Не видов никаде ваква тема, а многу ме интересираат ваши мислења ставови, дали слушнавте дека владата ќе вработува 1600 граѓани од 4 те ранливи категории, долгорочно невработени, многудетни семејства, еднородителски семејства. Јас аплицирав, и се надевам. Ваши мислења?
И јас планирам да аплицирам, но мекако не гледам мн надеж во овој оглас Сепак СРЕЌНО Н СИТЕ што се пријавиле
Заинтересираноста е премногу голема, нормално со толкава невработеност во земјава, голема гужва се создавала пред Македонски шуми. Секако дека не можат сите да не вработат но барем нека биде реално оценувањето на тоа кој има најголема потреба од вработување. Но се сомневам дека ќе биде реално, којзнае колку врски се бркаат сега "очи се вадат, гзови се продаваат". И јас ќе се пријавам ама тешко е и врски да бркаш со толкав број на пријавени.
Добре бе луге.Ај да не се рече дека бираме ама еве јас на пример размислувам што би работела жена на 40 години во македонски шуми а ги исполнувам сите услови. Се си мислам ако аплицирам ке изгледа смешно.Сите ранливи категории у македонски шуми.Ова ми се чини не селектираат како овци уште и бројка на уво да ни стават и ај у македонски шуми. А колку не има и Амазон не не збира. За какви работни места се аплицира? До кога е рокот за апицирање знае ли некој?Да се обидеме ај.
Се аплицира мислам до 22.06.2013. Аплицирај, ако имаш врски што ти е гајле на какво место ќе те стават. Ако имаш образование ќе те стават се надевам на соодветно место. Оние со основно сигурно ќе ги стават во преработка, обработка, што знам да сечат дрва да собираат, тие со средно некакви работници, потрчковци, слично и со високо образуваните, ќе ги стават во некоја канцеларија,архива и сл. да средуваат или издаваат документи.
На овој линк http://mkdsumi.com.mk/aktuelnosti.php?a=27 ги имате: 1. условите кои секој кандидат во зависност од групата/категоријата во која припаѓа треба да ги исполни 2. документите кои ви се потребни и рокот за пријавување 3. можете да ја превземете и апликацијата па истата да ја испратите на адресата која таму ви ја покажува Со среќа на сите што ќе аплицираат!
По вработувањата во Македонски шуми, ќе се прави распределување по други институции. Беше кажано на сите вести.
Нема сите вработени да останат во македонски шуми, тамо е огласот, после селекцијата ќе ги распределуваат на места каде што има потреба vinozito1 не се думај кај ке работиш веднаш пријави се, можеби и нема да ти требаат врски бидејќи селекцијата е во министерство
Освен диплома, државјанство, апликација, дали поднесувате и некои други документи дека ги исполнувате условите од точката под која се пријавувате, на пример потврди за невработеност од Завод за вработување, некоја потврда од УЈП за приходи итн ?
На линкот погоре пишува само тоа.Електронските податоци ке се проверувале.Баш ми е чудно што не се бараат тие подврди од Завод од УЈП.А да си прашаме телефонски во Македонски шуми еве ти број 389 2 2581 080 на централа и овој на директор 389 2 258083
^^ Тешко дека ќе одговорат во македонски шуми, бидејќи огласот го распишува Владата, ама и во Влада нема да ти кажат точно а тоа дека секој пријавен кандидат ќе го проверуваат дали е стварно невработен тој а и цела негова фамилија-чисто се сомневам, нема да функионира праведноста тука мене така ми изгледа. Ако веќе аплицираме најдобро и потврди да си извадиме.
И јас се мислам дали да поднесам ќе си ја пробам среќата па што биде нека биде а дали треба документите да бидат заверени на нотар или само ископирани има ли некој таква информација сега нешто слушам требало заверени да не знае некој колку е точно ова ?
Па во огласот пишува копии а не копии заверени на нотар, така да спротивно на огласот би работеле ако бараат заверени. А и плус нема логика од невработени луѓе кои се во тешка финансиска состојба да бараш заверени копии.
Јас сакам за татко ми да аплицирам, и имам прашање. Дали може на една испринтана апликација за конкурирам и за 1а и за 1 б? Или треба 2 различни апликации? И... Мора по пошта или лично нели? Неможе електронски?
јас сум студент и сакам да аплицирам,но во завод за вработување не сум евидентирана како невработена..може сепак да аплицирам или?
viiiiip - И јас се прашувам дали може на една апликација за повеќе места, маж ми повеќе заокружи. sadgirl21- ти не можеш да се пријавиш под подточка а и г (зашто не се пријавуваш во завод повеќе од 10 години и не си евидентирана како невработена (при што мора да нема вработен од твоето семејство)), во тој случај ти остануваат другите подточки, самохрани родители или деца од многудетно семејство. Во моментов сигурно има над 10 000 пријавени, дуплирај ги тие со уште толку до истекот на рокот и подели ги со твоите можности, е толку шанси имаш И од таму знаат дека се е наместено "тој што ти обеќал ќе те прими и еднаш ако се пријавиш"
А ако семејството има четири невработени члена?Може ли сите да аплицираат?Од секое семејство само по еден можел да аплицира. Кажале дека оние што се обидуваат преку врски одма ги бришат. Дали е вистина? Или сакаат народот да не трча по канцаларии.
Јас прв пат од тебе слушам дека само еден член од фамилија може да аплицира (тоа никаде во огласот не го пишува, може си шират муабети само) Абе што ми е гајле, двајцата ќе се пријавиме, голема работа и онака никој нема да разгледа толку апликациии. Така рекле за да можат полесно да влезат тие што имаат појаки врски, да не се создава конкуренција. Некако немам ни волја да аплицирам, немам врска - министер.
Ви посакувам на сите среќа во врска со огласов секој да си ја најде среќата под ова небо секој заслужува