1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форумџика на годината 2013: Trendafilka

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 17 декември 2013.

?

Која форумџика ја одбележа 2013 година? (ВАЖНО: може да гласате за 3 форумџики)

Анкетата е затворена на 30 декември 2013.
  1. AnaKarenina

    103 глас(а)
    16,3%
  2. anabel-a

    82 глас(а)
    13,0%
  3. Abeja

    54 глас(а)
    8,5%
  4. Annath

    73 глас(а)
    11,5%
  5. Ariel

    34 глас(а)
    5,4%
  6. bittersweet

    76 глас(а)
    12,0%
  7. Doozy

    56 глас(а)
    8,8%
  8. Gordana10

    41 глас(а)
    6,5%
  9. Hipster

    83 глас(а)
    13,1%
  10. Ketrin.Moon

    89 глас(а)
    14,1%
  11. Lilit

    83 глас(а)
    13,1%
  12. lunicka

    79 глас(а)
    12,5%
  13. RainBow

    46 глас(а)
    7,3%
  14. Serafima

    70 глас(а)
    11,1%
  15. Sexybaby86

    28 глас(а)
    4,4%
  16. Shelea

    31 глас(а)
    4,9%
  17. Snow-Queen

    181 глас(а)
    28,6%
  18. teddybear

    38 глас(а)
    6,0%
  19. tessie

    63 глас(а)
    10,0%
  20. Trendafilka

    195 глас(а)
    30,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.988
    Пол:
    Женски
    Ај да ве прашам, сите вие што рипате дека не е убаво да се сменат правилата во последен момент - дали исто вака ќе рипавте ако и покрај одземањето на гласовите, пак победеше Сноу? Не верувам, искрено. Со тоа само си покажувате колку сте дволични и лицемерни. Трендафилка барем си кажува што мисли без влакна на јазикот, не е газолижач и вас очигледно тоа ви смета. Факт е дека не можете да истрпите кога некој ќе ви ја плесне вистината во лице, па одма плачете.
    Сноу во секој случај си ја оствари целта што ја имаше кога се зачлени на форумот пред две години. Затоа и нема зошто да се буни, фала Богу, награда си доби. Се виде што всушност и се приоритетите, како што рече кравче. Во најважните моменти од својот живот, таа врши директен пренос тука, баш на оваа тема, каде што се делат награди. Што кажува тоа за личноста?
     
    На Asistentkа, girl1985, Lacrimosa и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Според мене не заслужува да победи оној кој има квалитетни мислења и ставови, а е бездушен и ладен. Треба да победи некој кој бил цела година на форумов, секогаш е спремен да направи што било и да се бори за неговото опстојување, а пред се да биде активен. Тоа не е Трендафилка, таа пишува квалитетни колумни и мислења, што е за почитување, ама е тотално бездушна. Нека си смета таа дека Сноу не заслужува, се лути, а потоа се вади на тоа дека била искрена. Ауу, капа ти симнувам.

    Нимерија или како и да си, сите што не се сложуваат со тебе се големи деца. Убаво, браво! :clap:

    Анат, ќе ме извиниш ама зарем Сноу ставила нож под грло на сите што гласавме за нејзе? Можеби и таа мисли дека Трендафилка не заслужува, ама не е дрска како неа. Тоа што го напиша Трендафилка во превод е: Абе ај бегај, не требаше таа да победи, јас требаше да победам. Од каде па таа форумџика на годината, не го заслужува тоа.

    Штом веќе ја употребуваш таа тактика, јас да те прашам што вие ќе направевте ако Сноу напишеше дека Трендафилка не заслужува, а Трендафилка рече дека е задоволна од тоа што го добила (второ место)
    Секако: На Сноу не и успеа да и ја земе титулата на Трендафилка, па сега се лути, се покажа дека не победи квантитет, ахаха... Трендафилка си е пристојна и културна.
     
    На Snow-Queen, leighton23, Silver.E и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Јас по целиов никаков циркус може да кажам само дека до година не треба да го има изборов. Беше интересен и симболичен настан, ама не е повеќе. Жално е да се чита во темава.
    Ако веќе сакаат да дадат награда подобро нека ја доделат само, за најактивна, за налајкувана, за штотијазнам. Ама вака не. Не сме ние за вакви работи.
     
    На LittlePinky, Ariel, Hipster и 10 други им се допаѓа ова.
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Добро Лелла свесна ли си дека солиш памет на постари жени? Знам дека имаш 16,не си ги криј годините за да можеш да се правиш паметна овде.
    Победи Трендафилка,на второ место е Сноу... Не е веќе вредна оваа дискусија. Самите знаете дека ништо не читаат администраторите и повторно се обидувате да направите нешто. Не дека е до тоа да сакате да ја ставите Сноу на прво место,туку сакате да се покажете кој колку е богат со зборови и мислите дека зборовите ви се толку вредни што веднаш го менуваат мислењето на другиот. Зборувам општо за сите.

    Ова ми е трето мислење како викам дека ми е последно. |(
     
  5. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    За мене Сноу е морален победник и никој друг.
    Издржа толку храбро на такви навреди и препукувања,а особено она од Трендафилка за мене не е воопшто почитување,туку зборува за нејзиниот карактер.
    Тотално ладна личност,себична.
    Зарем на некој кога ќе победи не му се честита или Трендафилка си имаше зацртано дека таа и никој друг го држи овој форум.
    Сте се собрало поединци во нејзина одбрана,секако кои сте меѓу првите зачленети на форумот и сега секој нов за вас е дете или не му е местото тука.
    На секој кој не му одговара овој форум слободно може да не пишува и да не се служи со такви безобразни изјави од типот памперси,колички,местени гласови.
    А од каде да знаеме ние останатите смртници дека и Трендафилка не си направила свои лажни профили,зошто само Сноу во целата приказна да е на тапет и да е лице за потсмев.
    Пишувала квантитет,не квалитет.
    Па јас искрено досега што сум на форумот не видов дека Трендафилка пиша многу квалитетни мислења,освен километарски реферати,а и ладна особа не може да излезе во пресрет како што тоа го прави Сноу.
    Разликата меѓу нив е многу голема и очигледна.
    Сноу за разлика во ниту еден пост не покажала сарказам и исмејување кон друг член па макар и истиот да се зачленил вчера.
    Демек вие што сте зачленети меѓу првите сте во раководството на форумот и сте меродавни некому да судите?
    А ова одземање со гласови убаво кажува за целата ситуација на форумот и поедини членови,тотално нефер игра,ако можам и така да ја наречам,прво прогласен еден победник,а потоа направија како Сноу да манипулирала со се и како најважна работа да и била наградата ,а не нејзиното бебе.
    Тотален неферски однос спрема една нова мајка.
    Искрено мене некој така да ми рече дека се служам со ќерка ми за да добивам гласови и рејтинг не знам што ќе направам.
    Браво за Сноу и за нејзината големина.
    Абеја сега ја браниш Сноу а?
    Пред неколку страници видов твои постови полни со сарказам и лицемерие за гласовите на Сноу и за неа како личност.
    Дај не бидете превртливи ве молам.
    Сноу е морален победник и таа е форумџика на годината.Се друго е само игра на скриени маски и лицемерни изјави ,препукувања,лажење.
    Annath според тебе Сноу е газолижач така?
    Браво за вас,не верувам што пишуваат мајки.Еј мајки. :x
     
    На Snow-Queen, leighton23, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Лела со никое право не можеш вака да навредиш некој што воопшто не го познаваш. Зошто е бездушна? Затоа што кажа дека смета дека Сноу не ја заслужува наградата? ту. Истото го пишав и ЈАС и уште мал милион членки а вие и се нафрливте само неа. Што е толку трагично навистина не сфаќам, тоа е наше мислење. Јас лично ја познавам трендафилка, и поголем човек од неа не постои, го покажала и докажала тоа на форумот безброј пати. До вчера сите ја навредуваа Сноу, напорна беше, досадна, никој не ја поднесувавте, сега сите скокате тука како да ви е сестра.
    Нова година е бре ало, опуштете се малку, бидете попозитивни не расправајте криви дрини за глупости тука, затоа што некој си кажал искрено мислење. Стварно не ве сфаќам.
    Па уште адвокатски мислења па прописи, правила, глупости, за нешто што треба да е само игра и забава. Откаку сум на форумот кога се избира форумџика важат истите правила, никој никогаш не се бунел освен оваа година. Секогаш ама значи секогаш се тргале гласовите од лажните профили.
    Ако Сноу мисли дека и Трендафилка не заслужува може да се изјасни, нема потреба да се биде дволичен и да и честита а надвор да се зборува како трендафилка и ја земала на сноу титулата како што сте се изјасниле. И на крај краева која титула бре, ко божем таа што ќе биде избрана ќе биде кралица на форумот. Најфорумџика е онаа со квалитетни мислења, што придонесла за форумот, што има изградени ставови и е за почит... тоа не е сноу. Не може никој од нас да води борби за да опстои форумот, за тоа си има администрација, и гледајте реално на работите придонесот на Сноу квин со тој на трендафилка не може да се мери. како демек ако си искажеме некакво мислење нешто лошо и посакуваме, никој не и посака лошо на сноу, никој не ја навреди или не знам што, цел муабет беше околу тоа дека на неубав начин изигра со користењето на својата приватност.


    Еве и 1209 убаво објаснила.
    Навистина не сфаќам со кое право се дрзнувате да давате психолошки анализи на некој што е долго време член, што секогаш ви се нашол, што многу добро го познавате и за безброј работи ви помогнал само затоа што си го кажа своето искрено мислење. Осудувате и осудувате без да размислите што пишувате, без да размислите дали сте во право и дали ви се издржани мислењата. Од еден куп членки се разочарав. До вчера сите ја почитувавте трендафилка заради нејзината човечност, искреност и што воопшто не е дволична за ништо, реална е, си ги кажува работите како што се, сега уште малку ќе земете да ја обесите што повторно искрено се изјасни за ситуацијата а притоа немаше ништо навредливо во изјавата само искрено мислење. Срамота.

    И не сфаќам зошто воопшто сеуште е отклучена темава.
     
    На 1209, Hipster, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Јас мислам дека со право се одездоа гласовите,само што секое гласање е тајно, за што лично не гледам некоја причина, па ние немаме увид каде се одземени гласовите.
    И очигледно е тоа дека ако некој се зачленал во 5 до 12 и гласал, за што се зачленал.
    Некој ќе рече, немаш докази, бла, бла можеби долго време читал.
    Ајде сите малку да бидете доблесни и на двете затегнати страни ако ова им е начинот на кој што сакаат да се борат за некаков си виртуелен статус проследен со некоја награда,алал им вера.
    Све би сфатила,ама зрели жени со такви сфаќања се срам за цел женски род и она што мужите одамна го тврдат,а ние се бориме за некакви наши права.
    Да, предалеку отидов,ама секое такво размислување не уназадува и нека е рамнет со гламстик форумов. Барем на гламстик нема вакви идиотски и подмолни "теории на заговор"
    За крај за да нема љутиш, сосема коректно што се доделија награди на двете, иако јас да бев администратор оваа година ќе се поништеа наградите.
    Ова требаше да биде нешт симболично за да се поттикнат и другите членови да пишуваат нешто што ќе остави впечаток и што ќе го направи форумот читан,а не кубење коси.
    И пак си стојам на тоа дека критериумите за номинирање се прениски,ама и што да очекуваме.
    Сите сме свесни чии отсуства недостасуваат.
     
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Не ме чудат коментариве, искреноста никогаш не била пречекана на голема врата. Жал ми е само што форумов пропаѓа и голем дел од квалитетните членови губат желба да пишуваат и си одат.

    Апсурдно е веќе да се пишува за ова, заклучете ја темава веќе и оставете ја да постои само како реален приказ на едно микро ниво за тоа како уствари се функционира секојдневно во реалниот живот.
     
    На Hipster, Mama25 и Annath им се допаѓа ова.
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    34.331
    Пол:
    Женски
    Добро бе дали сте нормални :x
    Што ве разочара Трендафилка , што ја кажува вистината :^) И кај ја извреѓа мајка Сноу :^)
    Ме немој .....
    И јас станав мајка , па да не треба сеа да ми постелат црвен тепих , ил незнам ти што .
    Па колку форумџики мајки станаа и ќе станат .
    Мајчинството не претставува одма и зрелост .

    На Сноу нека и е жив и здрав синот, среќа да и носи ... нејзино е дали ке се посвети на синот и на форумов .
    Она си знае што и се приоритети во животот.
    Ја ќар од форумов немам. Е вака со кафе ќе седнам , ке испревртам очи и така ..

    Честитки Трендафилка на победата , со здравје часовникот да те служи , исто и Сноу ...
     
    На girl1985 и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  10. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    За жал моите омилени форумџики или исчезнаа од форумов или не беа номинирани. Моите омилени личности на форумов во 4 години имаат помалку од 800 мислења ама сите им се на место и човек да научи од нив.
    А за победниците нека им е честито и со здравје да си го носат часовникот :clap:
     
    На LittlePinky и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    И замислувам како цела Мала Преспа гласа на Фемина. Со лажен акаунт :rofl:
    Форумџика на годината треба дефинитивно да биде впечатлив лик. Ако веќе станува збор за поинаква категоризација дајте на Срцекршачка да и доделиме за најчувствителна, а на Цветето за најактивна.

    Чувствата не се искажуваат со емитикони на форум. ;)
     
    На LittlePinky, Mama25 и Waka-waka им се допаѓа ова.
  12. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Зарем и на форум? Како во реалноста така и во виртуалниот свет.
    Трендафилка не можам да ти честитам затоа што искрено не заслужи.Зошто? Мое мислење е ова значи не мора да се согласите.Трендафилка секоја чест за себчност,ладнокрвноста,завидливост,секоја ти чест :bow: .
    Ни 80% не мислат дека Трендафилка заслужила,ама како и дригите и ти со нив,нели? Секој член мора да е на страната на Трендафилка затоа што останатите се на најзенина страна па ај ти да не бидеш црна овца.
    Абре идете сите у......
    Да ви се плукнам у паметот што го имате.....
    Не мора ова и на форум да го правите,бидете барем малку искрени.
    Вие не сте луѓе (чест на исклучоци),засрамете се.
     
    На tessie, Silver.E, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Наравоучение: Прајте гласачки профили со време да не биде после ова она... :rofl: Искуството си го праи своето па ќе си имаат и тие памет за догодина, освен ако (според мене најправилно), како што кажа Реин, не престанат да се одржуваат вакви избори. :D :D Не ми замерувајте, по толку тензија само сакам поведро да ја завршиме оваа година.

    Со ова во целост се согласувам. Не знаеме и нема да дознаеме кој колку лажни гласови добил затоа што истите може да се дадат на 1000 различни начини. Пак ќе се навратам на постот на Реин и ќе се согласам: не сме ние за вакви работи и многу ми е криво што Тренди и Сноу подароциве ќе ги потсетуваат меѓу другото и на оваа препирка и упропастена убава традиционална практика со ниски удари и изливи на горчина. :(
     
  14. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    910
    Абе зар уште се расправате за ова ? :^)
    Мислам дека за ова не треба веќе да се дискутира, сите имаат различни ставови мислења. Најдобро е да се заклучи темава. Нема потреба од одолвлекување на работава и беспотребни караници.
    Поздрав, и честитки за освоените награди.
     
  15. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Не знаев дека форумов е место за сyberbullies.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Por que ни los dos?
    [​IMG]
    За ист саат цело време била работата.
    [​IMG]
    Додека станавте. Или се приклучувајте на видео конференција или
    [​IMG]
    на темата и што престанете да ја тупите веќе.
    p.s И ќе ги замолам администраторите, следната година, нема потреба од таков пазар. На што личи ова? Испокаравте се сите за буквално ништо, баш предновогодишно, нема што.
     
    На Згодно Момче, Someonespecial, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.136
    Допаѓања:
    88.488
    Пол:
    Женски
    Не номинирав никого, но си гласав за оние кои уживам да ги читам и се разбира за кои мислев дека би требало да бидат форумџики на годината.
    Трендафилка не ја гласав, си зема веќе еднаш "титула", па според мене и беше доста :lol: а за Сноу ама баш никако не планирав да гласам.

    Моите гласови отидоа кај Анат, Битер и кај Луничка. Ми фалат Славица, Миора и Мишелка во листата, но ете не сакаме сите да читаме исто и на сите не ни се допаѓаат исти мислења.
    Јас сакам да читам девојки/ жени кои ги има насекаде, а не само во одредени категории. Сакам да читам нешто од што можам да научам нешто, да соберам некоја мудрост, да се насмеам...

    Ако тргнеме од почеток на листата па до крајот, јас не верувам дека ќе се најдат повеќе од 5 кои навистина имаат што да напишат во повеќето категории, а не да бидат активни во една, евентуално две, нели само она што тие го познаваат или пак им се случува во периодот во кој се наоѓаат.

    Ви честитам на двете за часовниците, со здравје да си ги носите.

    Имајте убави празници :)
     
    На Youknow, lunicka, Snow-Queen и 2 други им се допаѓа ова.
  18. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Не ми се верува дека еден ваков мал гест кој требаше некого претпразнично да израдува се претвори во повод за расправии, препукувања и размена на остри зборови.

    Стојам цврсто зад тврдењето дека финалното рангирање е најфер и најправилно. Беа отстранети гласови од профили создадени во последниот ден од гласањето, од исти IP адреси, со очигледна цел. Воопшто не се двоумевме дали да ја направиме промената.

    Ја заклучувам темата и се надевам дека ќе заборавиме на напишаните негативни зборови.

    Време е за забави, насмевки, празнични желби и честитки...
     
    На Twinkles, WaffleGirl, girl-miri и 39 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.