Девојки имам еден проблем во пределот околу носот црвено ми е ме чеша понекогаш,односно ми се има појавено себореа и се имам пробано, неколку пати имам одено на кожно но без успех..дали има некој што знае како се лечи или имал ваков сличен проблем? Однапред благодарам и се извинувам ако има слична тема.
не е скапа не знам точно околу сто нешто денари изгледа беше..татко ми ја користеше и за скоро една недела му се среди лицето и сега нема потреба од крема зашто му се изгуби себореата..и треба да пазиш на исхрана..не јади многу зачинета, лута храна..кечапи такви обработени сосови или храна избегавај, нормално цигари не, алкохол малку и кафе ако не пиеш уште подобро..е сега и да не се нервираш ама тоа е нели потешко али гледај да избегаваш стрес...тоа е
И јас имам себореа ауууу многу е гадно и нервозно Мене ми беше распространето по цело лице многу гадно другаркиве уплав добиваа од мене бев кај др.А....... (да не биде како реклама или нешто сл.) и ми даде маст Кутерид, ми помина за 3 дена лицево стакло ми стана но сега повторно ми се појавува околу носот на челото аххх многу ме нервира , и ке се намачкам со маста и ке ми помина вака веќќе година дена се мачам Но на денешницава не се може без стрес ... Ке пробам со Реконзол па ке видиме
Не треба да јадат многу зачинета храна, мајонези, кечапи и сл., слатки, кафе...цигари и алкохол по можност да избегнуваат...а зеленчук и овошје како и млечни производи па и месо е дозволено. Стресот е најголем ризик фактор за појава на себореата. Е сега и надворешните промени и загадениот воздухот и сл. можат да влијаат на појавата.
епа се прашував да не е предизвикана сабореата од недостик на одредени прехрамбени производи, а најчесто овие производи луѓето ги изостануваат особено ако се на диета.
Јас кога бев кај Др.Анчески тој ме виде и ми рече да нејадам конзервирани продукти,кобасици , виршли,паштети...повеке на зеленчук и овошје,да немешам кафе со млеко итн.Сето тоа го избегавам можеби и затоа ми се намали појавувањето на себореата но од друга страна тука е стресот секојдневните проблеми со работа-без работа па ми рече секој ден од сабајле и навечер да пијам по едно бедоксинче-но кога-како.
сакам да прашам дали знаеш нешто за себореа на кожата на главата ,јас не бев на доктор на своја рака купив Реконазол шампон едно време ми помогна а после пак се врати црвенило и чешање на кожата. Ако сменам друг шампон е уште полошо ако имаш некое искуство те молам кажи.
Може да се јави себореата пак ... ете кај татко ми се појави малку. Пробај со маслиново на главата ... не знам што да ти кажам. Едноставно треба да се пази на стрес, на исхрана , ама ќе кажам тешко, плус воздухот е загаден така да затоа не може да исчезне тотално.
Себореата е многу страшна работа, ја имав на главата, односно на скалпот. Ја лечев околу половина година со Фитовал, давав страшни пари за него и ми помина, неколку месеци немав и ете сега пак. Претпоставувам се појавува летно време кај мене од што ми се поти главата интензивно и ми се потхранува скалпот таму кај што е зафатен и на тој начин се раширува. Досадно е, ужасно досадно, ама ете пак наскоро ќе ја започнам битката, да го довршам моментално шампонот што го користам и почнувам јовонаново.
I jas imam problem so Seborea na skalpot. Inaku porano mi se pojavi na celoto telo ama toa se resi so dieta i rekonazol. Inaku primetiv deka dosta samponi mi smetaat, pa zatoa kosata ja mijam so samponite na kerka mi. Bebeski. [mod-kirilica:3w33c6xp][/mod-kirilica:3w33c6xp]
повторно со фитовал ли ќе почнеш??? и јас го имам истиот проблем ми рекоа да земам Дукри -против првут чини 750 ден па се мислам да не имаш искуство со овој шампон писи те молам поз
Мене за себореа ми препорачаа Kelual na Ducrey , кремата е околу 620 денари . помага во периодот на самото воспаление, да го убрза процесот на поминување наместо да трае црвенилото 4 дена , со неа трае 2 дена. Ако имате некој друг начин , метод или препарат слбодно советувајте
Каква диета е препорачана? Дали и какво месо смее? Која храна ја избегнувате и какви креми користите за заштита?