај.Не е лош може човек да си проба среќа.
порао имаше линк од сител тв, таму беше објаснето се.Сега го нема, ми покажува страницата не е пронајдена. Мислам дека пријавувањето беше преку е-маил zabava@sitel.com.mk Име и Презиме: Адреса на живеење: Контакт телефон: Куса биографија и мотив за учество:
Интересен квиз, меѓутоа повеќе би рекла дека е игра на среќа отколку квиз затоа што не ти треба никакво знаење, туку само си кажуваш броеви и си отвараш кутии.
^вчера кога гледав, и кога Лила рече, ама ни банкарот незнае каде во која кутија се колку пари(сумата) уффф си мислам дали за толку глупави не сметаат
Е ајде де. Исто така има речено и дека пример нели кога ќе прифатиш понуда со одредена сума на пари после тоа само онака си кажуваш кутии, ги отвараш и банкарот ти нуди понуда, меѓутоа веќе неможеш да ја прифатиш. И Лила вика дека демек банкарот не става намерно такви големи суми за да му биде криво на играчот туку дека така ќе рекол и да продолжел . Тој намерно кажува големи суми, за да му биде криво дека се откажал и да види дека ако продолжел ќе земе многу повеќе бе ало. Не сме толку глупави. Ама тоа е што да правиш.
Играта ќе имаше целосна смисла, ако банкарот на крај обавезно мора да му понуди на играчот замена со последната кутија, или сума на пари, или својата кутија. Зошто тогаш банкарот не ќе знае играчот дали ќе земе сума, ќе задржи своја кутија или ќе направи смена на кутиите.
Си гледам секогаш, па недела навечер и нема што да се праи. А и интересно ми е шоуво. Најмомент ми е кога остануваат 2 кутии и за да биде уште поинтересно во едната да има огромна сума, а во другата сосем мала како минатава емисија пр. 3 денари и 50.000 денари али луда беше девојкава скроз. Божееее си викам што и е Убава емисија си направиме, убаво си поминаме Инаку банкарот е режијата уствари, ова според мене и сигурно знае во која кутија која сума е ставена, а Лила вика не знаел. Мапет шоу двајцата се интересни и да обично големи суми имаат Се е чиста среќа.
Колку што приметувам, играат оние што ги држат кутиите, и се менуваат. Баш таа претходната недела а и другите претходно, се знаат меѓусебно кои се што се, што значи џабе пријавување ако веќе некој се пријавува.
^Да тие што ги држат кутиите играат, ама тој што игра на пример денес не може да учествува понатаму, така да секоја недела по еден нов има, не е за џабе пријавувањето