Мамички ај ве молам кажете како го правите чајот од ким... И ми треба совет..Моето бебе е на АД цело време...еднаш до два пати во денот цица..заприметив дека само еднаш во денот одвај со моја помош кака... дали треба да и давам водичка и по колку ..или можеби чајче(еве ќе помогни можеби и за грчевите и ќе и ја олесни столицата) ?
Мајка од лично искуство ти давам совет , значи штом сте на адаптирано мора водичка после секое цицанје или хранење со ад млеко. Немора по многу но барем 20 грама после секое јадење. Чајот од ким (јас користам на хипп) го приготвувам вака 1 кафена лажичка чај во 50 мл топла вода (иако пишува 1 л на 100 мл , пробав по упатството и чајот ама буквално на вода имаше вкус и се посоветував со педијатерката и таа ми кажа на 50 мл 1 л ,) а ке го даваш на бебето зависно од тоа колку месеци е 0-1 3 пати по 20 мл , 1-3 3 пати по 30 мл , 3-6 3 пати по 50 мл значи на секој 3 месеци се зголемува дозата за 20 мл (мене така ме советуваше педијатерот). А какњето што е нередовно може да е од недоволно хранење. Совет за грчевите само топол чај од ким или анасон , колик бебе сируп кој чини околу 600 денара , и топла врекичка со трици или само во зегин има врекичка со гел која сама се загрева (на неа има како паричка ја стиснуваш таа се крши и вреќичката веднаш станува топла и трае околу 4 часа , потоа се става во студена вода паричката се собира и пофторно е подготвена за употреба) мене мн ми помогна , овде се и капките еспумисан мене не ми помогнаа ама пробај ги на секој исто не делува. Мајки од колку месеци дававте кашичка на бебето? Јас на моето му дадов прв пат на 7 месеци , но комшивкава бебето и е 3 месеци па во аптеки имало каши за над 3 месеци па дали некој има користено
Немој случајно да си му пикнала чепкалка во ушето. Јас на малото прсте намотувам малку памук и му го чистам ушето, ама само надворешниот дел. Остави го додека потпорасне малце, барем 2-3 месеци, па тогаш пробај одвнатре да му го ивчистиш Барем мене ми е страв, уште е мало па да не направам некој проблем.
Кашичките се од 4+ месеци,толку сме сега и еве два дена мцкаме кашичка од јаболко,па потоа јаболко и морков,па банана.Ова ни е шема засега.Но предходно 2 недели пробувавме сокчиња од јаболко и од круша.
budgettime Воопшто не си згрешила што сте почнале со кашички на 7 месеци напротив до 6 месеци на бебето му е потребано само млеко,дигестивниот систем не е развиен за за било каква дохрана, компаниите што произведуваат бебешка храна само за да имаат профит би направиле и каши 0+ тоа не значи дека од тогаш треба да јадат нашите бебиња.Постојат и кашички што се 4+ а содржат јагода,капина и малина кои се високоалергени и сигурно не би ги дале на своето бебе на 4 месеци
Mамички ние сме 2 недели со синко, поради јаки грчеви ни дадоа чајче бекутан. Синко го обожава незз по колку е нормално на ден??/ позз и срекни празници
Нека си пие по малку во текот на денот, само не претерувар да не почне да му е убаво благичко па да намали на подој ако се доите или на ад. Ќесичка со трици затоплена помага, на меше да спие исто, или гел веќичка за микро затоплена, евентуално пелена со фен затопли и ставај му. Јас сум секогаш за што поприроден пристап, ако нема ефект тогаш чајче и капки би дала. Со среќа за малечкото и се најдобро.
Мамички каков топломер користите? Јас имам од тој со жива, добар е тој? Има некој користено Mikrolife топломер за на чело? Каков е, задоволни ли сте?
и јас користам таков, под пазувите му го ставам, некако тие дигиталните не ми се за верување, може да се поремети ако му е батеријата пред крај
Се имам стравв дека детево е може недојадено...одприлика во ml колку јадат маливе до 1 месец? или во интервал колку време ги доите?
Мислам дека секоја мајка се сомнева во тоа дека бебето е недојадено. Сега мешето му е многу мало, и најверојатно доволно му.Ако го доиш овој период дај му секогаш кога сака. Претежно се препорачува да се почне со интервал од 2 часа и да се зголемува постепено, но некогаш некои бебчиња сакаат и порано така да види според бебето. Еве визуелно како изгледа мешето на бебе
Синко мој цица на 2-3 саати, кога спие се буди сам за цицање а кога е буден малце пееме и сме мирни а после бараме пак да цицаме, и цицаме раце, се што ке ни дојде при рака, па затоа малце со цуцла лаж малце во релаксатор и така го држам исто 2 часа бидејки ако даваме да цицаат повеке ги болат мешињата. Јас претерував на почетокот бидејки плачеше ама си имав мака па со мешето после, вака е подобро))
Еве еден совет за сите мајки кој имаат проблем со нивните дечиња кој не какаат на време.(повеке од 1 ден) . На топломер ставете павличева маст и ставете го топломерот во газето . Павличевата ке предизвика бебето да се искака.
Многу многу е важно да не се ставаат страни тела во анусот на бебето. Каде пишува дека бебето мора да кака секој ден?
Денес бев во Зегин и имаше еден човек пред мене бараше топломер. Кажа дека имал некој дигитален ама не покажувал точно. Три пати мереле температура кај бебето и три пати покажал различна температура, ама разлика од 1-2 степени, што не е малку. Аптекаров му рече - јас лично ти препорачувам да си побараш топломер со жива, најточни се. Кај нив има само две опции или работи или не работи.
Јас користам дигиталец на квико и едвај тој го додржуваме а треба само 5секунди просто не ми е јасно како додржувате дете со живин топломер 5 мин ? Јас буквално треба да ја врзам ни во раце ни никако не се додржува а ако заспие мерам со тој на чело
Или е цел или е скршен и опасен по здравјето бидејќи живата е екстремно токсична. Во голем број држави е сосема забранет живин термометар за мерење на телесна температура. Постојат замени за живата како на пример галиум кој не е отровен. Јас имам дигитален и сум многу задоволна, квалитетот се исплати затоа можеби треба да се купи некој поскап модел ама барем да биде точен. И каков ти е тој топломер што при 37 дава 39? Кажи ја марката за да не купуваат таков феминкиве.
И мене не ми е јасно како некои ставаат топломер во газето на бебето, па уште и живин. Језива ми е и самата помисла на тоа. Немојте, ве молам!