1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сарма

Дискусија во 'Рецепти' започната од RedRose97, 16 октомври 2010.

  1. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Темава не ви требаше :worried: Уфффф од се би се откажала само од сарма не и уште посна да е со риба ептен иде , би можела цело тенџере да изедам :D
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Немам правено никогаш, но знам отприлика како се прави од гледање. Знам само дека мајка ми ја прави многу убава. А зелка користи онаква од расолница.
     
  3. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Знам да правам сарма , и со зелка и како полнети пиперки , значи во загреана тава со масло ставаме ситно исечкан кромид и мелено месо да се прзи , додаваме веѓета ,сол и мелен црн пипер , откако ќе се испржи месото го тргаме од оганот и кога ќе застине со лажица земаме од месото и ставаме на кисела зелка и завиткуваме истата постапка ја повторуваме се додека има месо , Исто така е и со пиперките ги полниме со месо ;) Од како ќе ги замотаме сите ги ставаме во подлабок сад за печење и додаваме врела вода , и малку доматен сос за да добие боичка , ставаме во рерна на одредена температура и печеме ... вкусно
     
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Дали знае некој каде можам да најдам посни сармички готови ама да се вкусни :) (знам дека многу барам)
    ми требаат итно за во сабота за гости. Зелката не ми е уште стасана :rofl:
     
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Готови направени да побараш по оние кујните што продаваат готова домашна храна, знам имаше една во ГТЦ, на Уранија мислам беше.
    А можам да ти дадам совет да си купиш кисела зелка од Кам, и да си спремиш сама, најубаво.
    Побарај низ продавниците на Кам, запакувана кисела зелка, и е за смешна цена, неповеќе од 100-150 денари, а внатре имаш многу(точна килажа незнам), ама знам дека и нас кога не ни стасана, проаѓаме за слава со 2 такви ќесиња, што значи едно ќе ти е доволно.
    Ќе ја пробаш, па ако не ти е доволно кисела, можеш со лимонов сок од Кам да ги испрскаш листовите.
    Само побарај, негде имаат, негде не, а негде е во форма на цело зелче, зависи од пакување.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Ние купуваме од тинекс или СП маркет. Можеш да си купиш и да ги пробаш па да одлучиш. За цена не ми текнува колку се ама не беа скапи.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Ма ќе мотам сарма од лозов лист сеа :?:
    Мртов гладен сум а листовите ми стојат у фриз веќе .... недела дена.
    Ќе смотам повеќе и пола ќе ги смрзнам за у Петок ;)
    Ај може и слика ќе ставам какви ми излегле.

    Со месо, се разбира.
    Да не се прашувате какви. ;)