1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашна алва

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 19 декември 2010.

  1. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    Женски ако знае некоја рецепт за домашна алва што се прави лесно и брзо пишете ми! Пред некој ден јадев ама за жал не успеав да го земам рецептот а многу беше вкусна и сакам да си направам што побрзо :)
     
  2. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    116
    Се мислев дали да ти го пишам рецептов (всушност и не е рецепт зошто немам единица мерка се ставам -од око) во подлабока тава или тенџере стави малу зејтин и пропржи гриз, да зарумени па додаи вода и шеќер (вода отприлика 3 пати повеќе од гриз а шеќер повкус и мешај додека се вари на тивка температура - алвата е готова кога на лажицата се собира како топка
    П.С. јас ставам и таан (откако ке се свари) многу е вкусна
    Се надевам дека ти помогнав
     
  3. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    Фала ти за рецептот ја направив исто вака со гриз само јас додадов и малку оревчиња многу беше вкусна.
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Хелп!
    Дали некој знае рецепт за домашна алва со гриз, иста како горе напишаната само со точни мерки?
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Јас правам индијска варијанта наречена халава:

    - 250 грама гриз се пржат додека да зармумени во 1-2 маргарина(обични оние Кристал или Дијамант)
    внимателно, да не се изгориш од прскањето и пареата нагло што ќе се крене, постепено се тура
    - 1 литар жешка вода или млеко (млекото му дава побогат вкус, но со вода рокот на траење е подолг, неколку дена може на собна температура да стои ако е со вода)
    - во водата се става 1 голема лажица цимет во прав
    - 100 гр. бел шеќер
    - По желба може да се додаде цело пакетче сушен рендан кокос или сито мелени лупени но непечени лешници(200-300 грама).
    - сето тоа се вари додека поголемиот дел од течноста не испари и не забелешиш дека при мешање халавата се одвојува од тенџерето.

    Во индијската варијанта освен/наместо кокосот, откако ќе се симне од оган, се додаваат 1-2 исецкани банани и 2-3 киви, се промешува и се сервира топло(но не жешка) во форма на поголеми или помали топчиња или полутопки(ги правиш со обична лажица или онаа специјална за сладолед топки).
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Црна алва
    1кг шекер
    ½ вода
    Од целиот шекер се зема 6 лажици се пржи , а од водата половината се става со шекерот за да се стопи.Потоа во друго тенџере се става останатиот шекер и растопениот, и останатата вода и врие дури да се стопи а потоа се става 3 лажици какао и 3 филџани зејтин и се трга од огнот и се става едно по друго 28 лажици брашно и се меша.
     
  7. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Јас ја правам на овој начин (во последно време многу често :) ) и никогаш не сум направила утка...
    1 шолја масло
    2 шолји гриз
    3 шолји шеќер
    4 шолји вода
    Гризот се пропржува со маслото, во друг сад се вари шеќерот со водата, како за шербет.
    Се меша гризот со шербетот и се меша да се згусне.
    По желба се додаваат сечкани ореви, какао итн.
     
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    мојата и на мм омилена алва е чоколадна алва

    100г млеко
    100г масло
    1 маргарин
    1кило шекер

    ги ставам шекерот па маслото па млекото и маргаринот во тенгере на огин,се промешува во мегу време додека зоврие и малце ако пена да дојде.
    во тепсија или тенок калап ставам 1 кило брашно и 3 филџана како-мали филџани или едно пакетче иде тоа.се меша со лажица да се соединат и потоа од тенџерето врело додаваме во брашното со какао-убаво би било тука да едниот меша со лажица а другиот додава од тенџерето.
    и се меша убаво убаво да се соедини и потоа се остава околу сат два да се здрви,па се сече на коцки и мммммммммм преубаво е :)
    пробајте нема да зажалите :)
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    а брашното сурово нема да остане ? :^)
     
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    ова иде како коцки малце потврди,брашнотои какаото помешани и филот како чоколадо иде :)
    преубаво е :)
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.091
    Пол:
    Женски
    1 чаша зејтин
    2 чаши гриз
    4 чаши шеќер
    8 чаши вода

    Прво се става шербетот да се вари, водата и шеќерот. Кога ќе почне да врие почнете да го пржите гризот со зејтинот. Кога ќе добие светло кафена боја, почнувате да додавате од шербетот. Бидејќи се е многу топло убаво би било да ги заштитите рацете бидејќи кога се додава шербетот се прави пареа, а и почнува да прска. Го пржите се додека не почне да се оделува од тенџерето, цело време мешате.
    Јас ја правам со дрвена лажица некако најфино ми е.

    Синоќа правев, па сега дур јадам ми текна да го споделам рецептов. Ние по дома си ја викаме алвата на дедо :lol:
     
    На Dualism и LaChiquita им се допаѓа ова.
  12. ♧♡☆елиза☆♧♡

    ♧♡☆елиза☆♧♡ Нов член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  13. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Ако може некој да напише рецепт за црна алва. Онаа кога шеќерот се гори. Не ми е јасно кога ги мешаш состојките како треба да се соединуваат. Колку треба да се мешаат. Брашното дали претходно се пече? Дали од кога ќе се соединат состојките треба да се вари? :headbang:. Јас правев и не ми испадна успешно.
     
  14. Cvetce12345

    Cvetce12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Ние ја правиме со пченкарно брашно
    3 шољи пченкарно брашно и 1 шоља масло се ставаат заедно на оган и постојано се мешаат додека не добие потемна кафеава боја,внимаваме да не загори.
    Во друго тенџере ставаме 3 шољи шеќер и 3 шољи вода да зовриат,па додаваме 1 кесичка ванилин шеќер
    Шербетот го додаваме во тенџерето со брашно додека не се "собере" алвата,па додаваме ореви и суво грозје.
    Навистина е превкусна :)
     
    На Petrova Ceca му/ѝ се допаѓа ова.