Околу 1 процент од луѓето ширум светот се асексуалци – луѓе кои не чувствуваат никаква сексуална привлечност кон друга личност, тврдат научниците. Врвни академици сметаат дека поради „сексуализацијата“ на современата култура, на некои луѓе им се „исклучиле“ сексуалните емоции и тие немаат никаква сексуална потреба и жед. Истражувањата потврдуваат дека 1 процент од светската популација е асексуална, што во превод значи околу 70 милиони луѓе ширум светот не сакаат да имаат секс. Експертите сметаат дека ваквите луѓе секогаш постоеле во извесен број, но сега почнуваат да ја изразуваат својата ориентација, откако општествата станаа полиберални и премногу сексуализирани, па тие не сакаат да бидат дел од таквата култура. Професор Ентони Богаерт од универзитетот Брок во Канада, ја дефинира асексуалноста како комплетен недостаток на сексуална привлечност. Тој смета дека постојат 2 форми на асексуалци: луѓе кои имаат некакво ниво на сексуален нагон, но не го насочуваат нагонот кон други лица поради што само мастурбираат и луѓе кои не чувствуваат никаков нагон. Во 2004 година тој ги анализирал одговорите на 18.000 луѓе од Велика Британија од едно истражување од 1994 во врска со сексуалната ориентација и дошол до констатација дека 1 % од луѓето се согласиле со изјавата „никогаш не сум почувствувал сексуално привлечен од друга личност“. Според истражувањето од магазинот „New Scientist“ некои асексуалци може да имаат многу мал сексуален нагон, а други имаат нормални сексуални потреби, но едноставно не ги привлекуваат други луѓе. Некои од нив сѐ уште сакаат да формираат блиски и долготрајни емоционални врски со другите луѓе, па дури и да имаат деца по пат на ин-витро оплодување, со цел да го избегнат сексуалниот однос. Асексуалноста се смета за четвртата сексуална ориентација после хетеросексуализмот, хомосексуализмот и бисексуализмот.
Не разбрав од експретиве дали има некоја посебна причина за тоа .. љубовни разочарувања па се одлучиле на тоа или пак воопшто не се впуштиле во љубовни врски .
Јас колку што разбрав од прочитаното тие се луѓе кои што никогаш немале желба за секс со никого,немаат сексуален нагон.Ако сум грешка нека ме исправи некој
^ па тоа нели е случај за на доктор? A сакаат да имаат врски, вештачки оплодувања, абе што нема да слушнеш на овој бел свет, да се биде денес поразличен ептен било тешко што сакаат нека си праат
Од психолошка гледна точка ова не би било нормално зошто сексуалните нагони спаѓаат во примарни потреби. Исто така друго што ме зачуди... сакаат да се самозадоволуваат, а не сакаат некој да ги задоволува, не бе гарант овие со калуѓерство се поврзани или не знам... немам објаснување
Море да ги фати ваков еден крупен па да видиме дали нема да сакаат ..после ќе биде како цацко јас дојдов да ви се јавам ја пак че одам
Нова сексуална ориентација. Па и не би рекла баш нова. Постоела уште од секогаш, само што не била и не е во голем процент застапена кај народот, и според мене е на некој начин се`уште не разбрана и не сфатена од страна на луѓето, како што хомосексуалноста не била исто сфатена пред некои си 30-40 години. Е сега, нормално се поставува и прашањето зошто луѓето уствари се одлучуваат да пристапат кон оваа насока. Сметам дека се' зависи од личноста. Некои се раѓаат најверојатно такви, а некои пак спаѓаат во овој 1% како резултат на некои трауматични искуства или случки од порано, што знам... А асексуалните жени, во секој случај, се далеку позастапени од асексуалните мажи. Веројатно затоа што женската сексуалност некако, еве, од моја гледна точка гледано, отсекогаш била на некој начин потисната. Гледано вака, една просечна жена не ги знае уствари разликите помеѓу вулва, клиторис, вагина.. итн итн. И токму поради ова, се решаваат да пристапат кон асексуалност. Како и да е, малце е жален фактот што нискиот сексуален нагон често се смета за асексуалност. Тотално погрешно.
Навистина не ја сваќам потребата од пишување на најразновидни коментари кои немаат никаква врска со аскесуализмот туку само со исмевање и сеир. Одамна имам читано за оваа појава. Голем број на фамилии и врски на жалост пропаднале поради асексуалноста на едниот партнер и неможноста на другиот да ја прифати или да живее со таа состојба. Тие се способни да сакаат, да живеат во врска и најголемиот од нив дел дури се трудат да се борат сам со себе и со недостатокот на својот нагон за да не го повредат или изгубат партнерот. Тоа е сериозна појава која може да биде предизвикана од најразлични причини: недостаток на определен хормон, определен медикамент, психата...
Претпоставувам дека се јавува од дисхармонија на хормони и психата. Како може да биде сексуална ориентација кога нема секс со никого/ништо?!?! И не е нова појава туку сега можеби ескалира како резултат на стресно и нервозно време каде што нервозата си го чини своето. Во генот на секој човек е врежано да се има секс-репродукција....и мал дисбаланс на хормоните доаѓа до хаос во организмот и веднаш научниците откриваат светско чудо јас тоа овака лаички
1 - Ова не е нова сексуална ориентација ! Поголема глупост немам прочитано. 2 - Зошто досега прочитав само исмејување за овие лица? Освен Даничап, Спојлер браво за неа, затоа и ја сакам, одма се гледа колку е поинаква. 3 - Како во темата за хомосексуалци се правите либерални, демократски, значи за вас е нормално да се работаат маж со маж, жена со жена, ама ако човекот нема секс е ненормален ??? 4 - Колкумина секс не виделе во животот, па се исмејуваат за други. Еве конкретен пример: Моја повозрасна братучетка остана без маж со едно дете. Имаше околу 25 години тогаш. Можеше слободно да се премажи, да има дечко или партнер за секс. Ама таа изгуби волја за љубов со друга личност, за секс. Значи таа си е скорз нормална, ги сака сите, ама нема секс. Ниту е пореметена, ниту е хормонски луда, ниту е ненормална. Си прави други работи во животот, презадоволна е, среќна, ама нема секс. А, поминаа скоро 10 години. (и самата ми кажувала дека досега не била ниту со еден маж) Ако не знаеш да ја најдеш среќата во други работи, нема да знаеш ни да ја најдеш во сексот. Втор случај, мој добар другар помина претешко детство, и да не раскажувам надолго, досега не бил со девојка, помислил, ама не се заинтересирал да најде женска, а може. И скроз си е нормален човекот. Ние си го сакаме другарот. Така, додека кажуваме за хомо/асексуалците, подобро да си гледаме во нашиот кревет.
Можеби е до психата или до недостаток на хормони кој знае. И како што кажаа и Dabichap и некои дрги ова не е ново,датира уште од кога постои човекот. ЧОвекот кој што нема односи е нормален човек,но длабоко во себе се плаши да се впушти во врска со друга личност.Мојата најдобра другарка има 26 години,а до сега немала ниту еден дечко ниту пак односи со некого.Чудно,но вистинито.Не го кажувам ова за да ја оговарам по форуми туку само да ви доловам што всушност е асексуализмот.Но,таа си е нормална девојка која што сака да излегува,се облекува убаво,ги сака истите работи како и јас.Секогаш кога правиме муабет за дечко таа само вели има време.Сум зборувала милион пати со неа на таа тема но,гледам дека и е непријатно и се повлекувам од.Од секогаш сум мислела дека е асексуална,но не ненормална и никогаш не сум ја исмејувала поради тоа.Тоа е нешто во психата пак ќе кажам.Зарем ако некого е како мал сексуално злупотребуван и тоа има последици ко него,па не сака да има односи или пак некоја девојка е силувана и има одбивност кон тоа е ненормална? Не,драги мои тие луѓе си носат трајни лузни во себе кои што никој не знае како им е. Како што кажа и girl.23 пред да кажуваме за другите какви се и што прават подобро да тргниме од самите себеси и да се преиспитаме ние и нашите однесувања.Лесно е да кажиш еј овај ваков е или онаков е,всушност од каде знаеме што се крие во секого од нас.Некогаш не се познаваме ни самите себеси,а камоли некој друг.Никогаш не осудувајте некого поради неговата сексуална ориентираност или некое дело.Запознајте го човекот внатрешно ,па потоа зборувајте и исмејувајте.
Се е ова точно но не е во ред воопшто да влезеш во врска каде едниот очекува нормален сексуален живот а на другиот не му паѓа на памет такво нешто со што свесно го довел љубовниот партнер во тешка заблуда па и промашен живот. Тие што одлучуваат да живеат сами или да најдат сличен на себе се ок, нивен живот кој секако имаат право да го поминат без секс и секако без осуда од било кого .
Се сложувам со тебе. Себичноста како човекова карактеристика некогаш може да биде позаострена баш во вакви случаеви свесно или несвесно. Но не е се така црно и бело. Ќе мора лаички да се изразувам бидејќи не сум стручно лице, само што сум прочитала некоја статија, мислења и од стручњаци но и од лица засегнати со оваа појава. Но кај голем дел од нив асексуланоста се засилила со текот на времето. Во моментот кога стапиле во врска или брак постоела но не била била до тој степен изразена за да претставува сериозен проблем. Веќе биле во успешна врска или брак, но поради склоп на околности(стрес со финасии, работа, психа...) нагонот започнал да се намалува и стапува на сила и се појавуваат проблемите во врската со партнерот. Во моментот кога стануваат свесни и ја прифаќаат својата состојба они и си бараат некој сличен на себе или си го минат животот без постојан притисок од партнерот или страв од неисполнување на нечии очекувања. Таква врска е измачување и за нив.
Не случајно спомнав дека не е во ред зашто знам неколку случаи каде некој свесно го изманипулирал другиот за после кога ќе дојдат деца веќе да е касно. Лесно се раскинува кога се двајцата слободни ама со веќе оформена фамилија е многу потешко. Асексуалноста често се насетува во старт ама многу се убедуваат ќе биде подобро и се надеваат а најчесто станува само полошо. За нив не мора да е измачување ако се прифатиле дека се такви и се среќни ама за другиот е катастрофа зашто од очекувања за нормален сексуален живот одеднаш добива ништо. Тоа што го кажа дека стануваат свесни бара општо свесност за себе поддржана од една разумна несебичност да се биде фер и спрема другите ама таквите во реалноста се бројат на прсти.
Сексуалните нагони не се примарна потреба. Не се како потребата за воздух, храна и вода. Мене таквото сфаќање ми е стварно апсурдно и смешно. Јас досега сум почувствувала вистинска сексуална привлечност само кон една личност, кој не ми е ни дечко. Ја изгледа спаѓам у тој процентот, пошто мојата желба за секс е сведена на минимум. Така да, не е чудно да има луѓе кои не сакаат секс.
Како што пишав според мене секој човек има некоја причина за да не биде интимен со некој ...дали ќе биде тоа поради разочарување или пак воопшто ако самиот со себе се помирил со фактот дека не сака да биде интимен ..Мора да има длабока психолошка причина ...Дека не е нова сексуална ориентација се согласувам ..па тогаш што е со девиците кои го чекаат вистинскиот или пак они што не сакаат ништо пред брак ? Андријана Лима , Кака ? тоа си е лична одлука ...а страст кај секој постои барем јас така мислам ...
Ама на темава се помешани баби и жаби. Едно е асексуалност како непостоечка потреба за секс, а сосема друго е некој да нема секс од разно-разни причини, како примерот што го посочи girl.23 погоре или ilipili. Јас тоа не би го вброила во асексуализам.
Да објаснам подобро што сакав да кажам.Значи другарка ми до сега воопшто не ми спомнала за односи,односно секогаш кога правиме муабет за сексот таа вели дека неа вака и е убаво и се вели ако биди некогаш арно,ако не пак арно.По нејзините постапки јас гледам дека таа не е воопшто заинтересирана за да има врска со некого.По тоа и нешто што сум го читала,сепак не сум стручњак за тоа јас мислам дека таа е асексуална која што верувам дека се јавила кај неа од психичка природа.Не сакам со ова да разберите дека зборувам дека не е нормална,едноставно си има некои проблеми кои што ја спречила да размислува за врска и за својата сексуалност.Или пак за другиот пример кој што го спомнав,можеби нема многу допирни точки со тоа,но сепак мислам дека некој кој што бил сексуално злоупотребен ќе чувствуваат одбивност кон сексот долго време,а некои и цел живот.Сепак тоа е од некоја психолошка природа.