Сестра ми бара некој рецепт, односно незнае како се плети некакво класје (нешто како плетенка) ме отру и се јавува на мајка ми па вчера мене во 2 саатот вечерта и си реков ајде да побарам за неа нешто но не најдов си реков ајде овде на фемина ќе побарам нешто. Ве молам помогнете ми.
Плетење „класје„ ништо не ми е јасно, сигурно е нешто што се прави од тесто и како погача му доаѓа. Пиши некој детал па ке заплетеме ако треба
Плетење „класје„ Мајка ми обично прави милиброд или козињак за Велигден или за Божиќ и најчесто го прави како плетенка. т.е тестото откако ке го измеси, го дели на три дела ги сучи долгунесто и потоа ги плети како плетенка и така го става да се печи. Најверојатно за тоа станува збор. Моментално го немам рецептот , ама ќе го побарам и ќе го напишам подоцна Разделете го тестото на пет еднакви делови, оформете пет еднакви по дебелина ленти од тесто и поставете ги една до друга на работната маса, на хартија за печење. Притиснете ги едно до друго горните краеви на лентите од тесто. Тестената лента (1) префрлете ја над лента (2), под лента (3) над лента (4) под лента (5) Сите ленти изместете ги надесно и потоа земете ја најдесната лента и поставете ја над лента (3) под лента (4) над лента (5) и под лента (1) Повторете го дејството од слика 3 колку пати што е потребно, секогаш започнувајќи од десната страна. Добро притиснете ги краевите. Еве што најдов на интернет, овде е направено со пет ленти. А може да биде и со три. Зависи како сакате
Еве имало тема, за малку ќе отворев нова. Јас уствари сакам да правам милиброд, најдов и рецепт, со тоа што тестото не ми е воопшто проблем, но откако 2 пати ќе стаса - не сакам да плетам плетенки и чуда, сакам да има повеќе мармалад, но како, колку ленти да направам, должина, ширина од прилика, одат ли една врз друга со мармаладот, па потоа виткањето, како оди? Еве го рецептот. http://www.kulinar.mk/recepti/Milibrod.html Сепак мислам дека една тема за благи традиционални јадења нема да ни е на одмет, м?
Пробај го она второто што се мота како ролат. Расукај ја кората одприлика како тавче бр. 32 (ама сум сликовита ). Ако имаш повеќе тесто подели го на 2 дела па направи 2 ролата. Кога се печат нараснува тестото. Незнам како да ти објаснам... сакав да ти кажам дека прво посоли мак-афион на тестото па потоа џем од сливи-мала слатка тајна на извонреден вкус
^ Фала многу Славица, разбрав од прилика, ролат ќе биде. Јас за почеток ќе правам половина доза, значи ќе имам едно ролатче и се надевам ќе испадне ок. А дебелината на расуканото? Подебело, потенко,
Потенко, 5-6 мм - 1 см затоа што нараснува тестото. Ајде па ќе чекаме резултати, инаку и мене ме намами да ти кажам право ај ај утре месам јас
Јас ќе напишам еден рецепт за козињак ( само што го испробав ) Рецептот е грчки , на грчки козињак се вика цуреки Козињак Прва смеса: 120 мл. вода 120 гр. свеж квасец 1л. брашно Vтора смеса 7 гр. махлеп 2 гр. мастиха 1 ванила ренден портокал Tрета смеса 100 гр. маргарин 200 гр. шеќер 2 гр. сол 4 јајца 200 мл. млеко 1 кг. брашно Nајпров се мешаат состојките од првата смеса и се остава да стаса. Vо блендер се става втората смеса и се се меша. 100 те грама маргарин се матат со шекерот , се додава втората смеса , па млекото , јајцата и првата смеса со квасецот. Pотоа полека се додава брашното и се оформува тесто. Tреба тестото да не се лепи./ Sе остава да стаса во сад подмачкан со маргарин 1 саат. Pотоа се премесува и стасува во истото место уште 1 час.Sе плете во вид на плетенка и се премачкува со жолчка од јајце.Mене лично ми излегоа 3 плетенки Rерната се загрева на 150 степени , а се пече додека не се зацрват плетенките