Oваа госпожава Тања што беше предходната емисија најдигната, најпрофригана демек, а ништо не направи. 300 ден. само зема. Многу ме нервираше. Демек се знае она, се предвидува. Гледам колку.
^Се знам лично со тетка Тања кога ќе и кажам што збориш за неа ќе те истепа Шала. Тања си е таква. Ретко кој ја трпи Добро е што не зема многу пари, ќе се фалеше цело време
Сноу Квин, да не не изненадиш сега, следнава емисија да не те гледаме во натпреварувачките што отвараат кутии.
камо среќа,одма ќе ви се пофалев-ќе ви кажев....ама уште ништо сигурно ли е ова пријавувањето по маил, некако чудно ми е да не е преку мобилен
Го следам квизот. Па вака не мое мислење тука е така односно ( ) тие знаат кога ти е годишница, роденден, роденден на блиските роднини и таму ги стваат или најскапите или најевтините суми сте го забележале ли тоа?
го гледам квизот,баш ми е интересен.. али за зената што зема 300денари,лелееее што да кажам кутрата.. штета на ваков квис да земес под 5000денари...али ете срејка повеке за другите..
Ејјј баш ми беше криво за Тања... Без посебна причина, чисто ради сите досегашни доагања и ангажман додека да ја изберат, а како тргна во првата тура на сини кутии, си реков нејзина ноќ е, ама тоа е тоа. Ивона незнам што се занесе, ѕвезда на вечерта мислеше е.
Интересно е за гледање доколку стоат тиа поголемите суми . П.С. има и ваква игра, сигурно сте ја играле Спојлер http://www.gazo.com/game/deal-or-no-deal
Во квизов најмногу ме нервираат луѓето што стојат позади кутиите. Една баба од дома си донела некое украсче и овој и вика ај број 9 пример, и она ова украсче да ти донесе среќа Или кога се филмаат некои, на рекламата го гледам оној човекот кутијата ја ставил на глава Неверојатно се иритирачки, со здрав мозок се прават будали на телевизија. Па отвори ја кутијата и не треси зелени Толку од мене....
Потполно се сложувам со тебе. Цело време се глупираат. Сакаат да се направат поинтересни ама устварии со тоа покажуваат колку се да не речам глупи и прости.
1 - Како никој од играчиве нема среќа бе да земе малку повеќе пари? 2 - Сум го гледала квизов на други канали од странство, ама нашиов крш е. Лила (која онака ми е добра како водителка) многу префорсирана, крената е некако. Се мора да парадира, кажува глупави шеги, мора да е центар пажња.... Многу битно за еден квиз е самиот водител.
Факт е дека секогаш плукаме по нашево, ама како да речам дека е добар квизов кога во споредба со хрватскиот е нула. Само со него можам да го споредам (немам гледано друг) и не можам да речам дека водителката е супер, или дека општо е интересен за гледање. Лила не знам како стигна до овде стварно. Вештачка е. Не треба само да кажеш нешто, треба и да знаеш тоа да го кажеш. Заради неа не можам да го гледам. И мислам дека треба под итно да се исфрли она: Кажи дали понудата важи. А, и уште една замерка Јас мислам дека треба во 2 или 3 навечер да се дава квизов. Тогаш се сите будни и ударен термин е. Нека го рекламираат за во 2, а нека го дадат во 3. Прекрасно.
За вчерашниот играч ако му е, што загуби, идеше на тоа дека 30илјади му се доста панкарот му нуди 38,а тој ги одбива...епа со алчност тоа ти е. Наш ненаситен народ.