Од кај знаеш дека ќе биде понеделник последната ? Може до петок да заврши, нема уште многу за 3 епизоди со оваа денес до петок завршува ако не се лажам ..
Ова е збогум, се насмевнувам како сонце во лето, како планински здив и мирис, ова е збогум во сива месечева светлина. Ова е збогум на изгубената љубов и живот, јас сум поразена од големата љубов. Јас сум поразена од големите амбиции, јас сум поразена од животот. Јас не можам да доживеам голема љубов, Јас сум губитничка на животот. Јас не можам да доживеам голема љубов. Јас сум губитничка
Златна Бихтер, самоубиството не е решение, но депресијата ја обзеде. Колку го молеше Бехлул, па човек од камен да беше ќе попуштеше. Но, како и таа што му кажа, на крајот ќе виде што направил и така ќе биде за жал, само не знам како ќе продолжи да живее со тоа чувство на вина.
Не ми е јасно како може да мислите дека Бихтер е најголемата жртва. Каде е нихал во целата ситуација, каде е Аднан. Кога луѓето се толку изневерени во животот тогаш тие го доживуваат најтешкото. Тие никогаш повеќе нема да бидат исти. Секогаш и кај луѓето кои можеби вистински ќе ги сакаат ќе предизвикуваат сомнеж. А животот во сомневање е самиот по себе жртва. Не знам зошто Бетул го окривувате повеќе од Бихтер. Тој само ја согледа вистината на време. Свати дека навистина не е возможно повеќе да се гледаат со Бихтер и дека љубовта не е возможна. Тој и затоа посака да отиде во Америка за да се тргне од Бихтер. Нештата ќе имаа поинаков тек доколку Бетул и Нихал отидеа за Америка, времето можеби ќе донесеше нови бури но подеднакво ќе ги тргнеше и старите.
Утре. И да, Бихтер е најголемата жртва тука и сите останати ги мразам заради тоа што и се случува. Таа вистински сака а тој ако е паметен ќе си замине со неа. Останатите не се за коментар, растени во стаклено ѕвоно и научени да се однесуваат според некои правила.
Најголеми жртви во целава ситуација се Нихал и Аднан. Да,и Бихтер е жртва,но самата си е крива за тоа. Бехул успеа да се спаси и да се сокрие зад Нихал,а Бихтер ја остави сама.Но,и двајцата се подеднакво виновни. Јас само се чудам,сите веќе дознаа за врската меѓу Бихтер и Бехул а ни еден не се осмели да каже...Почнувајќи од Бешир,матмазел,Џемиле,Несрин...
Тие се вработени во таа куќа,а и секогаш најкрив е тој што кажува,мислиш фала некој ќе ти каже ?Ахам,сигурно .Не дека не е ми е жал за Aднан и Нихал,ама подобро сами да си ја согледат вистината. Туку баш на црн петок Бихтер и Бешир ќе умрат ,аман . Греотка ,како и беа тажни очињата кога ги сокина билетите,а Бехлул е кукавица проклета.Во реалноста,ако се случи такво нешто,Бехлул би се грижел каде ќе живее,оти ќе ја нема Нихалчето да го спаси,и чичко му да го заштитува на златен златен послужавник се да му сервира.Многу ме изнервира Бехлул