а рижото со шкампи во Далмација го прават така што: - на масло се проржува лук и магданос - во тоа се додаваат исчистени шкампи да се продинстаат и се додава доматно салце, презла и вода и во тоа да се провирајт за да омекнат. - се става оризот и долева вода се додека тој не омекне. - 10 минути пред да се извади се става вино и маслинов зејтин. ова е многу убаво!
Во принцип секое рижото се подготвува на ист начин само вкусот е раличен во зависнот од состојките кои ке ги ставите внатре а некои состојки се ставаат на крај(на оние не кои не им треба варење како и свежите зачини и билки) Рижото со кромид и панцета - 300гр Ориз арборио но ако не ви се даваат 190 ден и македонскиот ке заврши работа -150гр Панчета -2 кромида -1 зеленчукова коцка -30 гр путер -околу 5 супени лажици свежо рендан пармеззан -1л вода -150 мл бело вино -сол и бибер -2л маслиново 1 главица кромид се сецка се запржува да добие златна боја сее сецка половина од панцетата се додава да се пропжи па потоа оризот да се кристализира потоа виното се меша додека да испари откако ке испари лажица(кутлач) по лажица се додава од супата ( да испати првата па потоа втората) се додека не се свари оризот на карј се додава путерот и пармезанот солта и биберот. на страна во тава без масло се пржи панцетата да стане крцкава ве вади и се става на салфета во маснотијата се додава 2 главица кроми исечкана на кругови и се поржува да омекне откако ке биде готово рижотото се додаваат како декорација а може и да додадете и свежа рукола.Се севира топло
Битерсвит тоа апарат за готвење на пареа е? Имам сличен ми го донесоа поклон не сум го употребила сеуште , само не знам како би приготила ориз на него ?
Јас го знам како риЗото од една блиска која има работено во странство во повеќе италијански ресторанти. Не успева со нашиот ориз, треба некој што останува цели зрна и се вари во тенџере, не се пече. Еве како го прават италијанците: Се сецка кромид и се пржи во тавче. Во меѓувреме се става тенџере со вода да врие со коцка супа внатре. Кај кромидот се додаваат печурки, не мора да се многу ситно сецкани. Малку подоцна се додава и голем филџан ориз, малку бело вино и малку сол. Кога ќе се подпржи, оризот се додава во водата што врие и се вари. Повремено треба да се меша. Препорачливо е да имате на страна врела вода, ако видите дека има потреба да додадете. Кратко пред да го тргнете од оган, додавате рендан пармезан и малку неутрална хопла за готвење. Превкусно е Доколку имате да додадете и шафран би било уште повкусно.
Дали сте го купувале оној од Кам маркет , со долги зрна , ориз? Дали е убав ( не како басмати али да се цели зрната) ?
Јас купувам Има три кесички внатре ,го варам со малце вагета.За класична ориз тава не е,остануваат сувкасти зрната,цели Ама за рижото,за во калпчиња да го ставаш како прилог е супер
Старо е мислењето, ама да споделам. Нешто слично правам, само без виното и хоплата, ама нареден пат пробувам со нив. Тајната е мислам во коцката супа, многу убав вкус му дава. Исто додавам и малце луто внатре. Превкусно е.
Во потпржен кромид додавам ориз, ставам вода и коцка за супа (вода ориз 3:1) кога ќе е готов оризот една лажичка путер, малку магданос, и претходно сецкано пржено пилешко (стек)