1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета со супа од зелка

Дискусија во 'Диети' започната од Tanja03, 15 јули 2010.

  1. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Најнапред да се извинам што отварам нова тема ама барав по форумов и неможев да најдам па затоа си земав за слобода да отворам нова :) . Оваа диета ја држам речиси две години и тоа секое лето (значи само летен период), навистина се слабее, ама после диетата мора МНОГУ значи МНОГУ да се внимава на исхрната. И покрај тоа што тоа го знам :worried: еве пак почнав од вчера со оваа диета ја направив супата и денес ми е втор ден значи на супа и зеленчук сум цел ден. Ја држам летно време најмногу поради лубениците вчера цел ден јадев лубеница и супа и не почувствував воопшто глад, а денес до сега сум само на 2 краставици и 3 кафиња без шеќер :|. Навистина не е здраво ама и килажава па не се трпи. Среќа што е многу топло па не ми се јаде иначе тешка е за држење посебно супата која не е многу вкусна. Едвај ја јадам :D
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Не знам каква е оваа диета, ама имам читано дека организмот за да ја преработи зелката троши повеќе калории отколку што има во зелката :D Така да : ЈАДЕТЕ ЗЕЛЧИЊА :D
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Добра е оваа диета, мислам доста ефикасна, супата со зелка се трпи првите 3-4 дена, а после станува се поодвратна и поодвратна за јадење. :puke: Ама доброто е што има и друго за јадење покрај тоа, и како што рече Ирена - зелката е еден од оние продукти кои имаат негативни калории, иако потешко се вари и создава гасови. :?:
     
  4. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    :D Фала Иренче за информацијата ...........еве јас тоа не го знаев :D Значи затоа јас цел ден :sweat: :sweat: се препотувам. :rofl: Поздрав!
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Јас колку што имам слушнато и ова е еден вид медицинска диета. Им ја давале на срцевите болни пред операција да ослабнат доволно за да може да ги оперираат и не смее да се држи подолго отколку што е пропишано. И не смее да се држи повеќе од два пати годишно. Многу се слабее од оваа диета, ама мислам дека тоа не е добро. Макар што за оние кои сакаат брзи ефекти добра е. Ама да не се вратат после килограмите?!
    Јас еднаш намислив да ја држам. Ама варена зелка органски не можам да поднесам, ја јадам само како салата (ова се однесува на свежа зелка).
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Добро е штом не можеш да ја поднесеш, затоа што не е ни здраво да се јаде варена зелка. Значи свежа зелка како салата е препорачливо да се јаде колку можеш повеќе, ама варена зелка никако не е добра за желудникот.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    ^^Искрено, не знам дали е здраво или не, ама еве на пример, не конкретно за супата, туку и обично вариво со зелка не можам да го јадам. Дури мирисот ме одбива додека се вари :puke: А за салата, се давам во салата од свежа зелка :)
     
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Станува збор за диетата со супа од зелка во која се додава целер?
    Ако е таа диетата, сум слушнала дека најважна намирница е целерот и на него се должи симнувањето на кг.
    Една пријателка со вишок 30тина кг после породувањето ја држеше и знам дека имаше добри ефекти.
    Јас се канев неколку пати да ја почнам, ама никако да дојде до тој момент :D
     
  9. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Да таа е ............мене ми е денес четврти ден, не е вкусна супата воопшто, ама решив и сега терам. Знам дека има ефект ја држев два пати до сега, ама маката е после откако ќе се заврши диетата, е тогаш мора многу да се внимава на храната.
     
  10. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Една комшика ја држеше диетава и задоволна, а и се гледаа резултати. Ама зелка варена :puke: нема шанси. А за свежа шо ме бараш :P
     
  11. shy

    shy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Оваа диета ја држевме заедно со мајка ми. Издржавме некако една недела!!!!
    Тоа супата од зелка се трпи до 4-5 ден, ама секој нареден ден ми беше се погадна.
    А дека диетата дава резултати, дава.Мене на пример, по една доза (по една недела) ме собираше во пантолони кои веќе планирав да ги фрлам пошто одамна не ме собираа. Добра е ако сакаш брзо да ослабнеш, ама како и сите останати диети ако после не пазиш килограмите брзо ќе си ги вратиш (а може и со камата).
     
  12. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Да така е, е и ова сакав да го пишам Чај од магдонос исто така помага за слабеење. И тоа ми е испробано, има ефект. Само многу е :puke: па и како мириса одвратно.........., ама ете помага и тоа.
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    аууууууу, мајка ми го пие овој ко добро утро со години веќе, па нема ефекти :^) она ради потекување од сол го пие за тоа и помага, пошо отекува, ама за слабеење не :(
     
  14. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.888
    А како го спремате со сушен магданос или може и свеж?
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    свеж :D
     
  16. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Значи вака, било кој чај да се пие за слабеење ако не се внимава на храната џабе е се. Јас чај од магдонос пиев еден период некаде околу месец дена и навистина ми помогна, сега па зависи и од организмот, значи не е секој орагнизам ист. Мојот е таков што можам за брзо време да ослабнам многу ама исто и за брзо време да качам многу дури и премногу. Мене ми помогна така што внимавав на храната не јадев после 18 часот, благото го намалив, лебот исто така а чајот го пиев отсабајле на гладно и навечер. Многу тера во веце, ама па помага. Исто и кај Инхуа чајот пишува на самото пакување дека покрај чајот треба да се внимава на исхраната, што значи да не се јаде после 18 или 20 часот, не знам сега како пишуваше точно, само тоа се сеќавам дека МОРА да се внимава на храната.
     
  17. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Е сега јас за да не купувам чај за слабеење затоа еден месец го пиев чајот од магдонос, само јас го правев со сушен магдонос. А инаку има и други чаеви за слабеење пр. КИРКОЛИНА ЧАЈ, СЛИМ-МИКС, ФИТО СЛИМ, Slim and Fit на Виталија.........
     
  18. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.888
    А има ли разлика дали чајот е од сушен маданос или свеж?Оти јас имам пробано со сушен беше ептен гаден,не би можела да го пијам таков а со свеж се пие некако.
     
  19. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека не би требало да има разлика, сепак е од магдонос дали сушен или свеж мислам дека не е толку битно, сум го пиела и со свеж магдонос, мислам дека и така има ефект. Пробај .............само пак ќе ти кажам мораш и на храната да внимаваш. Поздрав!
     
  20. emanuelce

    emanuelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    За чаевите не знам, ама за диетава немам зборови....просто одвратна е супата, нема никаков вкус бидејќи се прави, нели, без сол и зачини. Пробав еднаш да ја држам, ама уште приот ден се откажав, не дека не бев доволно упорна туку дека беше премногу грозна зелката...би ја издржала сигурно само со другите намирници ама со оглед на тоа што МОРА да се јади и супата ми пропадна диетата :lol: Одлучив да не се замарам со строги диети, туку да одбегнувам леб и благо(што многу тешко ми паѓа :( ) и редовно трчање, па ке има резултати кога - тогаш. Не треба да го оптоваруваме организмот со строги диети зашто не ни се исплаќа да си го уништиме здравјето, верувајте. Затоа спортувајте си и јадете помалку, но не се оптоварувате со 7 дена-8 кг, или "Од утре сум на строга диета", верувајте не вреди да си ги скратиме сите задоволства, внатрешната убавина е побитна од надворешната. поззз