Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Врвот на пијанството

    Последен пат беше пред 1 година.Со другарките секој викенд незнаевме кај сме сега баш ме и срам од тоа ама што да правам интересно ни беше. Се сеќавам еднаш отидовме во кафиќ бевме пијани веќ и таму пиевме шејкери плус и една по друга сме си излегле од кафиќот секоја на своја страна а сметката останала неплатена,утредента не беше срам да отидеме да платиме но се одлучивме и сите заедно отидовме келнерите кога не видоа рекоа не пак и се смеат сите.Потоа не отидовме долг период ама помина.Исто така еден вечер се напивме и од што незнаев кај сум, сум заспала на скалите во гарнизон малку подалеку од кафиќот и еден дедо ме разбуди ми кажа дека е ладно на бетонот да се спие.Има уште мнооооогу :D :D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Врвот на пијанството

    јас и моето друштво секогаш имаме навика пред да одиме фкафич
    да си купиме алкохол во некој парк и така да се разположиме
    но некогаш навистина знаеме и да претераме -.-
    најголемата глупост што сум ја направила

    се имам измочано на тераса во кафич на третиот спрат не работеше ама имаше тек-тук луѓе што си пушеа
    а јас сигурна дека никој не ме гледа и реков на другарката да ме крие а таја бетер од мене -.-

    го имам шетано кучето во 3 на полноќ
    имам вртено околу шакта и на цел глас се дерев запри дожду б-јќи врнеше се додека еден комшија не ми свика
    и имам учено географија -.-

    а една моја другарка замислете го галеше таксисто леле кое смеење беше тоа :/
     
    На kikav, anngelique, KittyT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Врвот на пијанството

    :emo: :fubar:
     
    На kikav и MissDior им се допаѓа ова.
  4. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    едно ли било па да го памтам :lol:
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Да си кажам алкохол не сакам,можеби вино само и тоа ако има добра подлога...
    Ама ми се случило еднаш,на времето кога бев студент,имав цимерка од Кавадарци.Нели они познати по тоа . :) На една посета на најзините родители донесоа 2 шишиња вино,а вечерта да наздравиме за нашиот мизерен студентски живот,си почнавме,нормално со слаба подлога,...и што да кажам...дознаме и тоа што едната не знаела за другата.. :D ама утрото се разбудивме ,таа покрај кантата за ѓубре ,јас со главата на садоперот.
     
    На Nigredo Odor, Elichka, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Моето незаборавно пијанство беше пред еден месец...бев на летување во Охрид, како и секогаш кај другарка ми во станот. Излеговме до центар но ни студеше и немаше ништо интересно :| потоа една другарка даде идеа да купиме онака алхохол ( бевме 5 девојки ) И купивме само едно шише вино и кока кола...и пијаме ама сите онака сериозни и една другарка вика јас ќе одам до продавница малце ( во 02 часот барала тобако ) и најде тобако и донесе 5 ред були :D потоа најдовме и ракија :D комбинацијава беше врв... И откако се испијавме пеевме толку гласно што имавме опомени од соседите. И да, си легнавме со фустанчето, штикли, со шминка(како што бевме излезени)...и сите во дневната -.- потоа др. ден многу не болеше главата, многу...се напив 2 кафетини -.-
     
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ох можам книга да напишам од безбројните пијанства што ги имам
    последно фрлав со срчени пифски шишина од трети на први (во кафич)и си се кикотев за секое успешно фрлаље
    среќа што не му ја расцветав на некого главата па ми се качи обезбедувањето..
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Беше лани на крај на лето. Тројца испивме два литри бело вино и шишенце швепс. Може вака малку се чини, ама мене ми беше доста за да се надрвам :D А таа вечер супер си поминав, најдобро од цело лето, и се сеќавам на се, ако бев дрво пијана :lol: :lol:
     
  9. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    6.424
    Пол:
    Женски
    Обично не ги памтам пијанствата, ама еве ќе ви раскажам едно што го памтам. Знаши 2ра вечер матура ја си славам у кафанче со моите и си викам мене не ме фаќа од ништо и се силам се силам и не знам колку испив, па дури земав да пеам со музиката ахахахах и после тоа малце ми беше и ај со другаркиве кај ке идеме у кафана ( а предходно никогаш во животот немав во кафана отидено на излегување) и одиме во кафаната јас со пликоата у ташна пиеме, ја частам све живо у кафаната.. :lol: Ај и таму ни беше малце кај ке одиме после, генерацијата кај што ни се собирала ( 3та кафана вечерта) и си влагаме таму со сладолед у рака ( срамота) :$ :lol: и уште пиеме ко ненаситни. Другаркава ми вика ај до надвор да излеземе а ја пуста 100 пати го утнав патот, место по скали надвор јас во ве-це влегов :$ . И ај на крај другаркава вика ке си одам јас ја испраќам се и си влегувам пак и го гледам најдобриот другар го гушкам коа оп после 3 секунди се освестувам дека всушност се мувам со него :$ и згора на тоа одам со него и го тегнам накај ве-це не знам зашто ( којзнае што си помислил у моментот, сигурно си рекол кај ме носи будалава) и за да биде по иронично јас по грешка во кујната им влегов ахахахахаха :D. И си викам ај прибери се мори и си излегов надвор и не влегов веќе, бруки. :rofl: :rofl:
     
  10. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    не сум многу по пијањево но... :/
    пред околу 1 месец беше...дечко ми положи за возачка и се собравме мало друштво (4ца) ии нормално да си чести...шери бренди...
    мх мх...се беше супер...ама не и после 4-5 чашки... нз како си дојдов до дома...
    кога ќе помислам на тоа сеуште ми се лоши...
    повторно алхохол...можеби некоја чаша за нова година :$
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  11. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    се случи ова лето. бевме на одмор во струга. вечерта земавме вотка и спрајт и пиевме.....пиевме од 12 до 5 сабајле
    и сеа како си зборувавме нешто, мене ми текна за 1то куче што го имав и ми падна жал бидејки умре....и земав да плакам како будала на терасата каде што пиевме :D и како ги заредив сите кучиња што сум ги имала до сега им ги кажав имињата и како умреле....лелелееее ги изредив сите кучиња ц ц цц ц ц :rofl: абе плачење,липање.
    после 2-3 минути плачење земав и да се смеам :lol: плачам и се смеам ко ментална :clap:
    па ме пратија мене [како ''најтрезна''] да одам да ги мијам чашите и тањирите ц ц ц со кој ум ме пратиле незнам :lol: а и како ми текнале сите имиња на кучињата поима немам :)
     
    На macka5, mili4ka123 и Sara123 им се допаѓа ова.
  12. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    од тогаш воткА неможам ни да помирисам, камо ли да се напијам :lol:
     
  13. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Се имам испијането неколку пати (на прсти се бројат).. ама на сите сум праела екцеси триста.
    п.с. за сите овие има сведоци, јас апсолутно не знам дека се дешавало ова :^)
    едно од најјаките ми беше во кафич, пуштена песната Extra, Extra од Слаткар и ја сум отишла кај DJ-от и сум му фрлала пари врз него да ми ја пушти Липе Цвату :x :x :x :tmi: :tmi: :tmi:

    ....друго пијанство, се послав на сред кафич :D

    и третото за пиво фест, не знам како што ама знам дека утредента се разбудив во машка маица и тоа со AC/DC и кога прашав од каде сум се нашла во таа маица ми рекоја дека сум запознала некое дете и сум му ја барала маицата да ми ја дај оти ако не ке сум шетала гола низ цел Прилеп оти мојата била потурена со пиво :^) ...и кутричкиот се соблекол и ми ја дал, се надевам ке го сретнам пак за да му ја вратам :D
     
    На iloveyou29, richgirl998 и Sara123 им се допаѓа ова.
  14. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    se imam nekolku pati ispijaneto ama posledniot pat bese mnogu tesko mislam deka vo edna vecer flertuvav so koj ke stignam ednostavno site mi bea ubavi heheheheh,padnav na ulica makedonija bidejki nosev 15 cm stikli i nemozev da stojam odma stanav kako da ne bilo nisto pri paganje si go zaginav klucot od doma i koga se vrativ doma morav da zvonam vo 4 sabajle zs nemav kluc site me razbraa deka sum bila kamennnn i drugiot den morav da praam kopija sramovi zivi cccccccccccccccc
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    моето незаборавно пијанство беше кај една моја другарка на роденден а бидејќи дечко ми дојде покасно јас од што бев пијана кога се доближи да ме баци му реков извини но имам дечко и сите се изнасмеаа и од тогаш пиам во нормални количини
     
  16. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Ова лето собрани кај мене со уште 2 другарки и пиеме џин-швепс. Тие првата чаша јас третата.
    Уште не излезени в кафич јас камен пијана. Тогаш слободно можам да кажам дека сум била најпијана до сеа во животов (а не дека имам многу искуство со пиење).
    Бевме што бевме в кафич и мене тој период од 23-01 ми е црна точка значи буквално ништо не се сеќавам. На излегување од таму сум сакала да се завртам незнам ни јас што сум сакала да направам а и нема кој точно да ми кажи зошто сите три бевме пијани и му паднав на обезбедувањето пред нозе. Едвај сум станала од таму незнам ни сама како се довлечкав од такси и наместо дома кај еден другар на гости заминав сама. Му звонам кај си дома ИДАМ.
    Кога ме виде му побеле косата, си легнав кај него преспав 1 саат, станав, повратив на тераса 2 пати, уште една партија спиење и ме испрати дома...
    Другиот ден кога излегов на кафе немаше некој што ме знае, а што не ме праша што ми било вечерта, што сум пијала, како сум паднала бла бла бла....

    Јебеш пијанство ако после 3 дена не ти е срам да излезиш од дома :rofl: :rofl: :rofl:
     
  17. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    ete taka toa ti se vika verna devojka i vo pijana sostojba bravo :D decko ti treba da se gordee so takva devojka
     
  18. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Верувале или не и јас имам незаборавно пијанство и тоа точно на пет години.На првата братучетка сме правиле армас,и некој дошол и донел шери чоколадца цела кутија.А јас па луда по чоколада без никој да ме види сум отишла у спална и сите чоколада сум ѓи изела.Па сум отишла во дневна и пред сите гости сум почнала да пеам песни од Цеца.Ама не да сум пеела одвај ме смириле.Потоа сум почнала да плачам зошто дода се вери и јас сакам да се верам и на крај сум ѓи скршила сите чаши што виле измиени во кујна.А моите се чуделе одеднаш што сум станала така чудна,а од ракијата во чоколадчето било.Сабајлето кога сите гости си отишле дотка ми кога влегла во спална ја видела кутијата и целофаните од чоколадата.И кога им кажала на мама умреле од смеа.
     
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Заради моето пијанство завршив во болница! :lol:

    Значи ова лето (2012) другарка ми имаше роденден и правеше кај нејзе дома огромна журка. Јас почнав да мешам те водка те мартини, текила се што имаше. Дечко ми видел не видел ми рекол престани, а ја сум викав не убаво е! :$ И после тоа кога заврши забавата отидов кај дечко ми дома (таму го имав најдобриот секс (се разбира со дечко ми :D )! Барем на нешто се сеќавам :!: :$ :D ). На сред секс кога го исповратив дечко ми :puke: незнаеше како се вика!! До 7 сабајлето на секој 5 минути повраќав! И на крај ми се слоши и колабирав и во болница! :rock: :( :$ Eте тоа е моето не заборавно пијанство!
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Леле, леле, лелееееее, леле!
    :tmi:

    Другарка слави матурска. Се беше океј додека си пиев бунарче. Откако го испивме, ми рекоа да направам ново, и јас нормално, направив. :D Ставив бело вино, швепс што имаше многу малку останато и кисела вода. Моментот1 кој е кобен е што киселата вода всушност била узо, и направив бунар со бело вино, пола шише пелистерка узо и малку сокче. :tmi:

    Шта речи људи, шта?

    Моментот2 е што сами си го испивме со другарка ми, без да сетиме дека има узо внатре. Малку ми мирисаше чудно, ама мислев дека е до мене. Се изнаигравме, изнарипавме... Јас цело време викав дека сум срам и брука, стипендисттттттт, со просек, не ми личи вака да се понашам и паѓавме од смеа. Им напишав по 2-3 порачиња на другарки што полагаа наредниот ден, се изгушкав со еден тип кој ми беше школски (му реков дека чим него го гушкам, го допрев дното), и врв на се, дечките што беа таму го собрале тепихот од дневната за ние да се не испотепаме додека рипаме и го потпрале во претсобјето.

    Одам во претсобјето, гледам тепих замотан и потпран на ѕидот и си викам - Бог да чува па, свашта по светов, матурска чекаат, тепихот не си го собрале, тука го оставиле свиткан. :rofl: :rofl: На крај, немаше уште ни 2, ме качија во такси (а живееме толку блиску, исто како да викнеш такси да те носи од Соборна до Буњаковец), ме прашаа дали си ја знам адресата (ХАУ ЈЕС НОУ им реков 8) ) и си стасав дома. Им пишав само добро сум, лежам и си ја бришам шминката, не можам да заспијам иначе. :rofl:


    п.с. Малку не ми се учи и спамирам по темиве. :rofl:
     
    На Elena69221, M.a.r.i.l.y.n, feminium и 5 други им се допаѓа ова.