Знаеш како,не е проблем тоа,ама ветеринарот моментално не е во градов,мислам пријателот ми,кога ќе дојде рече ќе намине кај мене да ја види,ама до тогаш се јадам.Луѓе ако знаете кажете нешто да и дадам,дали смеам реглан?
Активист за заштита на права на животни сум. Живеам во стан, чувам риба (борец), две желки (една од нив е стара 5 години, другата 2 ипол), мачор (1 ипол година) кој од мал кога го најдов беше со посебни потреби, правеше 3 операции и се уште живее со мала мана на својата уста. Постојано згрижувам мачиња и мали кутриња. До пред некое време чував 4 мали кутриња на возраст од само 2 дена. Едното за жал почина, другите 3 се сега среќно вдомени. Сега мачката која омачи 5 мачиња од мојот мачор, посвои и 1 маченце кое беше најдено на улица. Рибата не бара многу внимание, храна 2 пати на ден и менување на вода на секој 4-5 ден. Желките постојано бараат храна и да ги пуштам да шетаат надвор од нивниот "аквариум", водата им ја менувам на 2 дена. Мачорот, повеќе сака да јаде краставици и марула отколку месо и сл и да пие чај од камилица. Поради малтретирањето кога го спасив од улица од неиживеани гадови, постојано ја исфрла својата плунка па се прави лом и кога самиот се бања ужасно го уништува крзното, па затоа го бањам јас на некои 4-5 недели. Животните се единствените најдобри пријатели кои никогаш нема да те разочараат освен еднаш, во длабока старост кога ке мора да те напуштат. Сакам да се вдомуваат и спасуваат што повеќе животни од улица, затоа што заслужуваат втора шанса за живот. Не бараат многу, а даваат и враќаат со многу љубов и среќа. Со спасување на животно од улица, спасуваш два животи (и твојот)!
Doc. D-r Goran Nikolovski – Veterinaren Fakultet UKIM Pogore navedeniot pocituvan doctor I profesor dade pogresna dijagnoza i pogresni lekarstva za mlad milenik koj ne go doceka naredniot den. Spored dokotorot stanuvase zbor za minliva bolest koja pominuva za eden den. Bolesta bese minliva ako tocno se utrvdi i se sanira so soodvetni lekarstva, a ne da se dava lek koj dopolnitelno ja vlosuva sostojbata,kako sto bese vo slucajov. Samo malku da go upotrebese svoeto “znaenje” steknato na Veterinarniot fakultet vo Zagreb,od svojata doktorska titula,od 20 godisnoto rabotno iskustvo na veterinarniot fakultet vo Skopje, od bezbrojnite naucni I strucni poseti vo Germanija,Polska,Angija I izdadenite knigi od negova strana, denes moeto milenice ke bese so mene. Da e uste potragicno “doktorot” vcera potpisa dogovor so Anima Mundi – ZDRUZENIE ZA ZASTITA NA ZIVOTNITE. Ne zasluzi da umre moeto milenice, posebno ne od veterinarna nepismenost nakitena so tituli koja se “bori” za zastita na zivotnite !!!
Вака на куЧено му се има направено инфекција се Што е потребно правам ама никако да му заздрави.И сега сакам да ја избањам поШто многу мириса..дали Че му наШтети тоа
mackata mi rodi 2 macinja na 20 mart se rodia ama uste ne im se otvoreni ucite na ednoto samo ednoto mu e otvoreno a drugoto zalepeno a na drugoto i dvete mu se zalepeni ima kako grutcnja isto taka i macakata ima malce kako grutcinja na okoto sto e problemot ? pomos ?
Ставај има чај од камилица,мислам исцедена сварена кесичка,додека е топла стави им ја да постои малку на очите. И мојата умре од тоа,погрешна дијагноза.Мислам беше удрена од кола или била тепана не знам сеуште,и веројатно имала крварење(внатрешно) а ветеринаров ништо не ни кажа,а два пати ја прегледа.
Пред 3 дена по прв пат се породи мојата кучка роди прекрасни 5 малтезерчиња.Бидејќи прв пат е ова да имаме принова не сум доволно упатена,таа ги прифати сите 5 кутрина се плашам дека прв пат и е дали ке преживеат сите многу се привзав за нив Неа ја хранам почесто бидејки ги цица.Би ви благодарила доколку ми одговорите дали е критичен само првиот ден по рајѓањето или сеуште теба да внимавам ?
Моментално и е паднат имунитет и затоа има таква реакција. И мене ми се појави еднаш и тоа цели красти по раце и бев вчудоневидена што ми е. Бев на лекар - дерматолог и само што ме виде првото прашање му беше, што миленици чувам по дома . Зема и примерок од осипот и го гледаше под микроскоп и со точност потврди. Ми препиша да се мачкам со Канестен маст и еден портокалов шампон да се мијам -не ми текнува како се вика. После 3-4 недели интензивна терапија се изгуби. Многу битен детал е да не се внесува и благо-јаглехидрати во време на терапијата. Како и да е, сепак нека посети дерматолог затоа што има неколку видови и подвидови на тие осипи-алергии од домашни миленици и адекватно на тоа да се препише и терапија. Мачката носи мачиња 2 мес., така беше ?!?!
моите маленки 4 златни маченца се 1 месец веќе мачката се омачи баш на прочка и веке им почнувам да и давам храна дали да и давам од храната што е за мачки ја зимам од кам или се мали за таа храна и млеко и давам а прочитам на интернет дека една мала кафеава лажичка треба да се дава на мачката во храната да се стави да и биде посјајно влакното и да се прочисти мачката
@kikkki исто околу 2 месеци ги носат и кучињата само имаше некоја врска кога бил денот на овулација, па од тогаш се бројат околу 60тина дена. @trendafilka2 многу пати имам пишувано и јас и други на форумов, мачките НЕ треба да пијат млеко. Може да им создаде проблеми (пр. пролив, крвава столица и др.). Едноставно меѓу луѓето постои некоја тотално погрешна поврзаност помеѓу мачките и млекото т.е. дека ако сакаат да му дадат на мачето нешто да пие прво по што посегнуваат е млекото. Мачките може го пијат кога ќе им го ставите пред нос ама кравјото млеко не ги задоволува нутритивните потреби на мачките. Може и да не пројави никакви проблеми мачката (некои не се интолерантни на лактозата од кравјото млеко), но сепак нема реална потреба да го пијат. Mлеко мораат да пијат само мачињата кога ќе се родат ама не било какво, туку мајчино (мачкино) млеко или специјално млеко (не кравјо) доколку поради некоја причина мачката не е покрај нив. За мали мачиња кои почнуваат да јадат после доење има посебна храна. Jас на мали (до 1 год.) им зимам Whiskas јunior (има сува-поситен гранулат од храната за возрасни мачки, а има и конзервички јуниор), но би требало да има и друга храна по продавниците соодветна за раст и развој на мали мачиња.
Разбирам,млекото не е во ред,ама што тогаш да и се дава на мајката,нели треба течности,мене ветеринарот ми рече млеко да и давам.Во ред,ајде нека биде така,ама тогаш во замена за мелко што да и се дава на мајката?
Нема замена, на мачките единствено им е потребна свежа вода достапна во секое време (како и на секое друго животно) и секако добра храна. Кравјото млеко нема посебна хранлива вредност за нив. Голем дел се интолерантни на лактозата од млекото и затоа како што спомнав може да им предизвика помалку сериозни или недајбоже посериозни проблеми. Млечните производи подобро ги поднесуваат (јогурт, кисело млеко, павлака..) ама исто не е нужна потребата да бидат вклучени во исхраната на мачките. Секоја чест на ветеринарот што препорачува кравјо млеко за мачки, но кравјото млеко е соодветно за телиња. Мали мачиња дури може да дехидрираат од него, а тоа за жал може да е и фатално за нив. Ова за млекото пред се го кажувам од лично искуство, затоа што пред да видам што се случува со маче после пиење на млеко, исто редовно им сервирав млеко на мачки. Кога ги кажав на ветеринар симптомите т.е. ужасната дијареа за која немав идеја од што може да се појави, прво ме праша дали сум давала млеко...и ми одржа една добра лекција, која после повеќе слушнати и прочитани искуства и статии, се потврди дека е точна. Повеќе инфо: http://a1on.mk/wordpress/archives/31734 http://trn.mk/razmisluvate-da-posvoite-macka/ http://pets.webmd.com/cats/guide/cats-a ... -the-facts http://www.cat-world.com.au/can-cats-drink-milk http://loveingyou.hubpages.com/hub/Feed ... -The-Myths
Значи, моето куче е почувано, ми се чини од мене и сестра ми! Го зедовме многу мал, па страв ни беше да не ни остане кржле и многу си го чувкаме си има посебна храна, посебни витамини, посебен шампон, редовно се капе, се вакцинира, се шета секој ден ,некогаш и два пати на ден, си има играчки, топки, јажиња.. а за паразити Frontline се покажа ефикасно веќе 3 години еве Но, немав срце некако да го дадам да го кастрираат, премногу ми е гревче, ќе се најде некоја лабрадорка убавица понекогаш, али сепак не е тоа тоа и многу ми е мака да го гледам кога е депресивен пред две недели избега од дома, а таман го спремавме за да му дадеме Frontline, и за тие 12 можеби часа надвор од дома, успеа да собере некој паразит Шугарец го вика ветеринарот наш. и му се направи толкава рана на главчето, позади увце, ама она гадна крвава дупка у главата, нема ни крзно таму, и такво е отворена рана, одвратно е за гледање, а и многу го боли што е најжално али зедовме спреј еден син, и некои ампули, па му поминува полека полека За сите што си имаат куче, маче, знаете, но сепак : пролет е, врие од паразити, крлежи, болви, внимавајте убаво, сега се уште и ситни крлежите, да не му се закачат на душичето, па и за луѓето се опасни !
имам во двор едно маценче полу диво е, значи го хранам не бега од мене, но не дозволува да го чепкаш. на ушињата му паѓа коса, иначе има долго влакно, очињата понекогаш му се инфицирани, значи неможам ниту да го намачкам со маст, како би му помогнала преку исхраната каква капки да му ставам во млекцето, мора малку да го потпркнам, другите негови братчиња и сестри се видно поголеми од него и здрави се, ова е болникаво, а весело е цело време
^Однеси го на ветеринар,дури да даваш пари за ова за она и пка ништо да не се промени,бар однеси го ќе ти каже се што треба.
10 дена се стари моите кучња но вчера забележав како едното куче го трга од леглото и го крие од останатите.Дали би знаеле зошто го прави така? Дали треба да преземам нешто?
Ако го тргнува од другите најверојатно болно е кученцето незнам има така слушнато за мачките и за кучињата сепак повикај си ветеринар или консултирај се со него