1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстракт од комбуха

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од HeidiDiWalt, 2 август 2010.

  1. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Милиони до сега сум потрошила на ``сенаменски чуда`` што лечат од све, али од ова сум најзадоволна. Некако најбрзо ми покажа резултати, и ми го урамнотежи организмот. Какви се вашите искуства?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Можда глупаво прашање, ама што е комбуха? :^)
    Стварно не знам.
     
  3. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Историја на комбухата

    Потеклото на комбухата се загубило во маглите на времето. Се претпоставува дека оригинално потекнува од Далечниот Исток, најверојатно од Кина каде се консумирала приближно 2000 години. Првиот запис за користење на комбухата доаѓа од Кина од 221 год. пне, за време на Династијата Tsin. Била позната како “Чај на Бесмртноста“.
    Се користела во Источна Европа, Русија и Јапонија неколку столетија. Самото име комбуха потекнува од Јапонија од 415 година. Кореанскиот доктор наречен Комбу или Камбу го лечел јапонскиот Император Inyko со чајот и со комбинација на неговото име “Kombu “ и “cha“ што значи чај, се добила кованицата комбуча или комбуха.[1] Од Русија , напитокот се раширил во Прусија, Полска, Германија и Данска но се чини дека исчезнал за време на Втората Светска Војна. По војната Др. Рудолф Скелнар (Rudolph Skelnar) го обновил интересот за комбухата во Германија кога почнал да ја користи во својата практика при лекување на канцер-рак (болест), метаболички нарушувања, висок крвен притисок и дијабетес.
    Состав

    Комбухата е габа составена од желатиноидна и жилава габна мембрана во облик на плоснат диск. Живее во хранлив раствор од чај и од шеќер, во кој постојано се размножува. Габниот диск прво се проширува по целата површина на чајот, а потоа се задебелува. Кога се одгледува на правилен начин, таа расте, 'рти и му служи на својот сопственик цел живот.
    За време на процесот на ферментација и оксидација, габата во чајот делува со различни комплексни хемиски реакции. Се храни со шеќерот во чајот и во замена произведува други вредни супстанции, кои се составен дел на комбуха течноста: гликоронска киселина и млечна, витамин, аминокиселини, антибиотски состојки... Токму од тие причини оваа чајна габа претставува вистинска мала биохемиска фабрика.
    Глукоронската киселина е еден од најважните продукти на Комбуха течноста, L-млечната киселина исто така е многу важна компонента. Комбухата е богата со витамини: посебно Б комплекс и Ц витамин.[2]Во својот состав комбуха течноста, содржи и големо количество оцетна киселина. Позитивното дејство на комбухата е несомнено (позната е и во нашиот народ). Екстрактот од комбуха е препарат добиен од правилно ферментирана комбуха течност. Се добива со посебна опрема и под посебни физичко-хемиски услови. Се екстрахираат нај важните продукти на ферментација на комбуха течноста, а се отстранува водата, оцетната киселина и сите живи микроорганизми. Така добиваме стабилизиран препарат со долг рок на употреба и константен пријатен вкус. Во својот состав екстратот од комбуха има вистинско богатствона глукоронска киселина, L-млечна киселина, витамини од Б-комплексот, преработени шеќери, како и остатоци на екстракти од чајната мешавина, што се употребуваат при подго-товка на чајот за комбуха течноста. Екстрактот од комбухата е вистински концентрат на здравје, сила и енергија, бидејќи од 20 литри комбуха течност се добива 250 до 300г густ екстракт.[3] Затоа екстрактот од комбуха дејствува 10 пати посилно и побрзо од комбуха течноста.
    Комбухата не претставува еден единствен биолошки вид,тику симбиотска заедница од повеќе различни квасни и други видови микроорганизми. Видовиот и бројниот состав не е постојан,туку е подложен на промени во зависност од географските и климатските услови,односно од присуството на различните видови микроорганизми,кои можат да се придружат кон постоечката симбиоза.На тој начин постои веројатноста да дојде до квалитетна промена во негативна смисла. Слична промена може да се случи ако локалните услови повеќе одговараат за една група на микроорганизми кои ќе бидат исфорсирани,за сметка на другите. Нестручноста и невнимателното ракување можат да повлијаат врз влошувањето на внатрешниот однос помеѓу компонентите внатре во самата комбуха а покасно и на идните генерации.
    Дејство на комбухата врз организмот

    Најважната компонента, која е во големо количество во екстрактот од комбухата е глукуронската киселина. Модерната наука сѐ уште не успеала да ја синтетизира оваа киселина. Здравиот црн дроб ја создава за да ја прочисти крвта. Отпадните соединенија, кои ги врзува глукоронската киселина прочистувајќи ја крвта се викаат глукороноиди. Eкстрактот од комбуха, поради големото количество на глукоронска киселина, е одличен реге-нератор на црниот дроб. Ја прочистува крвта, а со тоа го релаксира и црниот дроб. Овој додаток во секојдневната исхрана ја поттикнува функцијата на дигестивниот и на имунолошкиот систем. [5]Со редовна употреба на екстрактот од комбуха човекот се чувствува полн со енергија, свежина и виталност. L-млечната киселина е позната како силна антиканцерогена супстанца и затоа концентратот од комбуха е одличен препарат како превенција против ракот. Комплексот од Б витамини исклучително добро дејствува на нервниот систем, како на план на смирување, така и на план на отстранување на хемиските последици произведени како резултат на стрeсни состојби. Умереното консумирање на напитокот кој го произведува чајната габа пружа заштита од разните видови загадување кои доспеваат преку респираторните органи или на друг начин и во нашиот организам и можат да предизвикаат појави на канцерогени заболувања. Русите докажале дека комбухата исклучително им помогнала на рударите на Урал во чистење на организмот и спречување на прерана смрт од вдишувањето на јаглената прашина.
    Освен тоа, комбухата врши превенција кај некои видови канцер, зголемувајќи го имунитетот на организмот, а за време на менопаузата ги намалува “валунзите“, иако по непосредното пиење на напитокот може да се почувствува топлина, но тоа е знак дека се забрзува крвотокот што ќе помогне во прочистувањето на организмот од токсични материи и течности. Им помага и на астматичарите и на заболените од бронхитис, како и од кашлица, ја чисти жолчната кеса, помага при колитис, ја запира заразната дијареја, помага при несоница, а се тврди дека повторно воспоставува раст на косата.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    е сега, на времето мајка ми чуваше дома комбуха и самата ја правеше, но така е мноогу послаба течноста и треба долготрајно пиење за да се појават првите резултати...
    потоа почнавме да нарачуваме од надвор екстракт од комбуха, тоа е концентрат, во вид на мед, темно црвена боја.
    Пред некоја година почнаа да го произведуваат кај нас, на почетокот цената беше мноогу висока (околу 2400 тегличка ако се сеќавам) но почнаа да го произведуваат неколку произведители па сега се наоѓа и за многу ниска цена :clap: (фала богу :))..
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    И јас не знаев како изгледа па ја прогуглав... еве и сликичка. Само Алисе можеш да кажеш за што конкретно ја пиеше ти и како ти помогна?
     

    Прикачени фајлови:

    • kombu61.jpg
      kombu61.jpg
      Големина на фајлот:
      13,2 KB
      Прегледи:
      1.251
  6. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Ај, па вакво имавме и ние на времето :D во садот каде што стоеше алгата менувавме зелен или руски чај (сварен секако) секоја недела. Го цедевме и после кој сакаше пиеше. Општо за подобрување на здравјето и за имунитет но и за забрзување на метаболизмот. Само беше многу кисело, а јас пробав само една голка и ми беше и гроза да го пијам, бидејќи знаев дека стоеше во тој сад со алгата. ббббббббббббррррр грозно.
    Истата се размножуваше, ама ја исфрливме или дадовме некому. :?:
     
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Мене ми дијагностицираа анемија, ниско ниво на хемоглобин во крвта и за тоа почнав да ја пијам. Мислам дека во тој период ги пробав сите `чуда`, алое гелови, саравити, сребрени води, и единствено од ова почувствував многу брзо видливи резултати. Пропратно и неочекувано ми среди други проблеми кои ги имав со полицистичните јајници и акни! И ми дава енергија како 10 ред була дневно :D (+ 2 јајца од препелица наутро и сум топ)
    Но интересно беше кога на најдобрата другарка и дијагностицираа CIN2. Уште истиот ден нарачав пакет и го поделивме. Пиеше по пола тегличка дневно и кога отиде на преглед докторот не можел да се изначуди.
    Ја цитирам: Сите лекари стоеа пред резултатите како пред слика од пикасо :D :D :D
     
    На TrinityNeo, CrazyGirl15 и Meckicja им се допаѓа ова.
  8. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Da stvarno pomaga, jas fala bogu sega za sega nemam nisto ama si pijam pogotovo preku zima kako dodatok za zgolemuvanje na imunitetot i kako prevencija od nastinki
     
  9. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    А колку пари е ова и од каде може да се набави?
     
  10. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    уф има неколку произведители, ПХД се мислам најскапи 2400ден беше на времето тегличка сеа незнам колку се, виталиа исто ги произведуваат тие ги немам пиено, а моментално ги користам на Еликсир 1 е 50 0денари, но јас земам пакет 2500 (6 внатре) па си ги делиме со другарките.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Комбухата знам дека многу помага за здравјето кај човекот,имаме дома комбуха,мајка ми ја припрема и во тегли ја чува,знам дека е како газирана,но има многу непријатен мирис,не сум ја пробала поради миризбата,може смешно,но самата миризба ми создава одбивност,а моите дома ја пијат.Имам заборавено,но мислам дека ја имаше земено од една пријателка и почна да ја прецедува на неколку дена,ја обновува,тоа е всушност печурка која се размножува,а се пие течноста од печурката,ја има во продавници за здрава храна и е доста скапа.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    520 ден. во Виталиа
     
  13. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    zemi od nekoj sto ja odgleduva doma. majka mi ima, i ne znam kolku vreme i treba, samata gaba raste i posle se deli na poveke sloevi, i ke zemes eden sloj i ke si ja odgleduvas :)
     
  14. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Ја има во тинекс, 2 вида, едната е од vitalia а другата се вика kombu life, и е 450ден. На мене повеќе ми се допаѓа втората, ја пијам подолго време и многу сум задоволна :*
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Па јас не познавам никој што одгледува, немам од кој да земам :worried: А ја има ли во продавници да се продава печурката па после дома да ја чувам? :$
     
  16. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Зедов од габава, ја чувам дома кој сака ќе му дадам. Само обврска е... :^)
     
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Баш сега видов во Веро имаше, 186 денари. Сум слушнала дека помага при слабеење, дали е точно?
     
  18. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    да мајка ми без неа не започнува диета, бидејќи ги содржи сите витамини и минерали потребни во текот на денот и дава енергија. А сестра ми пак отиде до крајност -10 дена беше само на комбуха и овошје
    (тоа била диета за прочистување на организмот од отрови), ама пиеше по една тегличка на ден, и магично и исчезна вишокот килажа. Бомбона се обликува. Потоа продолжи со помали дози, и редовна физичка активност. 8) Но јас неможам тоа да го издржам во никој случај, плус ми е скапо :) * јас зборам за екстрактот (густиот црвен) не за течноста. Течната комбуха е многу по слаба и јас ја пијам наместо сок.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    А како се приготвува ? :$
     
  20. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Не ти е кисела за да ја пиеш како сок?