1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совет за CV

Дискусија во 'Барање работа' започната од karamelka, 6 декември 2010.

  1. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Дечки ај малку помош :?:

    Треба да пишам CV а појма немам како треба и што треба да пишам :doh:

    немам работно искуство во фирма, една работа имав до сеа, чував детенце 7 месеци, имам завршено средно образование, завршено курс за козметичар и посета на курс за excel и internet (имам дипломи за двете) дали тоа треба да го пишам и за слика дали може слика од матурантка дали таа слика може или ќе морам да се фотографирам
     
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Зависно за каква работа аплицираш.Реално цв то е се штури информации но сепак е важно доколку е одредена позиција каде што им требаат некој податоци за тебе.Секогаш да биде кратко пишано не премногу опширно,да се намени за позицијата за работа е не секое цв за секаква работна позиција.Од она што ти го имаш работено наведи дека имаш познавања во х свери,компјутери нешто јазици и слично ,никогаш не го напоменувај неработното искуство .А тука ке сподела за сите едно мотивационо писмо што мене ми помогна да се вработам во 2 фирми .ПРЕДОБРО пишано и осмислено,употреби го со малце измени каде што треба ,гарантира успех .Со среќа !

    Почитувани Г-да

    Ви го испаќам ова писмо бидејќи верувам дека ги исполнувам вашите услови кој се потребни за работната позиција ....... во вашата компанија.
    Секако имате можност да ја видите мојата автобиографија во кој се дадени клучните точки од мојата едукација и општи квалификации.Покрај ова сакам да ги потенцирам некој од моите лични карактеристики и вештини : како способност за работа во мултиетнички средини ,способноста за индивидуална и тимска работа,трудољубив и со самомотивирачки дух,отворен за нови идеи и пердизвици, со желба за постојано надоградување на знаењата и искуствата за градење на имиџот на вашата компанија..
    Се надевам на позитивен одговор во вид на е-mail ,или смс,доколку нешто ве интересира повеќе а го немам наведено во ЦВ то можете да ме исконтактирате лично на 07.....

    Од
    ......................
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    А отприлика колку страни треба да биде Cv, јас инаку лично ќе го носам, инаку аплицирам преку заводот за вработување
     
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.149
    Допаѓања:
    46.866
    Пол:
    Женски
    Значи тоа погоре ти е нешто како мотивационо писмо, во Cv пишуваш твое име презиме, дата на раѓање, адреса, телефон, брачен статус, националност, маил адреса. Најгоре обично од десна страна ставаш твоја слика. Подоле го пишуваш твоето образование, па потоа доле пишуваш кои јазици ги познаваш, што од компјутери познаваш, и ако имаш искуство и тоа. Пишуваш и за твоите организациски способности, комуникативна дека си, амбициозна, вредна што ти знам..ама тоа не го пишуваш како текст туку како под точки на пример:
    Познавање на компјутери

    •Microsoft Office Word
    •Microsoft Office Excel
    •Microsoft Office PowerPoint
    •Internet
    Доволна е и една страна кога се нема искуство :)
     
    На Trendafilka и Elenuskaa им се допаѓа ова.
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Бидејќи немаш работно искуство,ке биде помало цв то .Немој да употребиш несоодветно цв од интернет освен европското .Но сега тоа не ти го препорачувам премногу е големо и мн работи непополнети ке бидат ке делува мизерно.Направи сама во word vo табели,(види од интернет некое како одприлика да биде )предходно испланирај што ке пишеш.Најпрвин слика (каде што се изгледа пристојно, а мн соодветна слика е и од матура се разбира ако не е одамна тоа :P ).Потоа оние лични информации со телефони,маил обавезно ,адреса брачен статус (за жените ова е обавезно да си го пишат бидејки мн газди имаат различни гледања на работите во врска со ова,некој бара персонал што е без обврски а некој пак сериозни и мажени ) итн итн .Потоа образованието ,искуството и амбициите .Се разбира и мотавационото писмо гледај да го напишеш остава поубав впечаток :!: .И без лажење во цв како што знаат да си напправат.Една од оние класични лажги е англискиот јазик ,па како бе сите знаат англиски за цв а на дело 2 збора не знаат да сврзат,или знаеш или не .Изивни не мислев за тебе :$ само како совет бидејки на разговор за работа се гледа од авион за таквите лажги а една од пресудните работи за секој газда-фирма -шеф и кој да прави интервју е лажењето да го забележи .
     
  6. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Сликата од матура ми е пред 4ипол години :$, а за англиски ја разбирам што ми зборат ама за враќање појма си немам :$ :tmi: така да ќе пишам дека јазик не знам туку арно ли е ова па според ова да видам како што да го направам :)
    [​IMG]
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Почитувани,

    Ви го испpаќам ова писмо, бидејќи верувам (сум уверен-а) дека ги исполнувам Вашите услови коИ се потребни за работната позиција ....... во Вашата компанија.
    Секако имате можност да ја видите мојата автобиографија во којА се дадени клучните точки (елементи) од мојата едукација и моите општи квалификации. Покрај ова, сакам (би сакала) да ги потенцирам некоИ од моите лични карактеристики и вештини, како способноста за работа во мултиетничка средина , способноста за индивидуална и тимска работа,трудољубивост, самомотивирачки дух, отвореност за нови идеи и пРЕдизвици, желба за постојано надоградување на знаењата и искуствата, како и желбата за градење на имиџот на Вашата компанија.
    Се надевам на позитивен одговор. Можете да ме исконтактирате преку е-mail или на мојот телефонски број наведен во CV-то.

    Со почит,
    ......................

    Ова инаку оригиналното постирано е едно од полошите мотивациони писма на коишто сум налетала, со слаб концепт и преполно грешки, кои ги поправив со црвено.
    Доколку некој сака да го употреби, слободно, иако според мене е благо ужасно.
    Ама барем нема ниту една правописна грешка.

    Внимавајте како се обраќате, со Вие, Вас, Вашата фирма, тука покажувате почит кон институцијата.
    Голема буква, запирка, точка (зошто употребувате по две точки некаде при завршување на реченицата?), нов ред итн.
    КоЈ и коИ... дечки, тоа се учи во прво одд. Дај не зезајте.
    Нема потреба од Почитувани Господа, доволно е само Почитувани, не се обраќате на екселенција, побогу.
    Внимавајте на членување, ако едно е членувано, останатиот дел од реленицата исто така е пожелно да се членува.

    Мене да ми стигне вакво мотивационо писмо нема да обрнам посебно внимание.

    едит: Сега читам докрај, Дволичен си се вработил во 2 фирми со вакво мотивационо писмо???
    Секоја чест.
    Значи во тоа е тајната.
     
    На anakonda88 и Elenuskaa им се допаѓа ова.
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Мислам дека ова ке ти биде соодветно.За англискиот јазик можеш да наведеш делумно познавање на тој јазик ,тоа остава можност за да се искажес во интервјуто ако те прашаат.Јас само прокоментирав кога некој е ептен дрво :D .Ова цв ти е нај соодветно за тебе ,и немој да правиш цв на англиски освен ако не се бара тоа од тебе.


    http://seebiz.net.mk/WBStorage/Files/cv ... ijazik.pdf

    не би сакал да откраивам каде работам,но јас се вработив со обично искрено пишано цв,мн повеќе значи самодовербата на интервјуто ,позитивноста и се разбира реалните можности за исполнувања на работните задачи а не само на муабет да биде тоа .Не се оптоварувај премногу со цв ,но потруди се да делува убаво и да остава впечаток со убави зборови
     
    На glosipgirl, Elenuskaa и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Морав да го скратам бидејќи имаше + стручни термни додадени .Не реков дека тоа е пресуднот но придонесе за мојата работа.Се разбира ти како паметна личност што те почитувам тука во виртуелноста некако се жалиш за работа .Еве пробај со моето грешно мотивационо писмо ,можеби ке ти биде среќно ;)
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Па да, се жалам за работа, не знаев дека треба да испраќам неписмени сивија.
    Но ти благодарам што ми укажа на овој факт, ќе си ја пробам среќата.

    Не сакав инаку воопшто да бидам некултурна или да навредувам, работата е што CV-то е на некој начин огледало за вас.
    Мора да е перфектно од старт (многу јасно дека ако не сте компетентен за работата, немате убав пристап, став, знаење и сте дудук на интервјуто ќе изгледа дека не ви врши работа перфектно скоцкано CV), арно ама за да стигнете дотаму, на интервју мислам, тоа е почетниот процес на елиминација.

    Мене другар ми ми кажува дека за обично место - секретарка во неговата фирма, стигнале околу 600 сивија.
    Како биле отфрлени првите 400? Со процес на елиминација.
    А како ги елиминирале? Со грешки во cv-то.
    При 3 забележани грешки, веднаш го фрлаат, не се ни трудат понатаму со читање. На тоа сакам да укажам.
    И тоа е сосем коректно. И нормално.

    Затоа се зачудив, реткост е денес да те викнат на интервју со такво просечно сиви преполно грешки.
    Тука секако не алудирав на твоите работни способности, фала богу не се ни познаваме лично. :)
     
    На crazylady, antonina, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    ај смир сега,дај да и помогнеме со совет а сите среќата си ја наоѓаме на наш начин , има различни критериуми за оценка а и сепак според мене крајниот резултат е доста важен.И сама знаеш дека може секој да ти направи цв да е скоцкано со сите правописни правила а на дело да те нема никаде.Да им посакаме среќа на оние што си бараат работа а нека научат и нешто од нас макар и грешно :bow:
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Еленушка

    ги прочитав твоите постови за пишување на цв па да ти објаснам од тоа што на факс не учеа
    ЦВто ги содржи твоите податоци-која си, што си, од кај си, образование, работни искуства а многу важно е МОТИВАЦИОНОТО ПИСМО-се пишува веднаш под цв-то и во него објаснуваш ЗОШТО баш ТИ сакаш да работиш во таа фирма/компанија и верувај дека многу повеке внимание се обрнува на твоето мотивационо писмо отколку на цвто-користи изрази и фрази со кои би можела да ги наведеш на вработување твоите идни работодавци :)
    и да знаеш дека речиси секаде бараат ЕВРОПСКИ курикулум вите т.н. цв :)
    и да :!: многу е важно фонтот, и да НЕМА грешки
     
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Знам дека зтанав досадна ама сакам да си знам дали

    ова големина на слика е доволна за на CV-то
     

    Прикачени фајлови:

  14. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    И така почнав да си куцам CV... ми иде да си ја ѕвекнам главата од ѕид кога ќе видам скроз празна дупка кај "работно искуство" [​IMG]
    Паралелно го средував CV-то на vrabotuvanje.com.mk па (незнев на која тема, се надевам дека ова е соодветно место) да прашам дали некој што има профил има проблеми со внесување на податоци за образование? На пример кога ќе внесеш "типот на образование" го снемува полето за "факултет" или "образовна институција" ?? :?:

    Уште две прашања :geek:
    1) Кај полето за работни искуство што да напишам? Да го рипнам, да напишам дека немам претходно работно искуство???
    2) Кај делот за образование, дали се пишуваат моменталните студии? Пример постдипломски студии, почнати годинава, сеуште во тек...
    (нормално се културно скоцкано :!: )
     
  15. femina91

    femina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17
    Општи прашања

    Дали некој мoжи да ми кажи како се пиши CV, некој линк нешто било шо, итно ми требаа
     
  16. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Општи прашања

    Најгоре од лево или десно прикачуваш твоја слика,а на средина пишуваш со големи букви CV.
    Потоа одоздола лични податоди (Име,Презиме,Дата на раѓање,адреса на живеење,телефон,маил...)
    Под тоа образование : (Основно,средно,факултет...)
    Под тоа лични особини(Комуникативна,одговорна,тимска работа,позитивна...),учество во проекти (се мисли на пракса,волонтирање,работа во странство),моментална позиција (студент,вработен,невработен...),познавање на јазици,итн.
    Сите овие стапки што ти ги набројав под образовие ги редиш една под друга.(Се надевам малку од малку ти помогнав)
    Можеш да го направиш во Word ili Pdf format .
     
    На femina91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Кога пишуваш сиви за работа(CV-curriculum vitae) дали може внатре во него да се спомне учество во некое истражување кое се вршело на твојот факултет и отприлика како би гласело?
    Не дека сега ќе пишувам, но за кога ќе ми треба, да имам во предвид дали може да спомнам или не.
     
  18. TheGirlNextDoor

    TheGirlNextDoor Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    81
    Општи прашања

    па би требало да може зашто да не, стави го во нешто како волонтерство, незнам дали бланко ќе го изработуваш или по темплејт, ако го изработуваш според темплејт сигурно ќе најдеш каде да го вметнеш тоа
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Фала ти за одговорот, инаку рано ми е мене за правење сиви, ама да си бидам информирана пред време не е лошо, инаку појма немам тоа што ми зборуваш за бланко и темплејт, засрамота :$
     
  20. TheGirlNextDoor

    TheGirlNextDoor Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    81
    Општи прашања

    има по интернетот како примери т.е. скелет на CV само да го пополниш, а бланко сама да си го составуваш скелетот, јас имам искуство само со CV според темплејт т.е. си беше напишано што треба да внесиш и само си внесував мои податоци, има доста добри такви најчесто на англиски се меѓутоа можеш да се снајдеш кога ќе ти затреба, за одговорот нема на што, за тоа сме тука :*