1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Хах се пронајдов себе си. Ненаспаноста и јакото кафе се опасна комбинација. И да, можно е од тоа да ти се врти. Јас по мене знам, кога имам испити вака правам и се осеќам како фикус. Само кафе врз кафе, без спиење. Мене тогаш и пулсот ми се качува над 140, мислам срцето ќе ми излета :D
     
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Направив анализа на крвта е сега ги добив резултатите сеуште не сум појдена кај матичниот,дали некој знае кој резултат е од железото,бидеќи порано ми беше на граница неможам да чекам додека појдам кај матичниот да ми каже,нестрплива сум :D
    MCHC - Средна концентрација на хемоглобин во еритроцити.
    RDW - Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на еритроцити по големина.Што значат овие поими?????
     
  3. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Железото односно хемоглобинот се бележи со Hgb и се движи од 12.0 до 15.5 кај жени. А за поимите не знам да ти кажам, тоа кај матичниот ќе си видиш :D
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    не знаев каде да прашам па ајде овде.. До сите мамички : На колку месеци им направивте прв пат анализа на крвта на вашите бебуши?? Значит се работит за внук ми,немат никаков проблем,чисто онака сакаме да му направиме анализа. :inlove:
     
  5. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    девојки сакам да ве прашам нешто,можеби не е за овде прашањето но не најдов тема во која можам да прашам,се извинувам однапред.
    Сабајле додека се облекував на градите
    поточно околу пупките
    забележав како плускички незнам како да ги објаснам ни јас самата прв пат ми се случува вакво нешто ,дали некому му се има случено ова и што преземавте ве молам помогнете ми ме фака паника :(
     
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.067
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Дали може да се пие витамин Ц и магнезиум во ист ден? мислам нормално со временска разлика
     
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Епа вака: Едно момче од
    класот има проблем со очите, но не сака да оди на лекар. Јас, секако, сум загрижена за него, па да прашам. Само во текот на зимата не му се појавува ова. Инаку, речиси секој ден го печат очите и му се црвени. Како да му пукаат капиларите в
    кај очите. Зошто се случува ова? Може ли да ослепи? Дали може да се лечи некако? :?:
    И мене ми се има случено, но само трипати до сега, па не превзедов никакви мерки.
     
  8. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Дали печењето е пропратено и со кивање и течење на нос? Ако да веројатно е алергија на полен. Но вака никој точно не може да ти каже што му е, треба преглед од офталмолог. Пробај да го убедиш.
     
  9. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    13.290
    Пол:
    Женски
    На близок роднина пред 3 месеци му се појавија болки во стомакот. Го фаќаат грчеви и ако не се свитка или седне неможе да се смири. И како капак на се сите овие 3 месеци има дијареа. Пред извесно време провери дали има некоја бактерија во изметот, ама резултатите покажаа дека нема. Стомакот му е тврд и постојано му потекува. Пиеше секакви апчиња, џабе е се ништо не му помогна. Докторката во една прилика му спомнала дека можеби има мрзливи црева, но ништо не му конкретизирала. Гледам дека ова премногу го мачи и постојано мисли на тоа.. Дали имал некој вакво слично исклуство? :?:
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.820
    Пол:
    Женски
    A eho napravivte li?
     
  11. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    13.290
    Пол:
    Женски
    Не, нема направено ехо..
     
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    ^^
    Нека направи ехо преглед и по потреба колоноскопија. Нека се храни редовно со повеќе помали оброци во текот на денот. Нека избегнува зачинета и лута храна и нека го зголеми внесот на храна богата со влакна, ја помага дигестијата и создава услови за редовна и нормална столица. Нека внесува повеќе течности. Дали на допир се чувствува надуеност во пределот на дебелото црево и желудникот ? Има ли кркорење на цревата ?
     
  13. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Ваквата состојба може да биде алармантна, посебно ако е постар од 50 години. Веднаш на лекар, ехо и колоноскопија задолжително, 3 месеци се многу време за дијареа. Не сакам да те плашам, но овие симптоми кои ги наброја можат да алармират за карцином на дебело црево (имав таков случај во семејство, но фала му на Бога рано се откри). Прогнозата е добра, ако порано се открие.
     
  14. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    13.290
    Пол:
    Женски
    Да, да има надуеност на цел стомак и постојано му кркорат цревата.. Иначе се работи за млада личност 22 години. Утре закажа за на ехо, па ќе видиме што ќе испадне таму.
     
  15. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Веќе неколку недели чувстувам повремена болка во левото ребро и под него, понекогаш ја добивам и надолу во левиот дел од абдоменот, на десната страна под реброто па и до јајниците бубрезите но таму не е толку јака и поминува релативно брзо. Имам повремено гасови и некако чувствувам нелагодност на таа страна но сево ова не се случува нон стоп. :worried: Докторот ми вика дека не е страшно бидејќи не е пропратено со други симптоми (мачнина, повраќање, пролив, температура) и дека е можно да е од физичка неактивност (?!), воспаление на мускулот или од промена на времето. Но исто така напомена дека можно е да е и од стрес, па сакав да прашам дали некоја феминка имала неодамна ваков проблем?

    Инаку јас си одам за се нешто на лекар иако немам некои страшни симптоми, сепак си проверувам така да, очекувам нареден пат да ми даде упат за на нервно. :lol:
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Прашав затоа што јас имав стомачен вирус со речиси истите симптоми само кај мене ( и кај сите деца од регионов ) столицата беше буквално течна, затоа што немав јадено со денови за да го смирам нагонот за повраќање кој рефлексно ми се јавуваше кога бев во присуство на храна, не пак да јадам нешто. Ме траеше добри 2 недели, па ми помина како обичен грип кој ме траеше 2 недели +. Мене ми беше тешко затоа што не смеев да земам терапија, мислеа дека сум бремена. Но во идеални услови причинителот е многу можно да се дијагностицира и овие проблеми да се решат со терапија. Не велам дека е безопасно, само сугерирам како можност дека можеби е. Но сепак неопходно е да се направат тие испитувања, затоа што владее опасност да се соочува со нешто сериозно, на пример чир на дигестивниот систем.

    Можно е да е заради киселини во желудникот или гасови во дебелото црево. Консултирај се со лекар да земеш Еспомисан, мислам дека ако е тој случај можно е да ти помогне. Храни се поздраво, помалку количински и во почести оброци. Чај од ким и нане исто се препорачува.
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Луѓе очајно ми треба вашата помош.
    Значи вака веќе неколку дена имам алергија т.е ми се вцрвенуваат образиве,пијам лорадатин апчиња и се мачкам со маст Адвантан.И лани истово ми се случуваше докторов кажа дека ми е поленов и ми го препиша ова,арно ама овој пат Адвантанот не ми помагат а докторов неможам да го најдам моментално.
    Така да некој случајно ако може да ми помогне со што да се мачкам?
    Фала однапред.
     
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.067
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Нешто за кашлица? Многу длабоко кашлам,го осеќам шлајмот и грчам
    А докторката не ми работи во сабота ниту замената не работи :@ Идиотска држава...
     
  19. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Еве ме повторно.. Пневмонијата ќе пристигне за час. :( Кашлање-тука, тешко дишење-тука, болки од грлото па надоле-тука.. Сеуште состојбата не е до толку, но не можам ни да спијам, се давам во сонот, дури и лигавам како бебе.. :?:
    Да пакувам куферот и правец болница, или да ги примам флексотиде и тие другите спрејови? Апчиња не користам, така да само ова и чајовите ми се избор. :?: :worried:
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Свари си чај од ленено семе. Две мали лажички ленено семе, по можност истолчено, искршено, ама и цело ќе заврши работа и една шолја. Вари го тоа заедно, само пази да не ти претече :lol: Испиј го чајот и изеди ги и семињата. Малку се лигави, ама помага. Јас кашлав прилично ужасно пред 2-3 недели и за 2 дена немаше ни трега ни глас од кашлицата.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.