1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најпаметната раса на кучиња (Border Collie)

Дискусија во 'Дом' започната од mil4ence, 27 септември 2013.

  1. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Здраво,
    Знам дека тука има некои кучкарки кои се заинтересирани за оваа раса, а богами и јас сум.
    Денес сурфав на нет и видов повеќе за најинтелигентната раса.
    Дознав ново за нивните бои. Прво мислев дека ги има црно-бела, црно-бела-кафеава, кафеаво(махагони)- бела и кафеаво(махагони)-бела-окер.
    Но, видов дека не сум во право кога гуглав. :D
    Еве зошто.
    [​IMG]
    Па, кажете повеќе за оваа раса што ја знаете и споделете која боја на крзно ви е најомилена. ;)
     
  2. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Обожавам кучиња и тоа многу,ама не ги зна баш сите раси :)
    Инаку за бојата на крзното стварно незнам сите се убави ама мислам дека последното од третиот ред и последното од четвртиот се најубави,а може последното од првиот ред хаха :D Ако знаеш нешто повеќе пиши затоа што јас искрено незнам
     
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Аииии!! Прекрасни кучиња се. Кога ќе се спомне куче, прво на памет ми испаѓа Шарпланинецот, а потоа Бордер Коли. (патриот бе, нема што!) :D
    Еве ви карактеристики за таа прекрасна раса:
    За расата:
    Бордер коли е едно хиперактивно, овчарско куче. Разбираат на се што им се каже и можат да научат многу брзо, за разлика од другите кучиња. Името Бордер, доаѓа од Англија и Шкотска. Дошле забуни до името, зошто било создадено меѓу тие земји, па го крстиле Бордер коли (гранично коли).

    Одлики:
    Бордер Колито е одлично градено за да го држи крдото во целосен ред. Инстинктите му се градат од само 10 недели. Имаат полу исправени уши, а телото им е слично на мачкиното за да можат да се држат пониско до земјата, но сепак фокусирано.
    [​IMG]
    Опашот не е потребнен да се крати зошто додека се на должност го чуваат близу нив, така да овците нема да го прегазат. Крзното им е нежно и свилено доколку е негувано.

    Карактер:
    Бордер колито, не само што е добро овчарско куче, туку и одлично фамилијано куче. Обожаваат деца, мирни се и мили доколку се правилно тренирани. Не е потребно да се шетаат на ланец зошто и не бегаат. (како секое овчарско куче) Треба да се внимава и да се посветува многу внимание во неговото тренирање зошто ако не е довлоно тренирано, може да има знаци на агресија, треиторијалност или да растура се по домот. Исто така, да не доаѓа до контакт со деца доколку нема надзор, зошто може инстинктите да им се побудат и да ги чуваат децата како овци, а тоа е лошо зошто додека го чуваат крдото имаат навика да ги касаат по нозете за да ги одржат сите на куп.

    Па, тоа е тоа. Јас сама го измислив текстот со оглед на тоа што сум читала за расата.
    Ако имам нешто пропуштено кажете. :wasntme:
     
    На SwiFtiE-7330 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Бордер Коли ми е една од омилените раси на кучиња. Не сум знаела за сите нивни бои на крзното како погоре на сликата, туку само неколку. Сепак, најспецифична боја на крзно за нив секако е црно-бела. :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    А, да, најретка боја кај Бордер коли е кремаста и ми е омилена. Погоре ја нема.
     
  6. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Црно-бела, каква и да е, оваа раса на куче ми е една од омилените, ако не и најомилена. Секогаш спремни за активност и да научат нешто ново. За активни и креативни луѓе ова кутре е совршено.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    И не е нешто посебно кучето,мене ме потесќаaт на оние кучиња кои талкаат по улиците и кои ги сожалувам :( некако неубавки валкани ми се :( и се ежам кога ќе ги видам :(
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Цвете, мислењево се гледа дека сакаш да си го покачиш цветчето. Сега знам што си мислела за сите џукчиња. Одвратни и гадни се. Ако видиш некое средено (а улично куче) тоа значи дека е расно???
    Епа, не се гледа по изгледот, туку и по карактерот.
    http://www.youtube.com/watch?v=WK6MkxA0isw
    Оваа раса е единствената која може вакви трикови за кратко време да ги научи. Не си фасцинирана? Германските овчари, Пудлите, Златните ретривери учат лесно? Боредер колито за нив може да биде наставник! ;)
    Не си свесна колку луѓе станале тренери на кучиња поради нивното Бордер коли. :wasntme:
     
    На blosson му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Ова не е точно баш. :^)

    Можеби се најпаметни кучиња меѓтоа навистина но се како оние што се врткаат околку контињерите.
    Во суштина не сум голем љубител на кучиња.
    Освен Хаски и Сибирски самојад :inlove:

    Еднаш на улица имаше едно куче слично на ова(нема појма која раса беше,ама слично на овие)и беше окучена(ноќта со 3 малечки кученца-души мали).Па јас и другарка ми се грижевме за него иако ми беше малку грдо-тоа сакав и да го кажам со предходното мислење,дека не е убаво баш на изглед :) . Го чувавме кушето од март до август ,потоа кон крајот на август ни го зедоа шинтерите и беше невозможно да се врати,демек му праело беља на станарите..Еднаш уџум ни го однесоа,а тоа си се вратило само за 3 дена и го гледам на прозор како лае И јас скокам од радос. Ама си замина Буба .... ;(

    И се беше во однос ,како изгледаат! Навистниа се баш јаки со игрите. Важело она- Не верувај му на изгледот,тој лажи 8)
     
  10. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    Нема грдо куче!
    И ти можеби си грда,па те чуваат дома! :fubar:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.