Ме интересира дали се зема 100% од износот на платата или просекот од парите кои си ги добил (на пример ако си имал боледување си зел помалку плата и имаш помал просек) благодарам правничке однапред
Зема ли некој надоместок сега во декември? Јас последен пат на 19 ноември земав, некако рано ми дојде, сега месецов па сеуште немам. Другарка на тутунска банка што е ми кажа дека на 20 -ти имала пари, а јас на стопанска банка сум ако има тоа врска...
Јас до сега имам земено породилно за 2 месеца - на 25.11 и 06.12. На породилно отсуство сум од 01.09.2013. Дали на некој му исплатиле за ноември и ако има кога ви ги исплатија парите
сега на друг форум цитав зеле за ноември ама јас сабајле проверив немасе на сметката пари.и јас сум во стопанска,ако има некаква врска.ајмозе понеделник ке се опариме и ние.
Мене ми префрлија за ноември пред 1 недела. (ова ми беше прва исплата). А тоа во која банка имаш сметка нема врска.
Јас мислам дека има врска банката, кога земав стипендија обавезно на Стопанска ни пуштаа последни. Може сум оф топик, извинете.
Феминки здраво....ме интересира кои се документи требаат да се достават за породилното отсуство и каде?Дали го плаќаат навреме и колку посто од платата е?Ви благодарам
Мамички кажете ми дали некои што се породени октомври/ниември почнаа да ви пуштаат од социјално пари?
Додека си на трудничко ќе примаш надоместок во висина од 100% од платата (просек кој ти е исплаќан во последните 12 месеци). Ако имаш уште време до терминот, а не си задоволна со износот, можеш да побараш евентуално да ти ја зголемат платата, за да ти се качи просекот. Јас планирам да почнам од оваа плата да си плаќам повисоки придонеси, за кога ќе дојде бебушко да имаме повеќе парички
За да нема никакви претпоставки околу условите за добивање надомест за породилно отсуство и висината на истото, еве copy-paste од Законот за здравственото осигурување каде е регулирано ова: Право на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство Член 14 Спојлер Право на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство можат да остварат осигурениците од член 5 став 1 точки 1, 2 и 3 на овој закон. Надоместокот од став 1 на овој член се исплатува за деновите за кои се остварува плата и во траење утврдено со прописите за работните односи. Средствата за остварување на правото од ставот 1 на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија преку надлежен орган. Услови за остварување на правото на надоместок на плата Член 15 Спојлер Осигурениците од членовите 13 и 14 на овој закон можат да остварат право на надоместок на плата, ако ги исполнуваат и следниве услови: 1) ако здравственото осигурување траело најмалку шест месеци непрекинато пред настапување на случајот, .... 2) придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно да се уплатува или со задоцнување од најмногу 60 дена и Ова е многу важно бидејќи знам неколку случаи што си биле редовно осигурени и во текот на породилното отсуство фирмата пропаднала и престанала да уплаќа придонеси, па така го изгубиле и правото. 3) оцената за привремена спреченост за работа ја дал избраниот лекар, односно лекарската комисија. *никаде нема услов дека фирмата мора да има определен број вработени - бидејќи прочитав и такви мислења Основица за утврдување на надоместокот на плата Член 16 Спојлер Основица за пресметување на надоместокот на плата претставува просечниот месечен износ на исплатената плата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување во последните дванаесет месеци пред настанувањето на случајот поради кој се стекнува правото на надоместокот. Ако за осигуреникот не може да се утврди основица за надоместокот според став 1 на овој член, основицата за надоместокот ќе се утврди од платата што ја остварил за деновите поминати на работа во периодот пред настанување на случајот. Ако осигурувањето трае помалку од 12 месеци, односно од 6 до 12 месеци ќе се земе просекот само за тие месеци За осигурениците од член 5 став 1 точка 3 на овој закон, основица за пресметување на надоместок на плата претставува основицата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување. ова се однесува на самовработени лица како адвокати, нотари, сметководители Висина на надоместокот на плата Член 17 Спојлер Висината на надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа ја определува работодавецот, односно Фондот со општ акт, но најмалку во висина од 70% од основицата за надоместокот на плата. По исклучок од став 1 на овој член висината на надоместокот на плата за време на привремената спреченост за работа предизвикана со повреда на работа, професионална болест, за време на давање крв, ткиво или орган, како и за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата утврдена според член 16 на овој закон. Висината на надоместокот на плата пресметан врз основа на членот 16 на овој закон не може да биде повисока од износот на две просечни месечни плати, три просечни месечни плати во 2012 година и четири просечни месечни плати по 2012 година исплатени во Републиката во претходната година. Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2014 година изнесува 30.902 денари. Значи може да се земе максимум 61804 денари. *Намерно ги ставив како скриен текст сите одделни членови, бидејќи постот би бил многу долг и збунувачки Ако случајно не е во согласност со правилата на форумот слободно избришете го, не се лутам
Мене последниве 8 месеци платата ми е намалена на пола тоа значи дека јас ќе земам исто толку и породилно???
Zdravo Znae li nekoj kako odi isplatata i koi dokumenti se nosat vo socijalno za patolosko boleduvanje?
Дали се изгласа законот за продолжување на трудничко уште три месеци неплатено (после регуларните девет?)