фарбава што ја имаш постирано е за шатирање , а оваа што ја поставив јас е за омбре една моја познаничка ја проба но на темно кафеава коса немаше некој многу видлив резултат е сега ако ја повтори втор пат може и да ма подобар резултат Инаку овде кај што живеам во Грција ја има а за во Македонија незнам , баш провери
Јас ја пробав оваа варијанта со чоколадната маска бидејки имам плава коса и многу ми се допадна Чоколадна маска за коса ,масажа на скалпот за неверојатно опуштање и фенирање ЗА САМО 300 ДЕН. Фризерско козметичко студио Fashion and Vision населба Дебар Маало ви ја нудо оваа НЕВЕРОЈАТНА ПОНУДА... Понудата е на следниот линк http://www.topfriends.mk/p19.html
Девојки имам темна коса поточно фарбана бев лани црвена па се исфарбав кафена која црна стана и од мај ја немам чепнато ни со пегла ни со фен е сега ја сакам да се фарбам плава. Ќе ме горат со бланш прво? И дена коренот ми е подникнат три прста ќе фати ли исто и по должината. Мака ми е да не ми биде никаква па да не ја горам за џабе :/ вие што мислите? Или пак некоја идеа или совет?
би ти препорачала да не ја гориш косата , и јас бев како тебе зимово и да ти кажам многу се каам уште неможам да ја вратам косава во нормала , ми беше црна сакав да ја исфарбам црвена и ме бланшираа , косава ми стана како сено , влакното тенко , се кине и на крај пак се вратив црна
Мојата природна коса ми е многу кафена, можам да кажам и црна ми е. Размислував дали да се фарбам. Само не знам каква боја. Плава нема шанси јас имам темен тен и нема да ме личи. Црвена исто така не. Не знам дали да пробам со костенлива боја? Од една страна сакам да се фарбам, од друга страна си велам да не се зезнам, па да не ми биде убава бојата на косата.
Зависи колку ти е темен тенот бидејќи плава може убаво да изгледа и на темен тен..А идејата за костенлива ти е супер костенлива коса и темен тен изгледа прекрасно и нема зошто да се зезнеш од таа боја на коса можеш мн лесно да ја вратиш пак твојата доколку не ти се допаѓа
можеби ќе ме сметате за мрдната,но дали воопшто постои уште зелена фарба и ако може да ми кажите која е
Еден апдејт за Гарние Олиа: многу бргу паѓа. Сега пак сум на светло бакарно кафената основа од претходниот пат, толку од махагони кафената.
што мислите за фарбање само на врвовите ? вака нешто со степ како на видеото ? дали излегува убава боја ? дали некој го испробал ова ? ии уште нешто кој вид на степ вади убава плава боја да не биде како портокалова ? http://www.youtube.com/watch?v=MlGCChOrH2Q
Јас имам пробано се фарбаш или бојадисуваш како и да е и амин вадење. Мн тешко испаѓа. Додека да се исшишаш ќе ти стои само ако правилно напраиш се
Јас само за бојадисување црно не сум , освен ако не планираш така да си ја носиш мнооогу време или пак планираш да се шишаш ,еднаш се офарбав и колку мака видов не излегува и е излегува , па пола коса ми бесе црна пола темно кафеава , среќа што природната ми е кафеава ама многу темна , инаку од февруари годинава сум црвенокоса , првин бев некоја природна нијанса измеѓу кафеава и црвена и во три бои се фарбам од тогаш и ми се преливаат воопшто не изгледа нападно , имам обратно омбре мене долу ми е најтемна , некоја така чоколадна нијанса со црвено виолетов сјај ама многу темна , по ова фарбање првово бев и накај помаранџеста ама не јако некоја дреч него така симпатична нијанса , и повторно 3 бои надолу 2 потемни од горе , сега за да не ми пожолти од сонцето се фарбав баш црвена мислам не некоја апла јака ама се познава и во темница дека сум црвена , а после одмор ке си ја вратам таа накај помаранџесто изгледа ... Инаку обврска некоја и не ми е се фарбам секогаш на фризер и јас конкретно не се покајав ,напротив ми дојде како освежување и повеќе си се бендисувам вака
Што убаво си имав кафеаво светла природна боја на косата. Откако почнав да се фарбам ја оштетив скроз. Прво ја изнијансирав, потоа плава ја фарбав, па од плава директно црна. Решив да не ја фарбам и две години едвај ми се врати во нормала косата и мојата природна боја. Потоа не знам што ми текна пак се изнијансирав, и пак плава се направив. Ја носев една година така и потоа ми здосади и ја исфарбав кафеава, од кафеава ја исфарбав за два месеца црна. И така две години ја носев црна. Сега моментално си ја враќам пак мојата боја една година не сум фарбана.
Мене баш таа нијанса ми се свиѓа, после 1-2 недели откако ќе падне фарбата. Ми беше малку темна на почетокот, како трула вишња (истата нијанса ја земав како и ти на Олиа), ама кога почна рамномерно да паѓа после миењето, развлеков насмевка. Се добива многу убава, сјајна, природна бакарна нијанса, би ја купила пак. Плус дека без амонијак не ја оштетува косата, мека и убава на допир. И пакувањето е преубаво значи, многу луксузно и тубата лесно се стиска за разлика од други марки на фарби кои ме вадат од такт.
Е сега ме замисли- јас пак мислев дека скроз ми паднала бојата и сум дошла на нијансата од претходното фарбање, на оваа а сега испаѓа дека така “ се развива“ бојата? Инаку и мене премногу ми се допадна Гарние Олиа, и навистина сакав да се фарбам пак со неа, ама после ова искуство со паѓањето на бојата, во петокот се исфарбав со оваа од Шварцкопф. Ако некој е заинтересиран за неа, намалена е 40% во Космо до 1ви август. Ја купив 240 денари.
Јас се имам офарбано црна, само не се сеќавам шо марка беше фарбата и за месец време целосно ми падна фарбата и повторно си ја добив старата кафеава коса. Сите ми се чудеа што чудо сум направила А појма неам, ништо немам ставано, можеби клучот е во тоа што секој ден ја миев.
http://www.kafepauza.mk/zivot/kako-da-j ... -so-limon/ дали некој досега го има пробано ова осветлување ?