1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колачи

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 7 декември 2009.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    А од каде набавуваш светки,звездички и сл- за да имаат налик на новогодишна атмосфера?
    Сакам да купам такви работи и боја па ако знаеш, кажи ми :)
     
  2. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Светки ,ѕвезди , боја и слично можеш да најдеш во сите поголеми и помали маркети :)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Не сум видела дека си ме прашала мене, да такви тракатанци има во секоја подобро снабдена продавница, за во супермаркети да не збориме, во одделот со пецива, зачини и слично. Инаку имав идеа да ги направам и од фондан, ама ќе видам. Имам еден пријател кој прави торти па може ќе го прашам да ми даде малку да си ставам јас само боја, јас сепак нема да правам 100 колачи, десетина ќе направам. И се разбира како и секоја година и оваа, торта во форма на елка :lol: таа е најчесто или бисквити или касато па ја декорирам само, или пак со готови кори.
     
  4. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Како ја правиш таа торта во форма на елка?? :)
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Кога ја правам со готови кори само фил спремам, од пудинг и додавам путерче и внатре што ми дојде, чоколадца сецкани, бадемчиња во млеко зовриени, бисквитки некои лепени со чоколадце, овошје кандорано, бомбони бонитоп и се разбира остатокот од тестото кое се сече за да се добија триаголници... На крај матам хопла, зависи колкава торта ќе правам, еден дел оставам бел колку да ја премачкам цела торта а останатиот со зелена боја или со слатко од диви смокви зависи што имам го правам зелен. Тестата се сечат на 3 различни по големина триаголници, се разбира тоа иде во два, три слоја зависи колку сакате, јас најчесо зимам округли теста и тие се во три слоја и диретно ја цртам елката со нож на кората и сечам, значи не сечам триаголници, поедноставно ми е така, остатокот ко што кажав го ронам во филовите. Ќе ги исфилувам и ќе ги наредам, да се стегне пола саат во фрижидер сосе белата хопла одозгора и почнувам да ја декорирам со зелена хопла со шприц правам како мали боцки, не знам како да ти објаснам, се надевам ме сфаќаш, значи не мачкам туку со шприц правам мали боцки кои ми глумат зеленило на елката или пак ако немаш шприц можеш несмасно да намачкаш подебел слој од хоплата, да не ерамно туку да е брановидно баш, и со вилушка да направиш дополнително како мали нерамнини. На крај со парчиња желе бомбони и бони топ украсувам, најгоре сецкам едно желе во форма на звезда и го ставам како завршен лампион демек. Ова го правам уште од дете, од средно ми се чини, а како помала исто имам правено ама мајка ми ми ја правеше тортата јас само украсував :D
    Доколку не ти се прави торта можеш да направиш обично касато и исто така да го декорираш, ако не знаеш како се прави касато слободно прашај ;)
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Свекрвини очи :D
    За полнење
    250 гр. суви смокви
    50 гр. јатки од ореви(може и желе бонбони,суво грозје)
    За обвивка
    100 гр. шеќер
    50 мл. вода
    2 мали лажички какао
    125 гр мелени бисквити
    125 гр. мелени ореви
    125 гр. маргарин
    За валкање
    по желба кокос, ореви....
    Подготовка
    Во тенџере се става водата и шеќерот да зоврие.Се трга од оган и се додава какаото и маргаринот.Се додаваат бисквитите и мелените ореви. Смесата убаво се меси додека се добие смеса за бомбица.
    Сместа се дели на толку топчиња колку што има смокви.

    Сувите смокви се стават во млака вода да омекнат 10 мин.
    Им се вадат рачките, во длабнатинката се става една јатка орев. Убаво се затвараат.
    Смоквите обвиткајте ги во малку развлечена бомбица. Убаво обликувајте ја (како око )
    Се валкаат во кокос,ореви...(по желба).
    Се ставаат во замрзнувач .
    Замрзнати се сечат на половини.

    Од оваа смеса излегуваат 16 свекрвини очи, а на половинки 32.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Се те разбрав (знам за касатото и јас си го правам) само не те разбирам какви кори купуваш??? Кори пандишпан??? :D
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Да, да готови кори, ги имаш сега од повеке фирми но мене најубави ми се од Винчини некако, иако одамна не сум ги праела сепак најубави ми се тие ;)
     
  9. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Да да тие се најубави но дека пиша кори и затоа те потпрашав... :) ќе пробам да ја направам и ќе ти го пишам крајот дали е добар иначе нема утка :rofl:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски

    Јас овие како Мачкини Очи ги знам... друг рецепт имам за Свекрвини очи - ама поим немам кај ми е :$
     
  11. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    Вака значи не знам кај да го поставам ова прашање па си велам дека можам тука
    Како можам да направам вака да ми излези белото чоколадо, оти кога го правам јас ми се прај многу
    течно или со грутчиња, а кај црното чоколадо тоа не се случува значи си излегва како тоа на сликата, и покрај тоа што ја правам истата процедура :$
     

    Прикачени фајлови:

  12. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Епа нема да ставаш зејтин кога го топиш и башка овие 100% биле претходно во фрижидер :D :D :D
     
    На Mameha му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    [​IMG]
    Дали може некој да ми го каже рецептот на снегулкиве како на сликава?? :)
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Според мене, снегулкиве се направени од обично тесто за бисквити, само формата е променета и ситните декорации.
     
  15. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    епа рецептот за тестото ми треба ако го знаеш :)
     
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    И јас сакам домаќинка да станувам. :wasntme: Па да си прашам нешто.
    Сакам да направам вакви за празниците, но немам појма како се прават. :lol: Ај ве молам ако знае некој да ми каже, многу сакам да ги направам. Благодарам.
     

    Прикачени фајлови:

    • 07.jpg
      07.jpg
      Големина на фајлот:
      32 KB
      Прегледи:
      425
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Еве едно рецептче на македонски:
    http://style.mnogoo.mk/mk/articles/Kujn ... den-kolach

    А на англиски ако побарате ќе добиете еден куп рецепти, баш кај американците се популарни овие.
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaDI

    AnaDI Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Epten sum amater na temava ama imam golema zelba da napravam neshto spec. za rodendenot na kerka mi. Kupiv silikonski modli vo forma na kukicki no nemozam da najdam recept. Kukickite se prilicno dlaboki i toa me zbunuva okolu izborot na testoto. Ve molam za pomos no objasneto kako za mali deca :$
    [mod-kirilica:2g88bbk3][/mod-kirilica:2g88bbk3]
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      219,3 KB
      Прегледи:
      346
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Домаќинки, може ли да ми дадете некој испробан рецепт за фил за полнење на корнети, ама да биде цврст, бидејќи планирам да ги вртам наопачки да стојат :tmi:
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Јас имам еден, ај ќе ти пишам, па види дали ќе може да го искористиш.

    8 жолчки се матат со 250г шеќер во прав на пареа, се додава 250г изматен маргарин, 100г сечкани ореви, 150г мелени ореви, 300г мелен плазма кекс, 200мл сок од портокал, 100г сечкани желе бонбони. Убаво се меша и кога ќе се олади, се полнат корнетите.

    Инаку, ова ти е фил за 30 парчиња (од рецепт за торта со корнети ми е). Може да го прилагодиш, ќе ги направиш жолчките и маргаринот, ќе имаш крем, додај плазмата и сокот, и после по желба, чоколадо, крем банани, ореви, лешници, бадеми...

    Мислам дека добро ќе испадне! ;)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.