Го правам со ориз во комбинација,некогаш додавам и свинско мевце ситни парчиња,а некогаш јајца. Обавезно оди со кисело млеко
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи ^ Ти благодарам Ана,дури сега го гледам твоето мислење,знев дека оксидира ама ме мацесе помислата сто во маркетиве може да се најде замрзнат спанаќ па си велам цекај да прашам добро сто не го замрзнав Инаку веќе средив со спанаќот,направив проја и остатокот ручавме.
Ах си јадам и јас спанаќ .Го подготвувам вака: За да не е жилав во печењето го обарвам по некаде околу 5,6 минути за да омекне само.Во меѓувреме правам запршка од црвена пипер .Редам во тава ред спанаќ,ред ориз и лукче,а попрскувам и со вегета.Го ставам да се печи во рерна и 10 минути пред вадење му ставам 3,4 јајца матени,не да се на око.По печењето сервирам и јадам .
Спанаќот може да го ставам во листата на мои омилени јадења Јас го правам вака: Рендам кромид и морков ги пропжувам во тепсија и им го додавам сечканиот спанаќ, после 5 минути додавам ориз повторно пропржувам 5-6 минути и му додавам врела вода. Откако ќе се свари убаво оризот го тргнувам на страна. Го јадам со кисело млеко
Го обожавам, манџа или потпечен со јајце или како салата, во зелник, во бурек...мх мх мх уште пас о јогуртче како одат овие работи, абе прсти да излижиш I <3 Спанаќ.
Се чудам само зошто го обарувате спанаќот претходно. Јас никогаш не го барам, го чистам, го ставам во вода со сол додека јас го запржам кромидот и оризот, потоа само го сецкам на поситно, го мешам со тоа претходно прженото, му дотурам млеко (за да не ми крцкаат после забите), вегета, сол и во рерна. Кога ќе биде течноста испарена, кршам неколку јајца одозгора и ги оставам да се испечат. најчесто го јадеме со кисело млеко или павлака.
Спанаќ обожавам - чорбест и потпечен. Го сакам во пити, пирошки, го мешам и во тестенини. Само да има некој да ми го измие Инаку најчесто го правам потпечен во тава со малку оривче. При крај одозгора кршам цели јајца (како јајце на око) и допекувам. Уф, ми се пријаде.
Јас спанаќот го правам печен настрана ја обарувам коската од кременадла таа вода му ја ставам во спанаќот а мевцето од коската го запржувам во истото ставам кромид и праз на крај малку оривче потоа се пече и навистина е вкусен Понекогаш знам да направам сукано со спанаќ и сирење, за поинтересен вкус
Леле кај ви текна за спанаќ кој ќе чека до пролет, не знам дали зимоска има. Ја порано ич не го јадев, првпат ми се заслади кога останав бремена, сама си го правев. Мајка ми и свекрвата го прават како манџа, мене не ми се допаѓа. Јас не го обарувам туку само го мијам. Прво пржам кромид и морков на тавче, па го сецкам спанаќот на ситно и го додавам. Малку магдонос, ориз две раце и зачини. Му ставам вода две шољи и малку да врие на рингла после го ставам во рерна да се испече скроз , да не остане ич вода. Пред крај го полевам со матени јајца, а го сервирам со кисело млеко. Абе прсти да излижеш. Не дека јас не сум јадела спанаќ, не знаеле да ми го направат
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Дали е вистина дека свеж спанаќ не треба да се сечи со нож за да се иситни туку да се кине со рака? Звучи глупаво ама имав полемика во која ме убедуваа дека ова е вистина.
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи ^Вистина е Наводно кога го сечеме со нож оксидира спанаќот од сечивото и со тоа се губи голем дел од хранливата вредност.
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Има вистина... исто и не треба да се готви во метални садови. Јас листовите ги кинам со раце, ретко употребувам нож. За волја на вистината, го готвам во садови од инокс, па не ми вреди што не го сечам со нож. А зошто не се сече со нож? Наводно, металот го „земал“ железото од спанаќот. Колку е ова вистина, немам поим.
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Така и мене ми објаснија ама не ми беа многу убедливи и викам да си прашам јас тука.
Го обожавам спанаќот! Чорбест, потпечен, во пита и секакви бели пецива, како салата, и исклучиво во првите две верзии без кисело млеко, ориз, јајца, туку чист, така ми е најубав вкусот. Незнам да го подготвувам, освен салата, а при салата експериментирам во разни комбинации. Омилен ми е со свежи кругови краставица ( која секогаш ја јадам нелупена), маслинки, малку пармезан, сончоглед лупен, сушена блага пиперка, некогаш бејк ролс парченца, балсамико, соја сос, маслиново, морска сол, и плус фурнаринки со многу сусам- мјамиии... Го комбинирам спанаќот и во шејк верзија со банани, јагоди и млеко, има кремаста содржина, и зелена боја, која гледам да е често застапена во мојата исхрана како синоним на здрава храна.
На овој начин најчесто готвам спанаќ. На малку масло пропржувам сецкан кромид. Додавам ориз. (за една особа едно филџанче ориз). Додавам вода. Откако ќе е скоро варено го додавам спанаќот (кинат со раце) и го оставам уште неколку минути. Во меѓувреме ставам зачини. Јас го правам густ, да не е како манџа.
Јас најмногу сакам да правам салата со спанаќ. Така спанаќот е свеж, а и многу повкусен ми е од зелената салата.
И јас сум обожавателка на спанаќ.Еве како го правам јас Најпрво убаво го чистам потоа го мијам,го ставам убаво да зоврие да омекне скроз.веќе исецканиот кромид две главици ги динствувам така речено да се стопи,но во зејтин во кој претходно ми е пржен стекот накрај додавам oриз црвен пипер и сето ова се пече.Го сервирам со стек и пржено сирење. Пред некое време го правев со праз и кромид бидејки добива поубав вкус,но откако имам здраствени проблеми со желудникот веќе не правам ништо со праз иако премногу го сакам
Освен пита со спанаќ, не го сакам баш Што знам, порано јадев и манџичка ама сега некако јок, знам дека е здраво ама па кога неможам, нема да се правам Попај со сила
Спанаќот најчесто го јадам во сендвичи и традиционалното со ориз. Само јас кога го сервирам со ориз го посолувам одозгора со пармезан. Често знам да го додадам и во смуди неколку ливчиња. Не го менува многу вкусот а смудито го прави поздраво.