1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    ајде ајде почнавме матурантите да напаѓаме :D туку друго ми беше прашањето. Дали има некоја што планира да оди на Филолошки-Англиски јазик па да ми каже што предмети избрала за полагање?
     
  2. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Дали некој има полагано фармацевтска хемија или фармакогнозија? :)
     
  3. Martina156

    Martina156 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Изборни предмети

    Ме интересира за матура покрај македонски и англиски кои се задолжителни уште колку предмети се полагаат?? И дали тие предмети сами ги бираме или?
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Изборни предмети

    Уште 2 се полагаат, сами ги бирате.
    Ако си во стручно, се одбира еден стручен, еден општообразовен.
     
  5. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    198
    ^^
    македонски е задолжително, после можиш да бираш меѓу англиски/германски/француски (зависи кој го учиш)/математика и имаше уште некои за уметничките средни. тоа ти е екстерно
    после избираме уште 2 интерни предмети, тие мора да си ги учела 2 години, или 1 година по 3 часа неделно под услов да не се изборни предмети.. (пример филозофија можеш да полагаш- во гимназија се учи во 4та година, 3 часа неделно)
    а ако на пример сакаш да се запишеш на факултет негде во странство, има некој факултети кои бараат повеќе од 2 интерни предмети, тогаш за тоа треба да се договориш со училиштето.
    и покрај ова треба да браниш и проектна задача по било кој предмет. :)
     
  6. Martina156

    Martina156 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    А дали може проектната задача да биде од некој предмер кој се учи само 1 година и притоа е изборен?
     
  7. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    198
    да можи, можи да биди од било кој предмет, за проектната нема врска колку време си го учел предметот.. можи и изборен да биди.
     
  8. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Е дечки, за факултет ми треба филозофија да полагам матура, арно ама до сеа кец имам :D таква смотана професорка ми се падна катастрофа значи :D
    Има врска нешо полагањето со кецов? Најверојатно и на полугодие кец ќе ми остане.. Се мислам дали да го пишам во пријавата за полагање матура... :?:
     
  9. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.746
    ^Задолжителен филозофија ти се бара?

    Мислам дека нема врска што оцена имаш, само гледај на крај да не ти квари просек..
     
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Па да.. или филозофија или социологија. А социологија неможам да полагам бидејќи само една година имам учено.. Абе добро, јас следно полугодие ќе си поправам тоа сигурно.. Ама викам да не има врска нешо оцената со полагањето :?: :?:
     
  11. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Има ли некој овде што полагал екстерно математика (основно ниво) и ако има го замолувам да ми каже се во врска со полагањето. Благодарам :)
     
    На Chivas му/ѝ се допаѓа ова.
  12. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Колку прашања одприлика има на полагање за социологија??
     
  13. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.746
    ^ Кај нас отприлика 50-60.
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Тоа зависи од гимназија до гимназија, на пример јас мислам дека имав 60 или 80 на филозофија и повеќе од 80 мислам дека не би смеело да има според времетраењето на полагање.
     
  15. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Мислам битно е да знаеш дека не смееш да употребуваш калкулатор и нормално се се пишува со пенкало освен графиците и цртежите.
    Првиот дел ти се задачи со заокружување со по еден поен, а останатите во зависност од тежината до 4 :)
    Можеш да си ги разгледаш тестовите од претходните години тука :)
     
    На Anshu му/ѝ се допаѓа ова.
  16. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е прашањето за тука , ама ај...

    Близначка сум и сакам да паднам на екстерните во иста просторија со брат ми . Каква желба еј :D
    Нели во училница има по 15- тина души , па затоа ме интересира некое ваше искуство. Познавате близнаци кои ги разделиле на матура ? Мислам на тоа да паднат во различна просторија. Споделете некое искуство.

    И уште едно нешто. Има некаде на страницава за матура да се напише поплака или предлог ? На пример мене ептен без врска ми е полагањево без дигитрон. Не дека некој не знае да множи или да дели, туку се троши време за џабе. Знаеш се, да поставиш задача, да дојдеш до крај и сега уште да помножиш не знаеш, а ? Без врска некако.
     
  17. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.746
    http://matura.gov.mk/contact.aspx?language=MK

    Овде пробај пиши им XD
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Девоjки, не можам точно да се сетам дали лани некоj спомна дека има прирачник за матура како пдф ? Мислам дека некои феминки бараа од друга да им го испрати, но не бев член и не обрнав внимание.. Jа пребарав темата, но не можев да наjдам ништо слично, може и да имам нешто помешано.
     
  19. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Да, знам дека не смеам да користам калкулатор и исто така разгледував на страницава, па мислам дека со доволно вежбање не би било голем проблем за да положам.
     
  20. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Имаше да. Chivas беше или TeaB, не се сеќавам точно. :?:
     
    На iHeartVintage му/ѝ се допаѓа ова.