1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашен кечап

Дискусија во 'Рецепти' започната од vickyy90, 8 септември 2013.

  1. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Оваа година сакам да правам домашен кечап ама немам некоја добра рецепта
    Дајте некоја полесна за правање,да не е многу комплицирана :)





    Ако темава е дупла нека се брише или нека се премести во соодветна
     
  2. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Домашен Кечап

    3кг - пиперки
    10кг - домати
    250г - шеќер
    300 мл - масло
    Сол по потреба ( 4л ), кромид, лук, магдонос, бибер во зрна, оригано
    :) Ние по оваа правевме :D
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    И на сето ова се додава околу 1,5 кг модар патлиџан.
    На крај се врие се додека се згусне ептен и добивате ќечап, а не вода со патлиџан како што се купува во продавница.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ctete

    Ctete Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    5.152
    Пол:
    Женски
    Одамна е пишано но ако може да ми ја кажеш целата постапка
     
  5. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Ќе ти кажам јас како го правев, поинаку од пишаното горе без пиперки и без зејтин и мн убаво ми испадна.

    Незнам точно колку кг домати имав ама сиг околу 7-8. На таа количина ставив 200гр шеќер, околу 30г сол, 30мл вински оцет и 70-80г густин.
    Најпрво се лупат доматите-моиве беа претходно замрзнати па само во топла вода ги ставив и мн лесно се лупат така. Ама потоа малку ги варев на оган да омекнат т.е да се одмрзнат :D. Потоа се поминуваат во машинче за кечап јас имав од тоа пластичното, обично по два пати истата смеса за да се искористи максимално. Потоа течноста се става на оган. Се вари 3-4 часа додека да се намали до половина висина (моето дури и повеќе се намали околу една третина дојде ). Јас пред крајот ги ставав зачините односно сол, шеќер, оцет и една лажица оригано ставив. Може да се стави и други зачини по вкус. Малку од смесата на оган се вади во длабок сад и чекаме малку да се олади да не биде врело и тука го додаваме густинот и мешаме убаво да не се создадат грутчиња. Потоа ја сипуваме смесата во шерпата што е на оган и постојано мешаме од тогаш околу 10 минути додека да ја добиеме посакуваната густина. Јас не сакав да ми изгледа како пудинг затоа не ставив многу густин и ми испадна таман како сос од домати, смесата хомогена, густо а сепак не кремасто, ако ме разбрирате на што мислам:D. Јас теглите ги стерилизирав во врела вода во тенџере на оган, претходно измиени нормално ги ставав по неколку минути во вода и одма после тоа во топли тегли ставам од топлиот кечап. Се затвараат добро и со превртени капаци стојат да се оладат.
     
    На Annath и Ctete им се допаѓа ова.