Остави ме да го гледам светот со моите розови очила, барем понекогаш. И не мора секоја негативност да ја споделуваш со мене, задржи нешто и за себе.
Драго папучарче, 16 ти. Еден месец правиме денес, и плус годината од претходно, значи година и еден месец сме заедно до денес. Импресии? Па претпоставувам добри ти се. Јас сум среќна што сме толку време заедно. Можеби бев на почетокот лоша, ама еве, се опаметив. Драго ми е што сме заедно. Ме правиш среќна! Ајде нека ни се множат! Те поздравувам И те мислам.
Ле-ле. Ти сакаш мене инфаркт да ме стрефи,еј. Вади тоа брадата од лице,во спротивно ќе ти дојдам со косилица за трева. Најсериозно,еве!
Што сакаш прави, крши глава! Више не ме занимаш, крај готово е се, не вредиш ама ич. Да не си излегол пред мене, дај боже да те избркаат конечно, се пред бркање уште не те избркаа, мито ли дава тој татко ти што е проблемот човече? Не не сум пијана не се грижи, само сфатив дека не вредам за такво ѓубре ко тебе да се нервирам и да го губам паметот и не знам уште што. Чао, мацуфки. Чао де.
Обвини ме,не сакав да те изневерам,не со празен поглед не ми беше тоа намерата а јас толку толку долго си правев пат пат до тоа срце и најдов за да можам секогаш некогаш да се вратам и повторно да си заминам. Некогаш не можеш да станеш.
Понекогаш колку и да сакам да ја најдам кривицата во мене, не бива. А мислам оти така ќе ми е полесно. Ќе се обвинам себе си дека нешто грешам, можеби сум злобна, не те сакам како порано, зависник сум од компјутер, досаден си ми и сл. Но зошто за ова јас морам да те обвинам тебе? Си мислам цело време, не ли ме сакаш како порано? Откако почнавме да поминуваме многу време заедно, да останувам да спијам кај тебе, многу си чуден. И ќе ти речев во лице. Но само што го исклучи компјутерот и заспа. Не ти пречи ни светлото, ни тоа што не зборуваме цела ноќ. Утре ке си заминам, да се освестиш што правиш. Теле.
И ти ми се моташ во мислите,и во сон се обидувам да стигнам до тебе.Не тргнав на тој пат а се спремив и бев среќна,зошто ли се разбудив .Веќе неможам да издржам вака
Љубов моја! Најубаво се чувствувам во твое присуство, и ти забележуваш дека сакам да ти кажам дека најмногу те сакам, собирам храброст и верувај дека ќе ти кажам. Заради тебе живеам. Заради тебе дишам. Те сакам најмногу!
Друг пар седи на нашата клупа. Денес поминав од таму. Друг пар. Различни се од нас. Не им сјаат погледите како нашите. или можеби им сјаат, не видов добро. Некако ме здоболи таа слика. Друг пар, на нашата клупа. Млади, вљубени. А јас и ти, стари изморени. И нашата клупа веќе не е наша.
Само еден ден не се видовме,а за мене тоа е вечност.Колку те сакам што неможам и не сакам да се одвојам никогаш од тебе.Со љубов,твојата срцка.
Едвај чекам да се појавиш на врата да те изгушкам најсилно ,да те осетам до мене ,да се радувам,да се смеам на глас од среќа Те чекам љубов
Колку само сакам да дознаам дали тоа што го чуваш во себе толку е љубов. Зошто кога и да молчиш толку многу...неможам да го разберам твојот молк. И се чувствувам како да барам многу... Ме разбираш со поглед, а не со зборови. Можеби затоа не можеме да пронајдеме заеднички јазик.
Колку само им завидувам на тие парови кога ќе ги видам среќни, а што е со нас? Каков ли пар сме ние? Каков е овој период на тага кој никако да избледе? Ми требаш премногу, знам дека ме сакаш но зошто јас неможам да го почувствувам тоа, зошто мораш да бидеш толку ладен ?
Престанав да те сакам. Така едноставно, просто и разумно. Не ми замерувај. За двајцата е подобро вака. Ако заедно не можеме повеќе, подобро е да си дадеме шанса со некој друг. Самите себе не сме си доволно. Ова е глас на разумот, ретко го уклучивме во врската, мислам дека време е.
Те сакаф , те сакам и ќе те сакам... Да, на моменти мислеф дека сум те преболила, се додека не те погледнев во лице..И сваќав..никогаш не сум успеала да преболам ни малку тебе.. Во твојата прегратка се чувствувам најбезбедна...безбедна како никаде на друго место.. Кога ќе ме погледнеш се топам... единствено што посакувам тогаш е да ти скокнам во прегратки..да те гушнам најсилно и да не те пуштам никогаш.. Да, помина година цела, пробав со друг , со трет, не ... не оди... со никој како со тебе..залудно е колку и да се трудам..кога сум со тебе се осеќам како цел свет да го имам ... неописливо е. ТИ си мојот НЕПРЕБОЛ! И да, во право бил тој што рекол : ''Прву љубав заборава нема'' ..