1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полномошно

Дискусија во 'Правни совети' започната од Snow-Queen, 25 јуни 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Денеска со дечко ми паднавме на муабет,ако замине 6 месеци надвор од државава колата да сум си ја зимала кога ќе ми треба.
    Но он ме убедува дека не треба ништо од документација, а пак јас упорна сум дека треба гарант на нотар да ми даде полномошно,за утре недај боже ако ме запре полиција да се види дека не сум ја украла колата.
    Не дека ќе ја возам,ама ко за бењаќе ми затреба за нешто.

    Некое искуство, да ми кажете постапка што и како треба?
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Уште едно додатно прашање...на едно полномошно може за повеќе дејности да се наведе,или мора за секое посебно?
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    На нотар ќе си отидете двајцата, со пасоши, лични карти и ќе ви состават полномошно, би требало да е како заверка на документ, до 250 ден., а ако сакаш да го управуваш туѓото моторно возило во странство, тогаш ти треба дозвола од АМСМ
    Не знам на какви повеќе дејности мислиш, тоа е тоа, управување на возилото, па ти како сакаш управувај го :lol:
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    За полномошно треба само лични карти да однесете кај нотар и некои 300ден мислам дека се плаќа.
    Полномошно ти е потребно во секој случај, не само за дали си ја украла, туку ако те застане полиција мора или тој кој ја поседува колата да е со тебе или да имаш документ дека можеш да ја возиш(вадевме пред некој ден, затоа).
    А полномошно мислам дека треба за се посебно, нема логика да е на едно за повеќе работи, зошто секое полномошно ти е на различно место потребно(освен ако не е за иста работа или за во иста институција)

    п.с. имаш поздрав од Ханиоти. :P
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^па едното би било за сметка во банка а другото за кола.
    Како и да е ќе видиме, ќе се договориме со дечко ми, ќе отидеме ќе си прашаме.Ама сепак си велам чекај да си прашам да си знаеме одприлика.


    п.с. meU пренеси до Ханиоти и ти еден поздрав,нека пуштаат слики да гледаме 8)
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    За во банка и слично ти треба друго полномошо, т.е. посебно од она кое ќе биде за колата.
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Па тоа се веќе различни работи, јас мислев дека дејностите се поврзани со колата.
    За сметка во банка имаш процедури кои ќе ти ги кажат во банката кај што има сметка и таму се дава тоа полномоштво.
     
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Мора да имаш полномошно за колата но не ти треба нотар, отидете директно во АМСМ.
    Еве ти за потребни документи:
    http://www.amsm.com.mk/Uslugi/Mdokumenti/polnomosno.htm

    Или пак ако имаш нешто да прашаш, јави се во АМСМ на 15 555 или 3181-181.

    Ова со банкава што го дискутирате нема апсолутно никаква врска со полномошното за кола.
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу, јас ова се ќе му пренесам....фала уште еднаш иначе ќе лутавме што и како треба
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Не, тоа е за дозвола за управување на туѓо моторно возило надвор од границите на РМ, и не и треба.
    А тоа за сметката во банка е за друго полномошно за кое дискутираме ;)
     
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    ^^
    Никаде не пишува дека полномошново е за надвор од границите на РМ, убаво си пишува: Дозвола за управување туѓо моторно возило. Тоа е тоа што и треба. Да не си се помешала нешто со меѓународна дозвола?
    Како и да е, најдобро нека си се јави и праша, ете ги броевите.
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Е сега тек ме збунивте, meU вели дека пред некој ден вадела само полномошно, а од друга страна пак ова со дозволава од АМСМ :?:
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Да , минатата недела вадев полномошно , кое со лични карти од поседувачот на возилото и од луѓето кои ќе го возат , го заверивме на нотар и плативме 300ден.
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Јас кога требаше да си земам уверението од факултет небев во можност да отидам и мораше да нашишам полномошно нели јас таа и таа го ополномоштувам тој и тој да го подигне моето уверение бидејни не сум во можност поради оправдани причини да го сторам тоа ( нели не сега буквално вака напишано, но нешто во тој контекст само добро составено ) и мислам дека ми бараа лична карта и 150 денари како што се сеќавам.

    Во полномошното мора да се наведе за која цел е наменето и поради кои причини.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Не, туку ти постираше линк без притоа да го отвориш документот кој е прикачен, односно барањето за издавање дозвола за управување туѓо моторно возило.
    Прочитај го барањето и ќе видиш долу лево пишува- за управување надвор од границите на РМ.
    1. Вакво барање поднесува правно лице кога сака да овласти вработен да управува моторно возило надвор од РМ.
    2. Кога правно лице овластува вработен или друго физичко лице за управување на туѓо моторно возило, доволно е да направи полномошно на свој меморандум со печат од фирмата, и не му треба нотарска заверка.
    3. Кога физичко лице сака да овласти друго физичко лице да управува со туѓо моторно возило, полномошното го заверува на нотар.
    Се надевам дека сега е појасно.
     
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Snow-Queen, ако ја возиш колата само во РМ, доволно е полномошно заверено на нотар. Ако мислиш да излегуваш со колата на дечко ти надвор од границите на РМ, ќе ти треба овластување за туѓо моторно возило за надвор од РМ, она што го издава АМСМ. Исто ќе ти треба меѓународна возачка дозвола, зелен картон, патничко осигурување.

    Ако во меѓувреме истекува регистрацијата на колата на дечко ти, во секој случај обавезно ти треба нотарско полномошно каде меѓу другото мора да биде наведено дека те овластува да ја регистрираш колата. Инаку, нема шанса да поминеш за печат на шалтерите на МВР, во било која станица за технички преглед. На технички може да ја однесе било кој, не мора сопственикот, но на шалтерот на МВР за заверка на сообраќајната може да биде само сопственикот, или ополномоштено лице, со нотарско полномошно каде меѓу другото те овластува за регистрација на возилото.

    А за банка и други документи не сум упатена, сигурно ќе најдеш повеќе информации :)
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^фала ви многу, утре ќе му пренесам на дечко ми....неделава ќе го завршиме тоа.
    не планирам да ја возам надвор,само за тука ми треба...а за регистрација он веќе ќе биде вратен
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Сноу за управување на возилото во државата ти треба само полномошно заверено на нотар. Истото ќе те чини 150 денари, доколку станува збор за заверка на потпис(ти да си го составиш полномошното а нотарот само да ти завери потпис, мада има нотари кој и ќе ти го состават за 150 денари) или 450 денари за полномошно во форма на нотарски акт (ова полномошно си го составува нотарот).
    За управување на возилото надвор од државата мора да извадиш дозвола од АМСМ.

    За во банка ти треба посебно полномошно(не дека не може на едно), ама во банка ќе ти го земат полномошното и затоа подобро да си направиш две, едно за возилото, друго за во банка.
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^до сега по пракса имам напишано 101 полномошно(те генерално,те специјално....те вакво те такво)....еее богами не му давам 400денари.... сама ќе си го направам :D
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Ти можеш сама да си го направиш ама за да ти го завери нотар ќе ти земе пари