1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отстранување на бемки од тело

Дискусија во 'Тело' започната од blue.rose, 23 април 2010.

  1. bellissima2

    bellissima2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    јас бев кај еден доктор кај железничка станица во Скопје и ми ги отсрани со некоја маст ме мачкаше по нив и за 1 недела самите паднаа само требаше неколку пати на ден да се мачкам со бетадине. Ве разбирам како ви е и јас многу си ги мразев бенките посебно зошто имав и на лицето. За цена зависи колкава е бемката отприлика 500 ден за една земаше. Сега имам мали неприметни лузни т.е побела ми е кожата на тоа место ама само по телото што ги имав а на лицето ништо не ми се приметува. Ама поарно лузна отколку бемка многу ги мразев значи и се срамев од нив :worried: . Ова беше пред 4-5 години сега дури и заборавив дека сум ги имала некогаш :)
     
  2. 2505

    2505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    и јас имам проблеми со бенки ми излегуваат цело време на лице и тело,и пудра не помага да ги сокријам. бев на кожен доктор и ми кажа дека тоа е наследно (што си нема врска) и секогаш да користам креми со заштитен фактор кога ќе излезам надвор. тоа ништо не ми помогна и бев на друг кожен доктор, му кажав дека бенки ми излегуваат цело време и веднаш ме праша за крвната слика и дали имам недостиг на железо во крв. му кажав дека од мала имам недостиг на железо во крв и дека сум анемична. ми одговори дека тоа е заради недостиг на железо во крв, редовно да си ја проверувам крвната слика,ми даде едни витамини да пијам и да ги горам бенките со антипигментна крема. ми помогна многу, некои бенки ги снема а нови не се појавуваат...
     
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Како нема врска?! Има, и тоа голема! Доколку еден од родителите или некој во поблиската фамилија е склон кон бенки, ништо чудно и ти да имаш.
     
  4. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    Јас сакам да си отстранам бенка на лицетоо!! :) :) :) :)
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Има бемки што ако се отстранат,може да дојде до смрт... Пазете кај кого одите,зошто има несовесни доктори кои ќе ве пратат да ја отстраните,а всушност може да дојде до рак од тоа отстранување...
    Знам личност што почина од тоа,некој доктор рекол да се исече,а всушност не требало,и по некое време почина,многу жално...

    За докторот на Железничка и јас сум слушнала,дека со маста ги отстранувал,безопасно...

    Инаку и јас имам бемка,на сред лев образ,мала е и ја сакам. :D
     
  6. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Имам бенки по целото тело,тоа сум го наследила од мајка ми.Имав на лицето од тие што се како кожички и бев во Штип во здравниот дом ми ги гореа со течен азот.Од тогаш на тоа место ми се немат појавено но ми излегуваат да други места.Исто така имам на половината од десната страна,ми беше мало а сега гледам дека доста се зголемило,па не знам дали тука да одам на лекар или пак да си одам во Штип па да ми кажат што како и зошто нагло толку многу ми е порасната таа бенка.
     
  7. 2505

    2505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    да знам дека е наследно,а кај мене не е. јас бев во штип кај доктор мите николов.. Sanji4ka21 кажи ми кога ти ги гореа бенките со азот ти остана некој белег или некаква флека?
     
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Јас имам бенка под устата точно на средина :D Иста е како пирс и 150 луѓе на ден ме прашват дали сум се испирсала. Не е мн голема ама не е ни мн мала. Како шо си растев јас така си растеше и та. Не ми смета мене бенката баш си ја сакам ама ми сметат влакненцата на неа :@ незнам шо да му прам а ми е страв да превземам нешто со креми ова-она да не е штетно. Не се игра играчки со бенки... :/ Некој совет?
     
  9. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    2505 ти пратив лп
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Имам една на грбот која последниве неколку месеци мене ми се виде бајаги порасната (а кога подобро ќе размислам, можеби и не е така). :^)
    Ја имам уште од 5то одд, така некако, не ми пречи, ама ете, ми се уврте дека расте, дека станала огромна, и ми удри хипохондријата во глава...
    Бев на државна и во целата гужва се согласи една мадам професорка да ме погледне... значи работава - ми направи услуга, она си била професорка на факултет и иако е докторка на клиника, не загледува сечии бемки... :^)

    Оф леле Боже! |(

    И ја ѕирна 2 секунди, тоа беше "прегледов" според неа и почна да вреска - извади си ја, не ти треба.
    Си закажав јас сликање утредента, ме ѕирна среќа друга докторка и рече не си ја чепкај, не си прави проблеми, ништо не е страшно.
    Менува форма и релјеф, ама не е опасна.
    Ја сликнав дури и навистина излезе така.

    Совет - побарајте си и второ и трето и десето мислење во оваа држава!
    И не вадете нешто од ваков тип доколку немате потреба.
     
    На cooper му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Бенка не е исто што и брадавица, луѓе!
    Брадавиците се кожни, не се опасни, но скраја да е, бенките може живот да чинат! Бенки се оние црни израстоци и при најмала промена мора да се оди на консултација со дерматолог. Баба ми имаше бенка на рамото, не беше некоја голема, но таа си имаше лоша навика- си ја чепкаше додека не почнеше да и крвави, па да и текне што прави. Не морам да раскажувам низ што се помина жената, доволно ќе биде да кажам дека поради тоа таа веќе не е жива.

    А брадавиците, како што реков, ништо опасно. Имав на десната града, од раѓање, бело брадавиче, кое растеше како што растев јас, но сепак беше малечко. Кога влегов во пубертет и кога почнаа градите да ми растат, се стврдна, си поцрна и си падна само :) Без болки, без ништо, едноставно кога го соблекував беби-долот кој го носев си ја најдов падната :D

    Има и едни, ги викаат ‘младалашки брадавици‘, мене ми се појавија во седмо одделение на левиот очен капак, не беа испакнати, но беа боја поинаква од кожата на тоа место (некако накај жолтеникави). Дерматологот ми кажа да не им правам ништо, сами ќе си поминат, а една жена, пријателка на мајка ми, ми рече да ги мачкам со првата плунка од сабајле, бидејќи таа ги содржела потребните киселини кои ги ‘гореле‘ тие брадавици. 2-3 пати го сторив тоа. Во втора средно целосно ми исчезнаа. Можат да се јават на било кое место на телото.

    А и сега имам една испакната брадавица на горниот дел од десното стапало, не ми пречи. Ми се јави пред 2 години. Не е опасна, како кожно израсточе е. Се намачкав со 80% салицилна киселина и малку ја подизгоре, сега е тврда, но треба да ја мачкам повеќе пати за да си падне.

    Значи, пак ќе речам, од бенка до брадавица има голема, многу голема разлика.
     
  12. ms.ivana

    ms.ivana Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    јас го имам истиот проблем .. Имам бенка веднаш под устата. ми беше мала, но со текот на времето порасна а пред една недела имав мозолче до бенката и така како мозолчето ми се ширеше бенката ми пукна. И кажав на мајка ми и таа ми кажа само со лосион да го исчистам и сега немам проблеми. а многу сакам да го тргнам .. одамна ми е планирано вадење на таа бенка :)
     
  13. O.Mally

    O.Mally Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    11
    Според мене бенките се најсексипилната работа :) Не знам зошто но многу ме привлекуваат луѓето со бенки :) Не се глупирајте убави сте со бенките :)
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.419
    Пол:
    Женски
    Отстранување на младежи (бемки) по телото и лецето

    Уф, јас се спремам за еден таков зафат, хируршки секако, ќе ми треба голема храброст бидејќи се плашам ужасно. Инаку сестра ми извади една од лицето и воопшто не и се познава, деновиве одам и јас па ќе ви пишам како поминав ;)
     
  15. Addrianna

    Addrianna Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    15
    Отстранување на младежи (бемки) по телото и лецето

    jas imam na liceto dve bemki ama mali ..sakam da gi nemam. dali mozhe so nekoja krema da se otstranat?
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.419
    Пол:
    Женски
    Отстранување на младежи (бемки) по лицето и телото

    Не верувам дека постои крема против бемки, или за отстранување, колку и да се мали тие имаат длабок корен не можеш ни да замислиш колку. Доколку не ти сметаат остави ги, или најдобро посети дерматолог кој ќе ти каже што да правиш, јас не ти советувам да ги тргнеш ако се мали, мојот случај е страшен, среќа што не е на лицето туку на клучната коска, но сепак ми смета и имам ризик да ја повредам сама, подобро да ја извадам.
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.419
    Пол:
    Женски
    Морам да ви напишам како помина мојата интервенција за вадење на бемките, ветив некому ми се чини. Ја извадив едната бемка која што ми беше на рамото и поприлично беше големка, имам рез од 3 см, но како поминува времето ми ги извадија и конците и се помалку се познава. Не е воопшто страшно, сите кои се двоумат а имаат реални причини нека се охрабрат од мојов пример, целата интервенција праеше само 15 минути, најболно беше ставањето на анестезијата, отприлика како убод од комарец, ама буквално, никогаш не сум ги сакала овие споредби, но е те имало вистина. Навистина, не беше воопшто страшно, беше лесно и безболно, па јас повеќе мака си видов од мојот страв да не и направам нешто на раната отколку од самата фактичка ситуација. Докторката беше срце, внимателно ми ја среди раната и се надевам на минимален белег, за секоја сигурност ќе набавам Контратубекс за лузни и готовоооо... Ај аирлија помина и ова, сега ми остана уште една бемка за која некако и страв ме фаќа, на незгодно место е, ептен незгодно, ама ќе се окуражам и правец на Хирургија :D
     
  18. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Nikakvi hirurski intervencii. Ima eden lekar samo gi macka so nesto i gi snemuva se susat. Ako sakate ke vi dadam broj
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.419
    Пол:
    Женски
    Мене тоа ми беше сомнително и пред се нереално, не може нешто што претставува некаков вид на тумор, кој постои можност да се развие во малиген да се отстрани со премачкување. Секој со својот проблем, но сметам дека далеку посериозно од што мислиме, треба малку поозбилно да ги сфатиме, на крајот на краиштата кожата е нашиот најизложен орган на телото, ако не го негуваме и ако не се грижиме соодветно за него ќе ни наплати неколкуструко. Многу се двоумев читајќи најразлични ставови и искуства, но сфатив само едно, дека поголем е ризикот ако ја оставам и подоцна несакајќи ја повредам отколку ако ја извадам како што беше и ете ме сега, чекам резултати од патологија што ќе кажат, дали да идам на детални испитувања. И на крајот на краиштата не е важно само да излезе површински, бемките, односно невусите, имаат корени понекогаш и дваипол пати подлабок од надворешниот дел, што со тоа, зарем ако падне ќе ви остане дупче, нејќете да знаете моето колкав корен имаше, дупло поголем од што самиот беше, не ми е сфатливо, но кој како сака ;)
     
  20. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    Се согласувам со дидиси. Многу ама многу по опасно е хирушка интервенција .
    Тој доктор само ја нарежнува бенката и и' става една капка од некоја течност. Имаше напад врз него. Сакаа да му го земат занаетот :) но џабе. Му беа украле се, ама ништо не било запраено бидејќи тој на лице место си го правел рецептот. :)
    Од сигурни извори знам дека после тоа многу чеша бенката, но ако издржиш ќе отпадне самата без никакви компликации.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.