1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состави

Дискусија во 'Образование' започната од Blabla16, 7 септември 2011.

  1. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    еве ти нешто за Марта , се надевам ке ти послужи ;)

    Нашиот живот е миговна игра, игра во која ние сме показателите на патот. Но какви и да сме, не мораме никому и со ништо да покажуваме кои сме. Тие сме што сме, совршен израз на единството на животот. Талкајќи по среќата, се сопнуваме на места навидум лесни за помин, а всушност тешки за совладување. Вистинскиот приказ на животот можеме да го видиме токму во овој роман. Роман кој е огледало во кое секој од нас се гледа, се препознава.
    Марта. Која е таа Марта? Израз на детско срце со премногу болка во својата душа, премногу мечти и тага за такво девојче со анѓелско лице. Срце во кое за секој има место, срце на кое не му е потребно ништо друго, освен татковска љубов за да биде цело.
    Таа е девојче во кое има надеж, девојче кое знае што е добро а што не, но девојче кое од преголема желба се заплеткува во стапицата од животот. Како брод кој е среде морската шир, изгубен во целата таа еднолична глетка, така и Марта ќе го изгуби својот правец, ќе ја изгуби насоката по која треба да се движи.
    Изгубена во своите чувства не ќе може да сфати што прави и дали е тоа она вистинското. Испреплетена во пајаковата мрежа на животот, таа се бара себеси и својот живот во животот на другите. Можеби овој роман е дел од програмата по македонски јазик за седмо одделение, но ниту малку не е роман кој покажува несериозност, лежерност...
    Напротив, тоа е роман кој има своја длабочина, онаа која е осудена да ги чека своите нуркачи, оние кои ќе го пронајдат најскапоцениот бисер, меѓу купот школки.
     
    На The Drifter, Iva Ilievska, ChrisBrown и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. HappilyLoved

    HappilyLoved Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    Итно ми треба состав за
    1. Печалбари и
    2. Печалбари и Парите се отепувачка заедно, требало да има за печалбарството и тешката судбина на печалбарите и да се даваат примери од двете дела.

    Благодарам однапред :D :D
     
  3. Keti4e

    Keti4e Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ве молам во рок од 30 мин ми треба состав за книгата ве молам
    а поточко книката-мојот најдобар другар
     
  4. mrslipgloss

    mrslipgloss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Девојки ве молам помош!! утре имам писмена по македонски..темата ми е за час кога училницата ми стана мачилница..многу глупава и детска тема но тоа е..не ми текнува воведен дел..нешто да ми кажете кратко но да биде убаво а не некако детски..се надевам дека ме свативте и дека ке ми помогнете! ве молам, ве молам, ве молам!!
     
  5. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Ми треба состав за КРСТОПАТ ОД МОЈОТ ЖИВОТ...Кој има напишано нека ми даде мала содржина колку да знам од каде да почнам!! :geek:
     
  6. GirlMaCa

    GirlMaCa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    47
    Здраво..Итно е многу,за утре ми треба состав на тема Дали е се како во сказните..Ве молам помогнетеми да напишам состав :hai:
     
  7. anja455

    anja455 Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    девојки, ми требат пет, шест реченици за Училиште, односно неговото значење. Знам дека е многу малку и лесно, но, еве немам никаква инспирација. ве молам помогнете ... :| :(
     
  8. Lady-Love

    Lady-Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    Иднината е светлината кон која одиме низ животот,а факелот со кој ја осветлуваме е во нас,во нашето знаење,образование.За да може секое дете да се изгради во успешен човек потребно му е учењето од родителите,постарите,но пред се од наставниците во улилиштето.Учењето не е мачење-ако си го олесниш.Одењето на училиште не е само добивање на нови знаења,туку стекнување и на нови пријателства.Најдобрите другари остануваат за цел живот а потекнуваат од училишните клупи.Знаењето ја пали искрата на образованието,а таа искра треба да ти служи за целиот живот.
    се надевам дека помогнав..........
     
    На Iva Ilievska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Maja4545

    Maja4545 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Вака сега..:D Ми треба под итно состав за "Љубовта на мојот живот" нешто што го посакуваш...нешто за понатаму во животот.. не да биди љубов кон спротивниот пол..:D Фала однапред.. :D :)
     
  10. ChrisBrown

    ChrisBrown Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Здраво :) Ми треба состав на тема "Светот е убаво место за живеење" па ако имате некој состав или ако ве бидува за пишување ве молам пишете :)
     
  11. ChrisBrown

    ChrisBrown Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2

    Печалбари е најпознато драмско дело на македонскиот писател Антон Панов , напишано меѓу двете светски војни, а прикажано во 1936 год.
    Печалбарството било специфично за нашето поднебје и нашиот народ, бидејќи опстанокот можел да се обезбди само со трговија и лихваство што било привилегија само на поединци, но не и на мнозинството. Константин има невообичаена одбојност кон тој „адет“ да замине на печалба. Поучен од примерот на татко му и на многу други што ги оставиле коските во туѓина и се плаши да тргне по нивните стапки. Ќе се брани и бори против тоа се до оној момент кога Симка ќе му соопшти дека очекува дете. Тогаш станува свесен дека мора да замине на печалба поради опстанокот на детето и за да може да го врати долгот. Константин е прикажан како бунтовник што се противи на печалбарството и на традицијата жената да се купува и да биде роб. Тој ја сака својата сопруга, а ги мрази чорбаџиите, и лихварите и оние кои ја ползуваат немоќта на другите.
    Селскиот чорбаџија и лихвар Јордан, смислата на животот ја гледаво парите и без родителски чувства, полакомен за пари буквално ја продава ќерка си.
    Преку мајката на Константин можеме да ја видиме македонската жена од тоа време. Таа има мошне развиено родителско чувство и чувство за правичност и достоинство. Дадениот збор за неа е толку значаен колку и љубовта на синот. Упорно го поттикнува својот единец да замине на печалба, но нејзините побуди се сосема спротивни од тие на Јордан.
    Оваа дрма многу придонела за афирмација на македонскиот јазик и претставува можност од театарска сцена да се слушне за маките и страдањата на македонскиот народ. нешто вакво ?
     
    На The Drifter и Iva Ilievska им се допаѓа ова.
  12. netclient

    netclient Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво...треба да пишувам есеј од областа етика на било која тема ама ми треба на малку повисок стил, ми треба материјал не мора да е готов јас ќе си го напишам.

    Исто ми треба состав на тема „моето живеење ми овозможува остварување на сите соништа“.
    Ве молам за помош.
     
  13. DulceChiquita

    DulceChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Здраво :D Ако може некој барем вовед да ми даде на тема Поезијата на Кочо Рацин :D
     
  14. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Се надевам ќе ти помогне за воведот. ;)
    http://makedonija.rastko.net/delo/12472
     
    На DulceChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DulceChiquita

    DulceChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Фала многу :D Ми помогна.. :D
     
  16. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    140
    Девојки итно ми треба било што за значењето на:
    1.Кирил и Методиј
    2. Црноризец Храбар
    3. Климент Охридски
    што и да најдете или ставете го тука или во ЛП
    Благодарам однапред :)
     
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    ^^
    Ќе ги постирам овде, во случај и на некој друг да му се најдат. Пиши ми ако ти помогнат ;)

    О писменех/ Црноризец Храбар

    Трошка амбиција и поддршка за целта, биле доволни за да се случи пресврт во повеќе полиња. Во областа на комуникацијата помеѓу луѓето, во литературата и образованието почнала драстично да се подобрува ситуацијата. Сето тоа благодарејќи на Св. Кирил и Методиј со нивната толерантност, издржливост и пред се‘ широкоградноста за да му помогнат на својот народ да не остане неписмен и да се покори на другите.
    Реализацијата како што и знаеме била повеќе од успешна со тоа што почетокот бил тежок односно раѓањето на глаголицата. Од човек на човек, од генерација на генерација како пајакова мрежа се раширило нивното учење. Завршил периодот на неуките Словени и нивната преродба штотуку започнала. И покрај мачниот пат кој требало да го изодат творците на Словенската писменост, нивната упорност и силна желба ги водела кон успехот. Серија прогонства, протерувања, завршување за решетки не им претставувала никаква закана. Мудроста и интелегенцијата заземала голем удел во целата нивна работа согледувајќи го тоа во делото О писменех.
    Богатиот речник, ораторска способност, одбраната на својот народ и вршење атак на противниците биле
    главните искористени оржуја кој го занемеле грчкиот народ од страна на Црноризец Хранар, анонимен автор.
    Без спознание за своето потекло си како турист без компас. Загубен луташ по тлото на земјата незнаејќи каде да се насочиш. Да, грчкиот народ немал мапа ниту изгравирано име и период на создавачот на нивната азбука и нелогичниот заклучок дека грчката азбука има помалку букви отколку што се. Краткотрајното време што му било потребно на Кирил за да ја создаде азбуката.. сето ова Црноризец Храбар, го интерпретира во делото ‘О писменех‘, најверојатно со тоа што сакал да го пренесе позитивниот углед кој го имале Светите Браќа и индиректно да ја пренесе нивната посветеност кон народот.

    Еве уште еден текст за О писменех или Црноризец Храбар

    Како дете кое ги прави првите чекори, така примитивното писмо било основа на која понатаму се планирало да се гради Словенската литература. Неумеењето на да се искажат во целост со примитивното писмо, во едно и нивното славо познавање на грчкиот и латинскиот јазик довело до точка на колуминацијата. Жарчето надеж им го разгореле Солунските Браќа Кирил и Методиј создавајќи ја глаголицата како темел на Словенската литература. Додаток на целиот историски пресврт на Словенскиот народ и нивното прифаќање на христијанството и покрстувањето. Конечно сонцето ги просветли и нив, благодарејќи на Светите Браќа.
    Тие го скршиле мразот односно почетокот бил тежок, и многу ретко кој ќе се нафател да почне да го крои.. понатаму коцките сами си се ределе. Кога веќе Светите Браќа во најкраток рок ја создале азбуката, започнале со ширење на Словенската литература и биле добро прифатени од народот, правдата била на нивна страна.
    Одбарана од страна на Црноризец храбар била поткрепена со факти, а всушност фактите ги создадоа Светите Браќа. Образложувањето за потребата за постоењето на словенското писмо, се образложува во делото ‘О писмених‘. Ораторската вештина и снаодливоста даваат значаен резултат, а воедно и воошување во вистина за тоа дека грчото писмо има ист број на букви како и словенското, грчкиот народ не го знае своето потекло односно создавачите на нивното писмо и долгиот период кон им требал за да го создадат писмото. Додека Солунските просветители биле целосна спротивност од нив.

    Похвала за Кирил Филозоф(ова е дело од Климент Охридски)

    Кирил - татко на нашата писменост, круна на Словенската литература. Неговата истрајност и трпеливост водат единствено кон успехот што го достигнал. Долгиот мрак што ги зафатил Словенскиот народ, конечно го огреално сонцето. Нашето потекло, традиција и култура не прави да бидеме горди на тоа што сме, без да поднаведнувам глава кога би се претставувале. Ние сме горди на тоа што сме, благодарение на нашиот татко Кирил.
    Благодарноста му ја искажува и неговиот ученик Климент во делото Похвала за Кирил Филозоф каде што го компарира со невозможното, со недостижното. Односно навистина премалку се зборови за да се искаже неговото значење во однос на Словенското писмо на кое следствено се градела литература, а со тоа и лицето на еден народ кон не останал сиромашен во оваа област. Препреките низ кои минал биле ништожни наспрема неговата волја за да го доведе до целта.
    Малку ќе бидат сите епитети да ги наредиме за да ја искажеме неговата значајност за нас, потомците на Словенскиот народ. Затоа и до ден денес се слави неговото име и дело, затоа денес нема учебник од каде не се учи нивната дејност, во ницна чест прославуваме празник, во негова чест подигаме споменици, а сепак е малку.. во однос на неговата широкоградност и творештво.

    И девојки ако ви треба некој состав на некоја општа тема(не за лектири и дела), пишете ми во пораки затоа што темава не ја посетувам често плус вас ви треба ‘од денес за утре‘, пишете ќе се снајдеме, ќе напишеме нешто.
     
    На pink4ever, L-enna, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Еве еден мој состав за О Писменех

    Да се зборува за словенската средновековна литература значи да се зборува за Црноризец Храбар. Псевдонимот на овој анонимен писател- Црноризец Храбар значи калуѓер храбар. За него се знае дека е автор на делото О писменех- За буквите. За него нема многу податоци, освен што се претпоставува дека живеел во десетиот век и дека зад овој псевдоним се крие името на Наум Охридски.
    О писменах е тракт со јасен и жив стил, со тема, појава и постоење на словенската писменост. Идејата му е одбраната на словенската писменост од нападите на тријазичниците кои ја негирале и сакале да ја уништат. Црноризец Храбар храбро ја докажува оправданоста на нејзината појава и постоење. О писменах е напишан во вид на теоретска статија. Композициски е составена од два дела: историски и полемички дел. Во првиот дел, со историско-јазичен карактер се проследени развојните фази на појавата на првата словенска азбука. Во првата фаза ни е претставен периодот кога Словените биле пагани, многубошци и се користеле со рецки и црти бидејки немале своја азбука. Втората фаза од развитокот на словенската писменост се совпаѓа со времето на нивното прекрстување и откажувањето од многубоштвото, односно нивното примање на христијанската вера. Третата фаза од писменоста се совпаѓа со мисионерската дејност на Кирил и Методиј кои за да можат да го шират христијанството во Моравија било неопходно да создадат оригинална словенска азбука. Црноризец Храбар тука го фали филозофот Константин- Кирил кој на Словените им приготвил азбука, глаголица со 38 букви од кои 24 биле по образец на грчката азбука, а 14 нови кои сам ги измислил според гласовниот систем на словенскиот јазик. Во вториот дел од О писменах, Црноризец Храбар полемизира со прашања и одговори, со тези и доминантни антитези со тријазичниците. На сите нивни аргументи им наоѓал против аргументи. Тој со своето знаење докажал дека е многу образован Словен со голема ораторска дарба.
    Во завршниот дел на трактот истакната е големата љубов на словенските писатели кон творците на словенската писменост браќата Кирил и Методиј и општествено значење на нивното дело и нивната прогресивна идеја дека секој народ треба да има свое писмо и култура. Секој народ има право на своја самобитност.

    И еве уште нешто за Похвалата
    Похвалата е најпоетичната творба во старословенската литература., а воедно и една од најважните творби на Св. Климент Охридски. Словото претставува химна во која се искажува топлата љубов и благодарност кон учителот. Идејата е пофалбата на Кирил и повикот да се слави неговото име и дело. Композициски текстот е составен од четири дела.
    Во првиот дел Св. Климент Охридски го слави Св. Кирил како татко и учител на Словените и искажува голема благодарност за просветлувањето на словенскиот народ со тоа што им дава писмо и азбука која ги описменува. Во похвалата се прикажува како Кирил уште како млад човек не ужива во животот и го напушта целото свое семејство. Иако многупати бил прогонуван, тој сепак успеал да остане верен на Господ и Верата постојано го водела нанапред. Во натамошниот текст на Словото, со видлива возбуда на авторот, се набројуваат делата на Св. Кирил: борбаѕта со иконоборците, христијанските мисии меѓу Сарацените, Хазарите и Словените. Вториот дел на Похвалата е вид пофална песна – ода за Св. Кирил. Во словото Кирил е претставен како исклучително необична и силна личност, неговите способности и особини ги надминуваат можностите на обичниот човек. Похвалното слово е напишано со изразито возвишен и патетичен стил, но лесно разбирлив со сложени епитети и многу стилски фигури создавајќи така еден многу поетичен текст. Климент Охридски употребува лирско обраќање и лирско повторување , што е карактеристичен беелг на возвишениот патетичен стил, Климент на тој начин го изразува неговиот голем восхит. Честа е употребата на компарацијата при споредбите на Кирил со возвишените нешта - хиперболична компарација, а за засилување на Кириловите постигања употребува реторски прашања, контрасти, метафори, симболи и анафора.
     
    На L-enna, blueeparadise и Lady-Love им се допаѓа ова.
  19. Lady-Love

    Lady-Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    девојкии и мене ми требаше состав за климет кирил и методиј и о писменех.. па во благодарам многу за помошта :D
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Девојки, ви благодарам многу на текстовиве, зашто и онака сме од ист клас со tropix4e и во понеделник правиме писмена македонски, но сега неможам да ги најдам целосните теми зашто не беа вака.. Јас секако утре ќе се потрудам да најдам нешто, и ќе ги искористам и вашиве текстови да склопам нешто за четворче, по можност петка. :) Ма, ако добијам петка ве частам сите. :rofl: