1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Tавче гравче

Дискусија во 'Рецепти' започната од wolf4e, 3 август 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    вака многу сакаме дома тавче гравче,посебно мажот ми,ама јас незнам да направам :$ видов на гугл нешо рецепт,ама тешко е да најдеме грав кај нас ваму,па само во конзерви имат варен,и ве замолувам кажете ми како да направам :) чекам одговори :*
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Еве јас ќе ти кажам како да го направиш од тоа што знам и гледам како мајка ми го прави и е превкусно.Гравот убаво треба да се свари.Инаку обавезно во земјена тава да го правиш.Е сега она става и пржено кромидче додава и морковче ситно сецкано,може и зелена пиперка ситно исецкана па зачин, црвен пипер, црн бибер и нормално ова ќе го измешаш и ќе доставиш малку вода од таа во која си го варела гравчето.Ако сакаш можеш да ставиш пиперки цели над него да се испечат заедно со гравчето.Ќе го полиеш со масло озгора доволно и после стави го да се пече.
     
  3. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    А јас ќе ви кажам како мајка ми го прави,сега веќе и јас,на еден да речам стар начин,онака како знам дека се прави тавче гревче.Можеби нема да ви се допадне ама мене ме е превкусно.Решив да пишам затоа што,тој рецепт од јуле јас го викам грав во тавче,а тоа што го занам како стар македоски ревепт за тавче гравче е со праз и затоа тие сто не јадат праз мислам дека нема да им се дошпаде,а вака е:
    Прво во едно тавре,по можност земјено,а и не мора,ке ставиш праз ситни исецкан,на масло да се испржи.Во посебно тенџере ќе го ставиш гравот да се свари,а ако е од конзерва веќе сварен уште поубаво.Зачи одкако празот ке се испржи ќе му ставиш сол,црн пипер,вегета(зачини по избор,ова јас ставам) и ке го ставиш одозгора гравот.Во посебна чинија ке ставиш неколку лажици брашно(во зависност колку јадење приготвуваш) и ќе ставиш вода и убаво ке го измешаш,и потоа оваа ке го истуриш одозгора врз гравот(нема да мешам така нека си остане,ни кога ќе го ставиш гравот нема да мешаш).И на крај ке исечеш една пипетка на доги парченца и ке ги наредиш одосгора и еден доамт на тркалца исецка и него го редиш одозгора.И на карај сето ова го ставаш во фурна малку да се испече.Сосема за крај ПРИЈАТЕН АПЕТИТ :* .
    Ми даде убава идеја што да зготвам денес.
     
  4. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Во последно време секој петок за ручек имаме тавче гравче со спанаќ.
    Го варам гравот, првата вода ја фрлам, и го ставам во експрес лонецот за 20тина минути е сварен.
    Во тава пропржувам кромид и пиперка, го додавам спанаќот и мешам додека да се растопи, додавам сецкан морков, и на крај гравот, вегета, суво нане, малку црн пипер. Налевам вода и тавата ја ставам во рерна негде околу 1 час.
     
  5. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Баш вчера вечерта направив гравче-тавче. Не бев јадела вакво гравче. Ова си е македонски рецепт и во едно книже со македонски рецепти видов како се прави. После маж ми и мајка му по телефон ме заебаваа бугарка прави македонско тавче-гравче ова она... И така, рецептот е:
    [​IMG]
    500гр грав
    250гр масло
    3 главици кромид
    2 суви пиперки
    1 главица лук
    сол
    црвен пипер
    магданос
    црн пипер

    Гравот се вари, но да се внимава да не е преварен. Во земјена тава се става маслото и кромидот да се пржи. Откако се изпржи кромидот, се става црвен пипер и во тавата се претура сварениот грав.
    Се меша добро и се додава водата во која се варел гравот, се посолува, се редат сувите пиперки, се става надолжно исечен лук, магданос и црн пипер и се става во рерна да се пече.


    Супер едноставно и ептен вкусно!
    Наздравје!
    [​IMG]
     
    На figgiMK, Annath и wolf4e им се допаѓа ова.
  6. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Еве да ви кажам јас како си го правам:
    Ставам да се вари грав и првата вода по зовривањето му ја фрлам. После тоа го ставам пак да се вари со 2 суви пиперки во него и 1 среден кромид цел (само излупен). Кога гравот е готов, земам брашно 3-4 лажици и малку лук насечкан на ситно и ги пропржувам (брашното да зарумени како за запршка), а после додавам и црвен бибер. Така запршката е готова и ја додавам во гравот кој е ставен во калено тавче (ако нема калено во обично). Во гравот додавам и 1-2 лажици вегета, малку црн бибер и малку нане.
    Да не заборавам пиперките кои се вареа со гравот ги ставам и да се потпечат со него, а кромидот го пасирам и го враќам во гравот.

    Во гравот некогаш додаваме и чаден свински врат или некои колбаси.
     
    На Annath и gwen им се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    На сличен начин и јас го приготвувам, мајка ми ме научи. :D
    Прво го ставам гравчето во тенџере да кисне преку ноќта. Утредента пред варење ја истурам водата и залевам нова. Го ставам да се вари и откако ќе проврие ја истурам и таа вода и ставам пак нова. Додавам една средна главица кромид претходно излупена, зелена или црвена пиперка-исчистена од семки и пресечена на половина и оставам да се вари. Откако главицата кромид и пиперките ќе омекнат ги пасирам со вилушка и ги враќам во тенџерето, тогаш додавам малку зејтин и сол. Во текот на варењето додавам вода по потреба и мешкам повремено да не загори.
    Кога гравчето речиси ќе биде сварено (ќе биде меко и течноста малку ќе згусне и водата станува кафеавкаста-ова за тазе домаќинките полесно да препознаат кога е варено :lol: ) во тавче (уште поубаво ако имате земјена тава на располагање-јас немам :( ) го префрлам гравчето, додавам и од водата колку да се прелее.
    Во тавченце ставам зејтин и го ставам на рингла да се загрее, додавам 1 лажица црвен пипер, го тргам тавченцето од оган и мешам да добијам хомогена смеса и истурам во тавата со гравот. Додавам пак сол по вкус и мелен црн бибер. Некогаш ставам кобасички или пак пушено мевце (пр. ребра).
    Ставам во релна да се пече. Е сега се пече онолку колку што сакате да ви е течно гравчето, ако сакате потечно доволно е да проврие и малку да испари течноста, а ако сакате посуво-додека не испари водата....пазете да не Ви загори.

    Ако сакате течно гравче-не печено во релна, тогаш вака правам....кога гравчето ќе се свари во едно поголемо тавче или чинија вадам од гравот, го пасирам со вилушка, додавам црвен пипер и враќам во тенџерето назад, мешам и оставам уште малку да се довари и готово е.

    Се обидов што подетално да објаснам, се надевам помогнав. :)
     
    На Annath и Phyramide им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ооо го обожавам! Во кафана сите кога нарачуваат плескавици - јас често знам да си нарачам тавче гравче. Им ја разубавувам вечерта после :D

    Се шалам, ако убаво се спреми, нема летање на Марс :wasntme:

    Еве јас како го правам према она што сум гледала од тетка ми и мајка ми со таа разлика што јас малку знам да се занесам со зачините, па малку е пикантно она моето, но нема врска, никој не се пожалил засега, напротив :)

    Најпрвин го оставам гравот во вода преку ноќ. Ова ми е најсигурно затоа што сакам да е убаво сварен потоа. Таа вода ја истурам, ставам нова, ставам една главица кромид и го варам гравот.
    Откако е убаво сварен веќе почнувам да си ја подготвувам запршката. Толчам неколку чешниња лук и ги пропржувам на поголемо количество зејтин (мислев повеќе отколку што ви е потребно за лукот) и освен нив ставам и цел лук, неистолчен кој потоа оди директива во тавчето со гравот. Додавам црвен пипер, буковец, и една супена лажица брашно. Понекогаш сецкам и луто пиперче во запршката. Сето ова го прелевам во претходно сварениот грав и откако се така убаво ќе промешам додавам вегета и црн бибер. Целото ова го истурам во земјен сад и посипувам со буковец, или ставам суви пиперки на врвот, евентуално колбаси. Зависи дали сум расположена за колбас :)
    Се пече во рерна на отприлика 180 степени околу половина час, а јас потоа ја гасам рерната и го оставам уште едно 20 минути да крчка така.
    За времево не мора да значи дека точно толку и толку минути ви се потребни, впрочем ќе видите самите кога е потпечено веќе.

    Првите 2 - 3 тури тавче гравче во животов ми куварски и самостоен ми беа не баш успешни иако е навидум многу просто и едноставно за подготвување, ама немав убав грав. Ми продале мешан - стар и нов и кога јадев, едно гравче тврдо, едно меко. Ќе збеснев.
    Значи рецептот односно јадењето како јадење е навистина едноставно но се зависи од гравот. Тетовско ако немате џабе ви е :P

    Ајде Волфче домаќинке, прави па сликај да видиме како ти искочило :)

    п.с. Ја читам сега Лолита и гледам малтене истиот начин на подготовка, ова по некоја тетовска линија да не е а? :D Заборавив да кажам дека и втората вода ја истурам :)
     
    На koritsaki, J.Ivanoska, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.688
    Пол:
    Женски
    Мммм моето најомилено јадење. Сега ке кажам како јас го правам

    Прво гравот го ставам во вода пола саат да стои. Па потоа додавам црвена пиперка и го варам се додека не се свари добро.Потоа кога ке се свари, водата пола ја фрлам а пола ја оставам во тенџерето и додавам исечкан праз ( може и претходно да се свари во вода ама и не мора ) па се додава нане ( може и од кесички чај ако немате сув- јас ставам 2 кесички) и се додава мелен црвен пипер помешан во пола филџан зејтин. И потоа црвената пиперка се лушти од лушпата и се додава внатре во гравот. Ова се добро се меша и се става во земјено тавче да се пече околу 20 минути.Ако нешто не е јасно пишете. :) Добар апетит!
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Мајка ми праве тавче гравче кога од петок ќе ми остане боб..и да не го фрлеме ке го направе тавче гравче...
     
  11. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
    ЕВе еден совет плус од мене никако не го заборавајте свежото нане,толку е добро му дава посебен мирис и вкус на гравот а и така ќе се решите од мачнините во стомакот ;)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.