1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кифли

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 6 септември 2010.

  1. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Треба да направам кифли но незнам какви,дајте некој рецепт со убави кифлички...
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Еве ти рецепт за обични, наједноставни кифлички, ама се многу вкусни.

    Два свежи квасци се дробат во пола литар слатко млеко и се додава три лажици шеќер. Ова се замесува со еден кг брашно (во голем длабок сад, се прави дупка во брашното и се истура смесата), 2 филџани масло, 3 цели јајца и малку сол. Треба да добиеш меко тесто, мене ми велат „меко како ушната ресичка“, да не лепи, ниту пак да е тврдо. Ама тоа ќе зависи од брашното, може ќе треба да додадеш уште, може не, ќе видиш сама. Откако убаво ќе го измесиш, го оставаш на топло да кисне. Кога ќе нарасне, правиш топчиња колку орев, и од нив правиш форми по желба - можеш како чворови (јас така најчесто ги правам), како полжави или пак да ги сукаш. Се редат во подмачкан плех (јас препорачувам на хартија за печење), откако малку ќе нараснат се мачкаат со јајце, се посипуваат со сусам/ким/крупна сол/мак (што сакаш), се става мало парче маргарин одозгора на секоја кифла, па се печат на 200 степени, отприлика 15-20 минути, ама пак ќе си видиш. Не треба премногу да се зацрвенети одозгора.

    Ако сакаш уште рецепти, кажи. Ги имам доста, некои поедноставни, некои покомплицирани. Ама сите се испробани и одлични ;)
     
    На Hortenzija, Feminka22, wolf4e и 15 други им се допаѓа ова.
  3. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    35
    И јас би ти била благодарна ако напишеш уште некој рецепт. Може и покомплициран. :wasntme:
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Еве уште три рецепти за кифли што многу ги сакам. Во принцип, бидејќи се прават со свеж квасец, обично пред месење на тестото, квасецот се раствора во млеко, со шеќер и сол, и малку брашно да кисне, ама јас тоа го избегнувам, затоа што резултатот на крајот е ист, без разлика дали е квасецот киснат или не. Важно е после месењето тестото да се остави убаво да нарасне. Исто така, ако сакате повеќе кифли, само дуплирајте ги состојките ;)


    Ружи кифли (посебно овие ги обожавам, ама не ги правам често)

    Се замесува тесто од кг брашно (сите рецепти ми се за килограм брашно, ама не е дефинирано, некогаш може ќе треба и повеќе, затоа што од брашното зависи какво ќе излезе тестото), половина литар слатко млеко, еден свеж квасец, 3 лажици шеќер, лажица сол (не многу полна), 3 филџани масло и 3 јајца. Се меси убаво (да биде меко, но да не лепи), па се остава на топло да нарасне. Потребно е и едно пакување маргарин (обично користам Кристал маргарин, а понекогаш и несолениот Бордс Еве за готвење). Тестото се дели на 6 дела. Секој дел посебно се сука во кора со дебелина од 1 цм (да не е слаба и да се кине, туку дебела, како за баница) и се премачкува со маргарин одозгора на целата површина. Од кората се сечат ленти широки околу 2-2.5 цм кои се засекуваат по должина само на едната страна, па лентата се витка како ролат. Засечените делови треба да се растурат од горната страна, да личат на ружи. (Се надевам дека ме сфаќате како треба). Ова се повторува со секоја кора, се сука, се мачка со маргарин, се сечат ленти, итн.... Се редат во плех на хартија за печење, се мачкаат со јајце и се печат. По желба, додека се уште топли, може одозгора да се посипаат со рендано сирење, па се враќа во рерна уште малку, да се запече сирењето.


    Планински очи

    Се замесува тесто од два свежи квасци, кг брашно, 3 јајца, 3 филџани масло, 3 лажичиња шеќер, сол по вкус и половина литар слатко млеко. Откако ќе нарасне тестото се дели на 16 топчиња. Од секое топче се сука кора (како во претходниот рецепт), се мачка со маргарин и се превиткува (како за лиснато тесто, само не се става во фрижидер). Се формира топче, па пак се сука кора, по можност тркалезна. Се дели на четири дела (сечете дијагонално во форма на крст). Од секој дел се витка кифличка, и притоа краевите се спојуваат и се зафаќаат со чепкалка за заби (со неа се печат). Се редат на хартија во плех, се мачкаат со јајце и се посипуваат со сусам/ким/мак/крупна сол. После печењето се вадат чепкалките додека кифлите се сеуште топли.

    П.С. Во Турција има еден зачин, како бибер во зрна изгледа, само помали се зрната - го користат во пецивата и лебот. Не знам како се вика, ама многу убаво мириса, и овие кифли последно ги направив со тој зачин. Ми го дадоа пријатели Турци, и сега сум на мисла да го побарам во Рамстор, може го има. Тогаш ќе ви кажам како се вика ;)


    Солени кифлички

    Се замесува тесто од кг брашно, 3 јајца, 300 мл масло, малку сол, половина литар млеко и свеж квасец. Се остава да нарасне после месењето, па се прават топчиња колку орев (би требало околу 90 да излезат). Секое топче се сука како правоаголник (долгнавесто да е, не мора баш правоаголник) и се витка долга и тенка кифличка. Се редат на хартија за печење, се мачкаат со јајце и се посипуваат со крупна сол (како соленки се) и ким. При печењето треба да се пази да се скоро бели, не трпат многу печење, оти ќе станат тврди.


    Ај доста ви беше за денес ;) ако не ме мрзи, ќе напишам уште некој рецепт.
     
    На ♡BuBaLe♡, LivingGlam и jasmin им се допаѓа ова.
  5. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Јас ги имам правено солениве кифлички супер се многу вкусни.....
     
  6. Beluvce84

    Beluvce84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    71
    zdravo na site
    jas ke vi kazam eden recept za kifli mnogu se ubavi i vkusni a i lesni za pravenje:
    -1kg brasno
    -500ml. mleko
    -1/2 pecivo
    -1 kvasec
    -6 mali lazici seker
    -2 mali lazici sol
    -4 belki
    -4 zolcki
    -1 fildzan maslo

    vo 500ml mlako mleko dodete eden kvasec, 6 mali lazicki seker i malku brasno( 1 do 2 lazici) toa taka ostavete go da stoi 10 min.
    Po 10min. dodadete vo nego polovina pecivo, 2 mali lazicki sol, eden fildzan maslo za jadenje, 4 belki od jajce i 1kg brasno.
    seto toa se mesi ubavo da se dobie testo.
    taka dobienoto testo se ostava da stasa 25-30minuti i potoa se pravat kifli.
    se premackuvaat so zolckite od jajcata se poprskuvaat so susam i se pecat okolu 15-18 min na 200 stepeni (barem vo mojata rerna :) )

    jas nekogas pravam i pola doza...se od napisanoto delete na pola i izleguva cel golem pleh
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Млечна кифла
    1 кг брашно
    500 мл млеко
    40 гр квасец
    200 мл зејтин
    100 гр шеќер
    1 мало лажиче сол

    Постапка:
    Состојките се ставаат во сад и се замесуваат убаво додека да се добие изедначено меко тесто кое се покрива и стасува околу 20 мин.Од тестото се одделуваат топчиња од кои се развива мала кора која се ролува во кифличка.Кифлите се редат на подмачкан плех и покриени се оставаат на топло околу 20 мин.Стасаните кифли се печат на 220 до 250 степени околу 25 мин.

    Домашни кифлички
    1 кг брашно
    40 гр квасец
    2 лажички шеќер
    2 јајца
    150 мл масло за јадење
    100 мл млеко
    2 лажички сол
    Околу 300 гр вода
    Пред печење
    1 јајце за премачкување
    100 гр маргарин
    50 гр сусам

    Постапка:
    Квасецот се разматува со 1 чаша топла вода се додаваат шеќерот и 2 лажици од брашното за да се добие каша и се остава да стасува.Стасаниот квасец се замесува со брашното,јајцата,маслото за јадење,млекото,солта и остатокот од водата.Убаво се меси додека не се добие мазно тесто,кое се остава на топло да нарасне за една половина од волуменот.Тестото се дели на 8 дела,се обликуваат топчиња.Се расукуваат во тркалезна кора,се сечат зрачесто на 8 дела и се виткаат кифлички.Се редат на подмачкана тепсија и се оставаат на топло околу 20 мин.Се премачкуваат со 1 разматено јајце,се посипуваат со сусам,меѓу нив се ставаат парченца маргарин и с епечат на темп од 220 до 250 степени околу 20 мин.

    Повелете ;)
     
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Топло ти препорачувам да го пробаш моето универзално тесто :D
    Ветувам ќе добиеш познитивни критики ..кој еднаш пробал сака барем уште еднаш да вкуси пред да умри !! Шала на страна доста е фалење да преминеме на главното 8)
    Квасецот го ставаш во шолја во која додаваш две супени лажици брашно и една кафена шеќер .Додаваш вода млака вода колку да го покрие квасецот .Смесата ја мешаш и квасецот го оставаш да се дигне , а за целата постапка да биде побрза стави ја шолјата во тенџере со жешка вода :)
    Во садот во кој ќе го месиш тестото истури го брашното , на еден килограм брашно ставај одприлика 2-3 лажици сол и 7-10 масло .Тестото нека биде потечно , брашно додавај одкако ќе го извадиш од садот.Предходно спремениот квасец стави го во садот со брашното, додај вода и замеси го тестото.Доколку во месењето почуствуваш дека тестото е суво додавај масло никако вода .Оформувањето на кифличките ( или што и да правиш како што кажав тестото е универзално поминува и за пирошки , пица па и кифлички :) )е приказна за себе т.е направи ги по сопствен избор .Ако си креативна и вешта направи цветови како мене ...ама ти препорачувам тоа да го пробаш кога имаш вишок слободно време и трпение затоа што изгледа едноставно ...па и е ...ама кога добро ќе го совладаш :lol:
    п.с посебно го сакам затоа што никако не се сдврднува ..дури и недела дена подоцна кифличките ке бидат свежи и меки
    се надевам помогнав :hai:
     
    На Suhan, joy1 и Street.chic им се допаѓа ова.
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Кифли со компири
    200 грама Шунка
    малку мала лажица Црн пипер
    малку Сол
    200 грама Путер
    100 милилитри Млеко
    200 грама Компир
    150 грама Кисела павлака
    1 Квасец
    180 грама Брашно
    2 ЈајцаКомпирите се варат сосе лушпа, се лупат и се пасираат.

    Се додава јајце, сол, брашно и квасец претходно измешан во малку млеко. Се замесува мазно тесто.

    Путерот се мати. Тестото се сука во кора,се мачка со една третина од путерот, се превиткува (како што се прави листесто тесто), потоа се става во фрижидер да стои половина час.

    Тоа се повторува уште двапати по што секогаш се става во фрижидер да стои по половина час.

    Потоа се развива кора,се сече на квадрати, се филуваат со ситно сечена шунка измешана со павлака и црн пипер,па се виткаат кифли.

    Се печат во загреана рерна.


    Фрцокли(стапчиња)
    200 милилитри Суво бело вино
    2 лажица/ци Сол
    2 Прашак за пециво
    200 милилитри Масло
    1 килограм/и Брашно

    Од сите состојки замесете убаво меко тесто, но да не се лапи за раката.

    Поделете го на три дела.

    Секој дел расукајте го во дебелина на молив.

    Горната страна намачкајте ја со изматена белка и посипете со афион во зрно.

    Превртете на другата страна што ќе ја намачкате со изматена жолчка и посипете со сусам.

    Сечете на стапчиња и вртете ги, па редете ги во намрсена тава.

    Печете 20 минути, може и помалку, на 200 степени.[​IMG]
     
  10. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    кифлички

    ај ве молам ако знаете рецепта за убави кифлички,,?,,не благи...оние обични што се сервираат со салата(кинеска),,,визитарски,,,кога ти доаѓаат гости...
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јас ги правам по овој рецепт од една другарка и секогаш ми излегуваат топ.
    Тајната е во правилното месење на тестото, колку повеќе меурчиња има тестото толку повеќе сте сигурни дека добро сте го измесиле. Кога ќе го пресечете со ножот ќе видите всушност дали има меурчиња. Јас конкретно го тепам тестото и го акам од висина на маса :lol:
    Сериозно, со тупаници и со шлаканици си го месам, и потоа ја ставам или ванглата на земја и го акам во неа (неискусните нека не се обидуваат уште од прва, дури кога ќе се истренирате :lol: ) или од висина го трескам на работната маса во кујна. Комшиите гарант си мислат дека тепам некој :D

    Значи - потребни состојки:

    1500 гр брашно
    700 – 750 гр вода а може и млеко
    2 квасеца
    2 лажичиња шеќер (за квасецот да ви стаса + млака вода тоа си знаете)
    Сол, по вкус (може две лажички)
    Две мали филџанчиња зејтин

    Подготовка:

    Квасецот стасува со водата и шеќерот. Се става во брашното кое претходно е ставено во вангла. Се додаваат солта и зејтинот. Сето ова добро се меси и се остава да стаса. Кога ќе стаса се размесува и се дели на 8 парчиња (топчиња). Од секое топче се вадат 8 кифли и се виткаат. Може внатре да се стави урда, сиренце (нешто по желба) а и не мора. Кифлите прво се оставаат малку да стасаат а потоа се печат на 180 – 200 степени. Пред да се стават во рерна се подмачкуваат со жолчка.

    Јас ставам и парче масло одозгора и сусам. Колку повеќе масло - толку помеки се, и исто како и Анат препорачувам да се печат на хартија за печење ;)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Ај ти кажи рецепт сега за таа салата, кинеска :lol:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Не знам дали ке ви се верува, ама јас кифличкиве ги правев вчера во 22:30ч. Ептен убаво ми излегоа, не дека се фалам ама стварно е така :$
    Некако многу време ми одземаа, ама јас си правев разни форми, полжавчиња. цветчиња(од тој другиот рецепт, пошто тестото е исто само +маргарин), чворчиња и обична форма на кифлички.
    Ви препорачувам на сите кои не сте ги направиле, обавезно да си ги направите ;)
    Поздрав и фала за рецептот :*
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Анат кифлите се стварно сон. Јас денес ги направив, со сирење ги правев. Ама беа сон, меки како душа ... :)
     
    На joy1 и Annath им се допаѓа ова.
  15. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    101
    пекарски кифли
    1l млеко
    600ml зејтин
    6 лаж. сол
    6лаж. шеќер
    4 коцки квасец
    2kg брашно

    во топлото млеко се додаваат ,квасецот,шеќерот и солта се растопуваат и им се додава и зејтинот,потоа се ставаар во вангличе со брашно и се меси тесто,кое се остава да нарасне,се премесува и пак се оцтава да нарасне,потоа се прават топчиња(ко орев) од кои кога ќе нараснат се прават форми,семацкаат со жолчка,се наросуваат со сусам,им се става по едно малечко парче мардарим и се печат.

    прекрасни се, јас кога ке се оладат и смрзнувам,потоа попотреба си вадам.....
     
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    И јас ги правев на Ана кифличките, тие едноставните. Многу убави излегоа, ги полнев со сирење и јајце, уште виткањето да го усовршам :)
    Првпат сама месев и ми беше малку страв да не утнам нешто , ама како излегоа... перфектни, заборавив да ги сликам.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.698
    По рецепт на баба,пред и потоа :)
     

    Прикачени фајлови:

    • page.jpg
      page.jpg
      Големина на фајлот:
      36,1 KB
      Прегледи:
      1.105
    На Phyramide, AnaKarenina, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  18. aazg

    aazg Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Мoлам за рецепт за кифли кои се убави,меки и се киснат откога ке се направат зошто киснењето ме нервира.поз
     
  19. MysteriousG

    MysteriousG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    28
    Ова е рецепт од мама прееска ги прави и беа многу вкусни

    едно кисело млеко или 250 гр јогурт
    зејтин 12 лажици сол 2 лажици шекер 2 лажици 1 јајце цело и две белки .
    Сето ова се става во вангла и се става пола кило брашно потоа стасениот квасец (1 коцка) се додава во ванглата и се додава уште пола кило брашно. потоа се чека да стаса тестото и се прават кифлите и се печат . :)
     
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    пекарски кифли
    1l млеко
    600ml зејтин
    6 лаж. сол
    6лаж. шеќер
    4 коцки квасец
    2kg брашно

    во топлото млеко се додаваат ,квасецот,шеќерот и солта се растопуваат и им се додава и зејтинот,потоа се ставаар во вангличе со брашно и се меси тесто,кое се остава да нарасне,се премесува и пак се оцтава да нарасне,потоа се прават топчиња(ко орев) од кои кога ќе нараснат се прават форми,семацкаат со жолчка,се наросуваат со сусам,им се става по едно малечко парче мардарим и се печат.

    прекрасни се, јас кога ке се оладат и смрзнувам,потоа попотреба си вадам.....
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.