1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посни јадења

Дискусија во 'Рецепти' започната од dowe, 9 декември 2009.

  1. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Млеко си е млеко...како може да биде посно!
    Обезмастено млеко во прав, глупости.
    Ако постите, издржете без тие посни млека, посни мајонези, посни кашкавали....се знае што е посно !
     
    На georgieva.ristova, Sonne, srcus88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399

    Срце, како излагаат поубаво, со туна или без? Утре ќе имам бебе на гости на 40 дена, па петок, посно ова она, па се одлучивме бидејќи ќе биде доручек овие ролничкиве да ги правиме :)
     
  3. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас вчера направив бурек со трошки од соја.
    Значи купувате кори, трошките ги варите 10 минути во вода со пола коцка супа колку да омекнат, потоа ги цедите и ги пржите со кромид во тавче, исто како со месото. Зачинувате, (само не претерувајте со сол и вегета, во моментот нема да ви се солени трошките, ама после тоа ќе сфатите дека сте ги пресолиле)
    И после тоа ставате на секоја кора од трошките и малку масло, и на секоја исто до крајот.
    Ставате да се печи на 250 степени прво, потоа смалете на 200.
    И превкусно е, како бурек со месо да јадеш. :rock:
     
    На zhap4e и Serafima им се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266

    Поубави се со туна. И на крај вкусот им е сосем подруг, отколку без неа.
    Верувај мила дека многу ќе ви се допаднат :) .
    И не мора да се топлат пред да се служат, тестото им е толку меко и сочно, па и да стојат цел ден непокриени со фолија, остануваат исти и не се сушат.
     
  5. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    И уште едно прашање... На пример, дали доколку би ги оставиле се напраени, во замрзнувач, и сабајле да ги печеме, би било ок, или подобро веднаш да ги испечеме и така да стојат... :)
     
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Уште подобро е така, кога имате време за печење. :)
    Ова тесто е слично како лиснатото. Може да се замрзне направено и само да се пече кога што е потребно.
     
    На Viiiiip му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    Посни ванилици

    2 филџанчиња вода
    4 филџанчиња масло- се ставаат заедно во тенџере да зовријат.Потоа се додава 1 прашак за пециво да запени и веднаш се тргнува од оган.Се додава и ванилин шекер и брашно ,се меша а потоа се меси.Брашно се става од прилика,во зависност од тоа колкави биле филџаните со кои сте мереле.Треба да се добие меко тесто.Се зема од тестото топче колку орев ,се сплеснува со раце,во средина се става малку мармалад и се собира од сите страни за да се затвори.Ванилиците се редат во ненамастено тавче и се печат само колку да заруменат.Кога се печени се вакаат во шекер во прав.
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Еве рецепт за многу едноставен, а вкусен ролат што се прави од две смеси:

    *Кафен дел
    -2 филџани шеќер
    - 2 филџани вода
    - 1 лажичка какао
    - 1/2 маргарин
    Се заедно се вари, и се додава 500 грама мелени бисквити
    Смесата се меси и се сука кора

    *Бел дел
    - 1/2 маргарин и
    - 100 грама шеќер во прав се меша со миксер за се соедини и се додава
    - 200 грама кокос
    Белиот дел исто така се сука како кора и се става врз кафениот слој
    На крај се витка во ролат и се сече

    [​IMG]
     
    На Bright и tessie им се допаѓа ова.
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Ролат со локум
    ½ локум; ½ шекер во прав но може и повеке.
    се меси и се сука кора , а врз кората се става крем или малку какао и се мота ролат.
     
  10. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Девојчиња, сакам да споделам еден рецепт за посна алва, мноогу ја сакам и сега често ја правам за време на постиве.
    Чоколадна алва
    10 лаж. шеќер се пржат да се вцрви како за чај, па се додава 180мл вода. Се додава 700гр шеќер и 4 шољи зејтин(помалецки ставам за да не биде мн тужна), 1 до 2 чоколади за готвење( може и 3 :D ). Сево ова треба убаво да зоврие и да се исхомогенизира. Се трга од оган и додава 25 лаж брашно, 2 паж какао и 100гр сецкани ореви (може и повеќе, ке биде побогата, може и суво грозје лешници...). Се меша убаво и става во тавче бр 30, претходно подмачкано со зејтин.

    Наздравје!!!! :)
     
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Посни кокос кифлички

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    250 грама Шеќер
    1 кесичка/ки Прашак за печиво
    30 милилитри Масло
    1 Кора од лимон
    50 грама Кокосово брашно
    200 милилитри Вода
    500 грама Брашно

    Време за подготовка: 20 мин.
    Време за готвење: 40 мин.

    ПОДГОТОВКА:
    Од сите состојки замесете тесто, со тоа што вода ќе додадете онолку колку што ќе ви биде потребно за да добиете хомогено тесто.Кинете парчиња тесто, правете топчиња, па од нив кифлички.Редете ги на плех, кој сте го обложиле со алуминиумска фолија.Печете на 180 степени, околу 20-ина минути.Кога кифлите ќе заруменат извадете ги.Додека се топли потопете ги во сируп зовриен на рингла од 200 мл. вода и 250 гр. шеќер.Потоа кифличките валкајте ги во кокос и послужете.
    [​IMG]

    Посни соленки

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    3 Шекер лажичка/ки
    малку Сусам
    2 лажица/ци Сол
    15 лажица/ци Масло
    1 мала лажица ким
    1 Квасец
    500 милилитри Вода
    1 килограм/и Брашно
    малку Афион

    Време за подготовка: 15 мин.
    Време за готвење: 30 мин

    ПОДГОТОВКА:
    Квасецот со малку шеќер, брашно и вода се остава да стаса на стандарден начин.Брашното (околу 1 кг.) ставете го во длабок сад и направете влдабнување па додадете ги квасецот, маслото, солта, шеќер и водата.Замесете средно тврдо тесто.Убаво измесете го и оставете да стасува.Откако тестото ќе го удвои волуменот премесете го и расукајте тенка кора.Од тестото земајте и правете долгнавести форми.Намачкајте ги со малку масло и посипете со сусам, афион или ким.
    [​IMG]

    Топчиња од јаболка

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    500 грама Шеќер
    малку Цимет
    200 грама Портокал
    50 грама Кокосово брашно
    200 милилитри Вода
    50 грама Бадеми
    1000 грама Јаболки

    Време за подготовка: 30 мин.
    Време за готвење: 30 мин.

    ПОДГОТОВКА:
    Шеќерот ставете го во сад и варете го додека сирупот не почне да се згуснува.Излупените и исчистени јаболка додадете ги во сирупот, промешајте, исцедете сок од портокалот и додадете ја неговата претходно иструганата кора.Непрекинато мешајте, сè додека масата не се згусне.Тогаш тргнете од огнот и вмешајте ги исецканите бадеми.Правете топчиња, па секое извалкајте го во кокосовото брашно измешано со цимет.Ставајте ги на кујнска хартија, а кога ќе се оладат веднаш послужете.
    [​IMG]


    Посни гевречиња

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    1 Шекер лажичка/ки
    малку Сол
    200 милилитри Масло
    1 Квасец
    500 милилитри Вода
    500 грама Брашно

    Време за подготовка: 20 мин.
    Време за готвење: 30 мин.

    ПОДГОТОВКА:
    Откако квасецот ќе стаса со другите состојки се замесува средно меко тесто.
    Се кинат парчиња и се прават гевречиња.
    Секое геврече се става во топла вода, па во сусам, се остава да стаса и потоа се пече.
    [​IMG]
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Го читав составот на бисквитите и пишуваше дека содржеле билна маст? Посни се ? :wasntme:
    Маст од билка , а билката растение ( освен што е администратор на форумов :D ) така што посни се или грешка сум ?

    Не знам каде да го поставам прашањево, овде најсоодветно ми е некако :)
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ах бре луѓе, постот подразбира користење само продукти од растително потекло не и од животинско. Нејасно ми е зошто толку зејтинот се отфрла?!
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    ХМ..зејтинот или маслото делува збунувчки и мрсно..арно ама е посен..но не и за Велигден,како што рибата е посна а за време на велигденските пости се јаде само на цветници..тоа е разликата.а и поентата на постот е да се јадат попрости е едноставни работи а не да се најде адекватна замена за сирење кашкавал,месо млеко и сл..барем јас така сметам..позз
     
  15. Dragannah

    Dragannah Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сега се овие Велигденски пости,а мене ме фати крза за нешто вкусно и благо си направив посни колачиња,за околку 15 мин. Прелесни се значи!
    Чокопопс:
    - 250 гр. шеќер
    - 1 маргарин
    - 1 чоколада за готвење
    - 4 лажици мед
    --> Се заедно да проврие и да се олади,а потоа смесата се става во сад во кој има 250гр чоко попс(оние чоколадни топчиња,како корнфлекс ги викаат :D ) и 100гр сусам
    Колачите потоа се прават во калап за лимон и така се оформуваат.
    Превкусни се :)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Тие шишарки се викаат преубави се ги обожавам и јас. :)
     
    На Dragannah му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Девојки имам дома буковки печурки како да ги направам, некој рецепт или само да ги испржам?
     
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Посни крофни

    Потребно: 1,5 кг брашно, 200 гр. шеќер, рендана кора од портокал или лимон, 2 коцки квасец, 3 пак. ванила шеќер, 150 мл. масло, околку 700 мл. топла вода (може и повеќе, во зависност од брашното, дали прима повеќе), масло за пржење, посно чоколадо за глазура, шеќер во прав за посипување.
    Подготовка: Се меси тестото, но особено важно е тоа што, маслото не се става веднаш на почеток, туку полека на околу 3 пати во самото месење. Тоа е финатата за внатре крофните да немаат шуплини. Откако убаво и глатко се измеси, се остава да одмори и нарасне.
    Со оклагија се развлекува кора со дебелина од околу еден прст и се вадат крофните (со чаша или со калап), па се пржат во врело масло. Откако се испржат, се посипуваат со шеќер во прав и им се става стопено чоколадо за декорација.

    Сликичка :) .
     

    Прикачени фајлови:

    • 0001.jpg
      0001.jpg
      Големина на фајлот:
      37,5 KB
      Прегледи:
      773
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497

    А да ги потпечеш во рерна на фолија? Многу се вкусни така :).
     
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Од почеток се извинувам за мерите, но како што правев така и пишувам :$ .
    Со мерите на мајка, што би рекле :D .

    Полнети тиквиња

    Потребно: 2 поголеми тиквиња ( но не преголеми), 3 раце соја (претходно попарена во врела вода и истискана од вишокот на водата), 1 рака ориз, 1 лаж. вегета, црн пипер, сол по вкус, 1 главица пржен кромид, 1 домат (рендан), 1 лаж. црвен пипер, половина филџан масло, 4 лаж. домашен ѓувеч, лута пиперка, 2 домати, 2 филџ. вода (по 1 за во секое тикве, но да биде солена), 4 лаж. бело вино, масло.
    Подготовка: Тиквињата се лупат и со лажица им се вади средишниот дел (семките). Се посолуваат внатре и надвор и се полнат со филот.
    Филот се состои од: сојата, оризот, кромидот, ѓувечот, ренданот домат, сол, вегета, црвен пипер, црн пипер, маслото. Се заедно се меша и се полнат тиквичките. ПНа секое тикве им се става по еден филџан вода и се затвораат со половика домат. Другиот домат се сече на тркалца, а исто и пиперката и се ставаат од страна во тавата.
    Од страна, се додава водата, маслото, повторно уште една лаж. црвен пипер и се покрива со фолија. Се пече во рерна на 200 степени околу 50 минути, без да се вади фолијата. Потоа секое тикве се полева со по 2 лаж. бело вино (за да не се кршат и да не разлеат од високата температура), се вади фолијата и се остава уште 40 минути за горе да поруменат.

    Сликичка :)
     

    Прикачени фајлови: