Случајно ми текна за приспивни песни, па решив да отворам тема. Еве некои песни од мене. Верувам дека бебчињата ќе уживаат. http://www.youtube.com/watch?v=vn-NyrVdXaY http://www.youtube.com/watch?v=jr03j37a ... re=related http://www.youtube.com/watch?feature=en ... jeBg85JPrI
Со оваа на Фишер прајз мојата ќерка заспива пред истекот на втората минута Инаку песните кои јас и ги пеам се момент на инспирација,дури некогаш пеејќи разговарам со син ми
1. Нани ми нани детенце, надвор пее петленце пее кукурика, тебе ми те вика рачиња да измиеш, лицето да истриеш па да бидеш чисто како вчера исто (тоа нани ми нани оригинално е стани ми стани, ама јас го пеев нани) 2. Јас сум деца Црвенкапче ме знете нели имам капче црвено и чевлички бели одам често во шумата кај мојата баба волкот страшен не ме плаши со два остри заба. 3. Фатив едно зајаче, малечко и диво има кусо опавче и кожувче сиво морковче му давам јас со мојата рака тоа знај не се плаши и зелка ми сака. мелодија сама смисли си Можеш да научиш и некои песнички од детските фестивали на пр. оваа од "Супер ѕвезда" и` беше омилена на ќерка ми, извини не можам линк да најдам, ама еве го текстот Кога заспивам слатко, сонот од некаде иде знам најубава сказна ноќва ќе биде на ѕвездено перниче пловам кога во сонот си тонам јас сум мала принцеза додека сонам. Сонуваме, сонуваме, со ѕвездите танцуваме сонуваме, сонуваме, во бајките патуваме. Еве може и оваа песничка како приспивна да се пее само поспоро малку http://www.youtube.com/watch?v=fd4KiWRsHog и секако незаменливата Во светот на бајките http://www.youtube.com/watch?v=jrfiwOVAwGI
Мене ми текнаа едни. Само баш незнам колку се приспивни. Имам маче шарено, шарено ем галено. Прва му е зима, а долг мустак има. Фаќа глувци, поганци, па им вели ајдуци. Кого в подрум фатам, опаш ќе му скратам. Видов едни петлиња, петлиња со чешлиња, црни, бели, секакви, и со гаќи некакви. Еднаш две-три петлиња, гаќи што си имаа, на мегдан се бореа- гаќи им се скинаа. Затоа и денеска секој слуша често, и за нив да се говори: „Петле Гаќуресто!“ Ајде, ајде детенце, летни како петленце, скокни како еленче, достасај до веленце, на веленце бато седи, играчките ти ги реди. Тропа, троп.. Тропа, троп.. До два лава, еден топ, едно коњче, едно слонче, две куклиња, воз и ѕвонче.. Оп, оп.. Уште малку, стаса стоп! Тркалак - долголак! Јас сум возот голем јас! Трака - трак! Трака - трак! Јурам смело и низ мрак! Трака - трек! Трака - трек! Не ме плашат, дожд и снег! Трака Трака - трук! - трук! Како мене, нема друг.
јас не ви пишам песните...здосадени ми се,туку нека ми кажи некој како да го научам сам да заспива неможам поќе дум дум дење ноќе
Ние песни не пееме пред спиење , малата знае некогаш да запее некоја тажна пред спиење ама ретко Стефи јас вака правам секој ден денски кога ја успивам а исто и навечер кога гледам дека е уморна ја носам во соба во креветчето ја легнувам , си пие млекцето и јас ја оставам си излегувам од соба и си заспива . Секогаш ми успева
Meне моите ме заспиваа со оваа, во некој микс во побавна верзија. http://www.youtube.com/watch?v=J7SwfLSg_9Y Уште да се викав Тина и ептен ќе ми беше погодена.
леле истото го проаѓам уште, само порано пеев, сега читам и лежиме потоа со саати.. инаку скоро 5 години има...
јас на мието сега за сега му пеам само нани мами нани нани, нани нуни нани и тоа го повторувам 30 мин. навечер додека цица и си заспие
Дај боже да ја имаш таа среќа. Ние како растеме така ни се зголемува репертоарот. Уште некој ден и ќе ги научиме сите можни песнички.