И јас слушнав за ова и баш преска отворив на нивната веб страна но нема никаква информација дека рокот е продолжен, односно уште си стои дека е до 22.06. http://www.mkdsumi.com.mk/aktuelnosti.php?a=27&page=8
Дали е информиран некој, кога ке дадат фидбек? До кога ке биде селекцијата? Кога ќе ги објават првичните резултати?
Да и мене ме интересира кога ќе дадат резултати. Што мислите ќе палат врски, можеби и однаперд се примени луѓево а ние си се надеваме.
Да и мене ме интересира кога ќе дадат резултати. Што мислите ќе палат врски, можеби и однаперд се примени луѓево а ние си се надеваме.
Неоспорно е дека дел така ке влезат. Аман више од тие врски! Да се надеваме дека бодирањето ке биде како на рекламите што одеа. Се надевам дека се ќе помине во ред. И дека и ние обичните смртници што немаме врски дека ке добиеме позитивни резултати
Тешко за нас обичните смртници, место нема , ќе си чекаме и ќе се надеваме, и покрај се, сметам дека и ова ќе биде ептен изманипулирано, барем нека се сожалат на тие што стварно се во многу тешка ситуација, а ги има многуууу
Дечко ми аплицираше и доби архивско бројче 14500 значи тој е по ред 14500 кој поднел документи, а тоа беше негде средина на јуни, а до крај којзнае колку поднеле документи. Се сомневам дека реално ќе се гледа, во општината од каде е дечко ми направиле список кои луѓе ќе бидат вработени и ги испратиле во влада тоа е од сигурни извори Му кажаа нему в лице дека тој нема да влезе во овие
Срамота и греота е ова, претеризам, па подобро и да не ги пуштаат тие глупи огласи, колку од овие што се пријавени трпат за леб, буквално немаат леб да јадат, и јас се пријавив ама знам дека ништо од бизнисот , немам ниту врски, ортоми, гајтани, а ни ладало т.е книшка. Барем еднаш нека биде како што треба во оваа ска*ана држава, нека помогнат на тие што најмногу треба, жално и бедно е ова
Има ли некој било каква информација во врска со изборот за македонски шуми, помина доста време а ништо не изјавуваат, до кога ќе биде изборот, што се очекува и сл.?
Септември? Денеска кажаа дека малку конкурирале со високо образование? Што сега ќе чекаат да аплицираат со високо образование? Искрено јас кога подавав документи аплицираше и ќоро и сакато. Мислам пак треба да има некоја селекција. Ќе не викаат на интервју или едноставно ќе одлучат.
Што стана со огласов? Прелиминарни резултати, кога ке почнат да викаат за интервјуа? Има ли абер да известат, чисто колку луѓето да си знаат? Имате некоја информација, неофицијална?
Јас мислам дека чекаат да заборавиме дека сме конкурирале на огласот за да можат да си пикнат нивни луѓе а никој да не примети. Да беше ова сериозно до сега ќе известеа како тече постапката и во колку круга ќе се вработуваат, зашто вака е многу несериозно, толку невработени да исчекуваат а никој од никаде да не известува.
тие ги пикаат своите луге а потоа пуштаат конкурс за вработување а лугето кои треба да се влезени на работа веке работаат Ч)
Имате ли некаква информација за огласов Јас разбрав дека има некоја селекција извршено како ,,најтесна,, ама ништо нема никаде објавено. Да не знаете кога ќе има официјални разултати барем отприлика
На двајца мои пријатели им се јавија дека биле избрани, баш завчера. Како тоа на некому се јавиле, а некој поим си нема? Изгледа зошто овие двајца се вработени со партиска книшка. Однапред се знаеше за огласов, се со местенки, да не ја вреѓам државава...
Озбилно!?? Има ли нешто во државава што НЕ е наместено?! А сигурна си дека пријателиве твои се со партискии книшки? Или се рандом луѓе? Се надевам дека допрва почнува јавањето на тие што стварно заслужуваат да бидат избрани.