1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека на Абеја и должите сите по едно чоколадо, ама најозбилно ви кажувам.
    Зашто ништо у животов не е најдено на тацна и никој нема да ти ги прати сите одговори за 0 денари.
    Јас знам дека се продаваат одговорени некаде, со право, сакаат работа во државна админстрација, кај пола се се партиски пикнати, па уште и одговорите соџвакани, нема смисла. Испотете малку гуза.
    Не планирав да се мешам, ама ужасно ме нервира кога кај некој помага тука и одвојува голем дел од своето време да одговара на прашања, па уште и одозгора не чини зашто биле малку, платете си ги и добијти си ги сите на готово.
    Зашто ништо не е бесплатно, посебно кога некој сака да му биде соџвакано уште да одите некој друг и да ви го реши тестот ако не |(
     
    На ilipili, LilBaby, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. milanajmila

    milanajmila Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    И после малата кавга на форумот, јас би сакала да ве замолам доколку некој би можел да ми каже кој е одговорот на ова прашање, дека стварно не ми се јасно.
    10. Лице кое првпат се вработува, односно државен службеник кој се унапредува, по завршување на пробната работа ...

    a) полага приправнички испит
    b) полага стручен испит
    c) не полага испит

    Мислам дека е не полага, бидејќи нели полагаш пред да те вработат. Но некаде во законот прочитав дека полага 15 дена пред крајот на пробна работа. И сега стварно не знам што да одговорам. Не сакам да ве искористам, бидејќи барав, но не можев да најдам. Многу ќе ви благодарам доколку ми помогнете. Фала.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Точен одговор е b) полага стручен испит.

    Ако се вработиш сега по положување на овој испит, ќе бидеш приправник со 80% плата.
    Пред да ти заврши приправничкиот стаж, пак полагаш испит. Ако го положиш, добиваш статус државен службеник и почнуваш да земаш целосна плата.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Јас кога ве читам на темава кои глупави прашања не знаете да ги одговорите и ви треба помош, сериозно сфаќам зошто сме во септичка јама.
    Се ова сака да се вработи во државни институции...и да јаде леб од мојот данок. Се ова необразувано, основно необразувано.
    Добро бе, вие општо образивани сте? Што факултети имате завршено? Тоа скриптите ги имате развртено? Ако ништо друго каде ви е ПРОСТАТА логика? Сте пуштиле едни вести во животот, сте пролистале некој весник? Освен дремење по штабови, правите нешто друго?
    Ај по некое...ама кога ќе видам некое ко она со испитон погоре, ми оди да повратам од мака...

    Ц ц ц ц ц ц ц ц...
     
    На revoltmk, Annath, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Мене ми е навистина мило што вака работи темава, што си помагаме меѓусебно, без размислување дека може баш тој на кој сум му помагала со одговори ќе ми го земе работното место, што е мое ќе си дојде... Тие што се со врски воопшто и ги нема на форумов и темава, така е за жал, некој се мачи, крати од спиење, очи го болат од компјутерот и пак за џабе, Феминки со среќа, Благодарам на помошта малку паузирам од закониве и прашањава, Абејче фала, Ана Каренина и сите што ми помогнавте! Ако ми притекне нешто пак ќе прашам! :* :* :*
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Абе секако, зошто работа е колективна ствар. Кој се вработи се вработи, после со сите дели...ептен мило ќе ви биде зошто заедно сте си ги делеле маките,иако не се познавате.
    Оскар за ова!

    Леле и ова за електронски потпис и за изгласување на буџет...леле мајчице мила, преслатка Маријо и Исусе Христе, Алах и Харе Кришња...
    Затоа од вакви на сто места ќе влезам и ќе ми речат, не знам кај колешката, колешката ќе ме врати кај колешка и, па јас ќе си отворам весникот на Академик, па барам прочистени закони сама и се чудам дали е сепак така... зошто нели така треба, на друг да му ја работам работата!!!!!

    Леле и за локалната самоуправа... ќе станам верник после темава, мајке ми. Само тоа ќе ме однесе во лудост и ќе ме извади ван реалност.

    Абеја... за ќотек си. Убаво е да се помага...ама си ни одмогнала со ова. Така фино некој бара готови прашања,скоцкани, ко за на колоквиум во прва година. Ќе си отиде на готово, молим лепо. И после он добил работно место, некој што учел, прст у уста.
    Чудесна земјо!

    Јас сфаќам дека не може секој да знае се, ама глупостине...и толку едноставни и основни работи кои лесно се наоѓаат и пред се ФАКТИ кои брзо се памтат и нема ништо двосмислено, сериозно не разбирам, воопшто не разбирам и не можам. Се што разбирам е посветено време, загреано столче и желба.
     
    На ilipili, mishulence, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    А се, буквално секое прашање го има одговорено во законите, дури нема ниту потреба да поврзуваш прв со последен член туку го има одговорот во еден одреден член и тоа напишан потполно идентично од а до ш.
    Само треба некој да се уклучи на интернет и наместо да дреме по цел ден на фејсбук или да слуша музика, ќе треба да си ги симнува законите и да си ги бара одговорите.
    Треба да не размислуваш за да нешто ти биде нејасно, нема тука се двоумиш ова она.
    Еве сега последново прашање, дали треба да се полага испит после пробната работа? Абе ви се молам, како може да не треба, па на 2 години се полага испит, ако сте го прочитале законот за државни службеници ќе ви биде потполно јасно што ви зборувам.
    И тоа за донесување на буџет, ако го нема одговорот во законот барај во Деловник на Собранието, ако пишува дека се изгласува исто како законите па врати се на донесување закони, таму барај.
    Јас немам против да му одговорам на некој, ама многу повеќе би сакала кога младинава сама доаѓа до одговорот а не да се откажува уште од старт.
    Абе јас еднаш пробав да препишувам на колоквиум и ме фатија и ми се чини од тогаш ми се разбистри дека лошо си правам ако препишувам и баш тој предмет ќе беше штета да не го научам туку да го препишам на готово.
     
    На ilipili и slavica999 им се допаѓа ова.
  8. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Да се надоврзам и јас на муабетов,претходно пишев како би можеле да си ги бараат прашањата,но никој нејќе да се мачи па прашуваат прашања што само да го разгледаат законот ќе ги најдат.И како нели,сите се надеваме ќе освоиме макс. поени и ќе не викнат на интервју е тогаш ќе мумљате,затоа што нема да ги има прашањава туку што им текне ќе ве прашуваат и ќе треба да раскажете,а тоа е со прашања од некој друг одговорени ...малку тешко...
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Не бе, има куп такви што завршија факултети со кликање, со а б в одговори, ова вие ке им го решите, они ке научат на памет, и на интервју ке се фалат дека се на фом со десетки, и оп...колешки....и кога ке им кажам после што има за работа, одма на боледување одат.
    АКо не можете ова да го научите, ич не работете у администрација
     
  10. Sandra90

    Sandra90 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Денеска полагаше некој....Како поминавте :hai:
     
  11. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Точно така! (Не зборувам за оние со врски)
    Кога полагав за Јавен службеник сама си ги најдов одговорите, на тој начин учев, така и положив!
    Како би положила ако не ги читав законите кога ми се паднаа прашања кои не беа во прирачникот? Што ако ги учев само тие? Со 5 нови прашања (ако ги згрешиш а другите сите на памет да ги знаеш) автоматски не положуваш!
    Јас само ги поставив овде прашањата што ги најдов а не се во прирачникот! А такви може да има колку си сакаат тие!
    И јас одговарав на прашања овде и барав одговори (повеќе како потврда на оние што самата ги одговарав во случај да има измена и дополнување на законите). Само како со прашањата од ЕУ каде што понудените одговори НЕ СЕ ТОЧНИ?
     
  12. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    ^
    Да да,за Еу тоа со 28комесари. А дали може на пр. за време на тестирањето на вработениот што "чува" да му се каже ..... или моли се да не ти падне тоа прашање :/
     
  13. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Изгледа второто! Тој ќе ти рече, незнам не ги подготвував јас прашањата! Нели?
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Дали приметивте некои крупни пропусти во поставените прашања за ЕУ одн. во понудените одговори?
    Ајде сега да видам кој учел кој не?
    Чекам да погодите во играта-најди го прашањето?
    Се чудам, како една ваква институција може да си дозволи вакви пропусти, зар не ги проверија прашањата и одговорите пред да ги објават. :o

    Можеби е направен намерен пропуст во прашањата за да не може никој да освои максимален број на поени и полесно да се мести листата од 5 најуспешни кандидати за интервју.
     
  15. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Има многу пропусти, ете на пример тоа со acquis communataire. Според мене тука има два точни одговори, тоа е правото а еу, но ги содржи договорите и правните акти на еу. Исто така тоа со договорите дадени се и годините кога се донесени договорите и кога стапиле на сила, и сега не знам кое да заокружам. Со комесарите исто. Срање се прашањата, меѓутоа не верувам дека се правени за да се кратат поени, но ќе видиме утре што и како ќе биде.
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Јас се обидов овде да помогнам за тие прашања, не од испитот, туку за оние работи кои ги знам и ми кажаа дека моите одговори (иако точни) не биле во понудените одговори?! На пример, колку комесари има-има 28 односно по еден од секоја земја членка на ЕУ, а немало таква опција, колку директорати има-има 33, ама и таков одговор немало меѓу понудените... Има и други такви мислам. Според мене, освен неспособноста на составувачот, тие грешки се и за манипулација со оние кои полагаат, зашто што и да одговорат-нема да е точно, односно, во секое време може да си измислат по потреба кој одговор го сметаат за точен...
     
  17. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    1. Европската заедница за јаглен и челике е формирана во:

    a) 1950 година;
    b) 1951 година;
    c) 1952 година;

    и сега кое? основана е 51, а договорот стапил во сила 52. Кое би заокружиле вие?
    Нели има и друго прашање, што е формирано во 52 година во париз, и одговорот е ЕЗЈЧ. Но комент.
     
  18. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Ова ти е како да се заебеш на најлесните прашања. И после со право е Лилит шо вика дека сме дебили. Ете јас си признавам, дебилно ми е прашањево, но не сум правник и ме буни секој дополнителен збор доколку го има, или и најмала разлика.
     
  19. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Кога полагав за ЈС, немаше ниту едно прашање за ЕУ. Ни мене ни на некој друг. Требаше да јават тие што плагаа денес ама ги нема!
     
  20. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Ме плаши фактот што за овие вработувања многу се пријавени и има многу групи на луѓе што ќе полагаат, (скоро секој ден од 9 до кај 17:30) па ме јаде нешто од внатре дека ќе се паѓаат некои незгодни прашања за да се направи чистка! Офф држете среќа за утре!
     
    На revoltmk му/ѝ се допаѓа ова.