1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    После смрта исто што и пред раѓањето (или зачнувањето).
     
  2. Tina-Melody

    Tina-Melody Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Се согласувам,сето тоа го има напишано во Библијата ! (ДЕКА ПОСТОИ)


    Не треба да се замараме со тоа , што ќе се случи после смртта. Живејте си го животот, и правете добри дела и покајувајте се за грешките за да бидат простени од страна на Бог , во случај да постои рајот и пеколот !! :) ;)
     
  3. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.479
  4. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Јас искрено не верувам дека постои живот после смртта. Некако тоа ми се гледа невозможно.
    Мое мислење е дека кога умираме завршува се.

    Нашата свест, размислување, енергија, да кажам и душа, според мене се е во мозокот, па така кога умираме, се тоа умира со нас. Всушност, енергијата не умира, преоѓа во друг вид, но според мене не и во нов живот на некое друго место.

    Јас мислам дека луѓето веруваат во тоа затоа што сакаат да живеат. Не сакаат да им заврши животот и не сакаат да го сватат тоа.
    Тоа е моето размислување, моето мислење.

    Затоа една порака од мене:
    -Живејте додека можете. Искористете го единствениот живот кој го имате. Не се надевајте на нешто после тоа, туку користете го тоа што го имате. Животот и не е толку краток (иако на човекот никогаш не му е доста), има време за се и за секого!
     
    На SINOLICKA_123, Bender Rodriguez, Night Rider и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Najubava09

    Najubava09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    108
    Верувам во задгробен живот (рај/пекол) а немам врска ни самата зошто мислам така.Ете на друго неможам да помислам после смртта мислам одма рај или пекол..
     
  6. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во она што не учи Библијата и верувам во Исус и Господ затоа верувам дека постои пекол и рај.
    Знам многу верувам :D
    Не треба да се преоптоваруваме со тоа што ќе се деси после нашата смрт, треба да си го живееме животот а кога ќе дојде за тоа време Господ самиот ќе одлучи :)
     
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Морав да го објавам овој текст

    Момче тврди дека било во рајот

    Лендон Витли седел на задното седиште кога се враќал од црква со своите родители во автомобилот Pontiac Sunfire.

    Автомобилот на семејството било удрено од амбулантско возило преминувајќи на раскрсницата Нане-Хил. Во несреќата Лендон го изгубил својот татко, додека тој бил медицински мртов три пати, еднаш на местото на несреќата, втор пат на патот до Медицинскиот центар Carolinas и трет пат во болницата.

    Тогаш Витни имал 8 години, и вели дека сликовито се сеќава како бил во рајот секој пат кога бил во клиничка смрт. Тој открива дека ги видел „улиците од злато“, како и Исус, ангелите, татко му, дури и членови од фамилијата за кои не ни знаел.

    - Мојата мајка имала две абортуси пред мене, а јас никогаш не знаев за нив, ниту пак имав слушнато. Тогаш имав шанса да ги видам, вели Витли.


    Лендон има 23 метални плочи во главата, носот му е реконструирана од задниот дел на черепот и тој не може да гледа на левото око - но денес, тој живее речиси нормален живот.
    Неговата мајка, Џули Кемп, неодамна напиша книга со детали за жалењето на нејзината фамилија, како и за небесното искуство на нејзиниот син.

    Кемп мајката на Лендон по сообраќајната несреќа имала скршени ребра, колапс на белите дробови и потрес на мозокот. Таа седела во совозачката страна на возилото кое било удрено во возачката страна, таму каде што седеле Лендон и неговиот татко.
    -Овие денови можам да му заблагодарам на Бога кој ми дава сила за да издржам. Не ја гледав силата во моментите кога ја поминував целата ситуација, видов предизвик и болка, вели Кемп.
     
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    До пред некое време верував многу во рај и пекол. Но, откако ја прочитав книгата „Моќта на потсвеста“ од Џосеф Марфи ми се сменија ставовите. А тоа е дека не постои Сатан и дека ако луѓето не остават повеќе пари на икона нема да одат во пекол заради тоа што Господ е одмаздољубив. Само поповите ќе имаат помалку пари.
    Верувам дека после смртта останува душата од телото, ама за пекол/рај слабо. Kаде оди душата? не знам. Веројатно во „рајот“ ама таму дефинитивно не се јадат златни јаболи и такви работи. Само да напоменам дека многу луѓе ја толкуваат Библијата погрешно и затоа живеат во страв дека ќе одат во пеколот.
     
  9. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Верувам дека после животот нашата душа продолжува да постои, во некаков облик и повторно се реинкарнира (значи не во билка, куче, маче) туку едноставно душата продолжува да живее во друго тело...

    Ова мое верување се заснова на мислата дека во целиот универзум енергијата се реинкарнира, ништо не се уништува попусто, значи се што постои има некаква цел. Дури и во природата, се се пресоздава. Можеби премногу е апрстактно ова моево мислење :)
     
  10. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Аκо веρуваш во Господ, ќе веρуваш деκа постојат ρај и пеκол. Нема туκа ништо нејасно. По смρтта гρешниците одат во пеκолот, останатите во ρајот...
     
  11. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    462
    Нема човек кој нема погрешено. Тоа е факт.
    Па, видимо се у пакао 8)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Добра поента skinnylove. Честопати луѓето кои веруваат во рај и пекол, себе си се сметаат за оние „добрите„ и безгрешни, кои имаат од некоја причина автоматски резервација за рајот, а оние другите во пекол. Но Исус во една прилика кога еден млад човек му се обратил со зборовите „Учителе добар...„ тој му одговорил: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Отецот на Небесата.„

    Според духовните објави на таа тема всушност тнр. пекол е само привремена состојба на душата која таа самата си го создала правејќи им пекол со своето однесување на другите луѓе и природата. Откако душата ќе прифати да ја увиди својата вина, за истата ќе се покае, ќе добие простување и таа исто ќе им прости оние кои нејзе и штетеле, пеколот исчезнува и душата може да прејде во посветли подрачја на вечното постоење.
     
  13. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Еј, само што ми се јавија... другар еден на Супермен... вика дека се заебавале, немало пекол и рај, немало ни Господ, it was a prank. Вика дека уствари сите ние сме биле обична материја која се создава, живее, умира и се распаѓа за да биде храна на останатите во природниот циклус на планетата. Никој никаде не одел по смртта, не ни имало живот после смртта.

    Му спуштив слушалка одма, идиот, многу знае он. Ќе оди во пеколот зашто лаже, а ние ќе си одиме во рајот нормално, зашто сме верници и го сакаме Господ. :angel: :inlove:
     
    На crimson, Portishead, the.one и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не секогаш мора да значи дека одиме во рај или пекол според заслуги.
    Следствено на ова, не ни мора да значи дека постојат рајот и пеколот. Особено не онака како што луѓето ги замислуваат (најчесто на традиционален начин).
    Во периодот откако ќе настапи смртта иако мозокот повеќе не е во функција, можеби постои некој дел од човековото тело кој досега е неистражен од страна на науката, а и те како придонесува да си прави некои сопствени проекции кои најчесто се засноваат на уверувањата дур човекот бил жив.
    А во краен случај, можеби постои и некоја ,,екстра'' борба, и само оние кои ќе успеат да ги совладаат препреките дур чекорат низ универзумот стигаат до целта а тие останатите заглавуваат на пониско ниво. ;) Можеби ги има илјада нивоа и кој каде ќе заврши таму си останува.
    И сето тоа апсолутно да нема врска со заслугите од претходниот живот, бидејќи е дадена нова шанса за да се види чии душевни квалитети имаат потенцијал да го достигнат она што е ветено. Она ,,највисокото''.
    Сепак за да се разберат овие работи, сметам дека треба да се издигнеме над религиските уверувања за да дознаеме што навистина се случува. Бидејќи религиите, и религиските групи однапред имаат ,,подготвено'' концепт за тоа како треба да се одвиваат работите понатаму. И не зборувам за тоа колку тие држат вода или не, туку само сметам дека за секој поединец ако постои нешто после смртта е индивидуално искуство.
    Пр. тунелот. Можеби еден го гледа во сива а друг во розова нијанса. Додека трет воопшто не го ни гледа тунелот откако ќе настапи смртта туку гледа нешто сасвим петнаесто. Четвртиот не гледа ни тунел ни враг. :D
    Некои души се смета дека ,,залутуваат'' во Астралниот свет, па отаде стануваат ентитети кои имаат некаков допир со овој свет овде па ни се закачуваат и ја црпат нашата енергија без оглед на тоа ние колку сме свесни за тоа или не.
    Па, преку самото црпење на енергија се здобиваат со повисок статус и достигаат поголеми квалитети утврдени според рамките на тој астрален систем во кој престојуваат.
    Исто така, заборавив да додадам дека сето ова не мора да е ни малку реално, туку да е само една обична видео игра во која сме ние главните улоги и управуваме со нејзиниот тек помалку или повеќе.
    Нешто слично се случува и со животот ако се водиме според оваа теза.
    Што ви е гаранција дека не сме во матрикс и нашите мисли не произлегуваат од нашите креатори за кои ние сме само обични puppets со кои може да си играат како сакаат?
    А сешто можеме да сториме ние, е да бидеме свесни дека биваме контролирани од нив, но не и да се оттргнеме од нивните конци.
     
    На Portishead му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Само кога сме на тешка мака го повикуваме Бог, ретки се вистинските верници.
    Грешни сме до коска, ама мислиме ќе појдеме во црква и оп безгрешни.
    Искрено внимавам да не грешам (а грешам) зошто луѓето ми судат, а не Бог тој е милостив.
    Секој ден го живеам како да е последен, затоа што никој не се вратил да каже дали има пекол и рај.
    Не верувам ама ич во задгробен живот, затоа што ако на земјата ми е пекол, ќе сакам да умрам за да одам во рајот. :o
     
    На Portishead, Hipica и imelda им се допаѓа ова.
  16. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Рај, Пекол, Чистилиште и сите останти приказни, кога ќе умрам сакам да почивам во мир па што биде нека биде :)
     
  17. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    На моменти верувам,а на моменти не.:D Најубаво живеј си животот додека можиш:)
     
  18. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    When we die, we become one with the Force.
    Шaлa нaстрaнa, спoред мене, пoсле смрттa тoлку е сo нaс. Телoтo ни се рaзгрaдувa нa неoргaнски мaтерии и си прoдoлжувa кругoт нa живoтoт. Нaшaтa мaтеријa пo смрттa, сегa е грaдбенa мaтеријa нa други oргaнизми.Нaшиoт живoтен век е незнaчaен вo oднoс нa тoa кoлку е стaрa вселенaтa, и нa некoј нaчин сеуште не мoжеме дa прифaтиме декa сме нaјвaжни нa светoт, мoрa дa имa нештo пoсле смрттa, немoже еднoстaвнo дa сме вид нa живoтни.Инaче се сеќaвaм нa еднa прикaзнa штo јa прoчитaв пoрaнo, зa кaменoт и бaмбусoт, и бaмбусoт рече "Јaс мoжеби умирaм, нo прoдoлжувaм дa живеaм преку мoите синoви". И oсвен тoa, имa мнoгу луѓе кoи преку свoите делa, живеaт сo векoви. ..
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Вистинско прашање е дали постои живот пред смртта?
    Властите од памтивек ја подржувале организираната религија со цел поданиците да се помират со бедниот овоземски живот и да се надеваат на убавини после смртта.
    На некој начин и самите поданици можеби се тешеле со тоа, бидејќи сознание дека животот е еден и тој бил потрошен на таков мизерен начин би претставувал неиздржлива болка.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Ја гледав пред некое време комичната драма Крилја на славата (Wings of fame) британско-холандски филм од 1990 год. со Питер О`Тул. Во филмот демек умрените доколку биле славни одат привремено на некаков остров со хотел. Не е јасно дали е тоа рајот, пеколот или некое чистилиште. Го има на јутјуб во делови, мене пријатно ме насмеа...

     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.