1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Луѓе многу сум загрижена, кученцето денес не сака ништо да јаде, постојано лежи, одот му е бавен, вчера го бањав па викам да не е измрзнало. Дури утре ќе можам да викнам ветеринар (живеам во такво место, што после 15 часот никој ветеринар не работи). Дај кажете што можам да сторам во меѓувреме, со што да го молам за јадење, се одбива?
     
  2. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Во саботата вечерта ми го украдоа куцето од двор :( му го изгореле јажето замислите со запалка и го земале ... леле колку ми беше тешко ... целааа вечер го баравме до 7 утрината ,пријавивме и го објавивме на фб, за среќа од толку објави некој го познал и ни јавија :inlove: .Искрено загубив надеж оти немав никаква трага , али Барон изгледа избегал од таму кај што го однесиле и некој ѓупчиња го земале и го играеле па некој човек го видел и го познал по сликата и така сеге си е пак крај нас :) :dance: :dance:
     
    На Lella, sweet-star, Papillon.Papi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28

    Може со млекце или пробај со саламка? Остави го на нека си лежи,нема ништо да му биде до утре не грижи се ;)
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.811
    Допаѓања:
    38.281
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас си имам малку мака со моето многу е плашливо, кога се шетаме ретко кога има самодовреба и е со кренат опаш, секогаш му е меѓу нозе и од непознати е преплашен, опаш мава само на децата од пред зграда, со други луѓе е несигурен, им ржи.Исто и многу е плашлив од мали кутренца бега од нив ко од ѓавол, а од поголеми не се плаши, напротив им се сили и лае колку што го држи глас.Не знам зошто е таков, ај да речеме да не го дружевме со други кучиња и луѓе, ајде, ама тој од мал е секоја недела кај дедо ми на двор со нивното куче и не е врзан, секој ден го шетаме, секогаш е со народ, сакам да кажам не е несоцијализиран па да се плаши и да нема доверба.Единствено што е кастриран, можно ли е да е од тоа, јас мислам дека напротив треба да биде смирен баш ради тоа...
    Еве му земавме и маска, тој е мал не верувам дека може толку некој да повреди, ама страв ми е доволно е да исплаши некој, па да си имаме проблем.
    Мене стварно ми е жал да го гледам таков несигурен и плашлив....кажете ми некој совет.
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    На секоја прошетка носи му грицки за кучиња. Секогаш кога ќе биде исплашен, насочи го накај тебе и нежно дај му грицка. Така ќе се смири или ќе заборави на тоа што го исплашило.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    мачката ми се пораѓа!!! :D
    има малку крв и мјаука некако чудно се обидов да и помогнам ама незнам како ја допирав на стомахот ептен и е тврд
    помогнете ми ако може побргу да ми вратете ако знаете
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Таа треба сама да се породи, тоа може и да потрае подолго и не треба многу од околу да се вознемирува и допира.
    Како излегуваат мачињата таа си ги лиже за да ги исчисти, ќе почнат да цицаат и најчесто нема потреба од човечка помош.

    Еве видео од омачување, но предупредувам да не го гледаат оние со слаб стомак ;) https://www.youtube.com/watch?v=z9NC3FVHLk8
     
  8. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Me интересира дали кучката може да остане бремена само кога има добиено?
    Затоа што сум приметила мажјаците знаат да пробуваат нели да се спарат(да и се качат) со женка иако нема добиено.Па сега енигма ми е дали е возможно да се спарат тогаш и да остане бремена.? :)
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека мора да има добиено. Не е логично да биде оплодена без да биде плодна во тој момент. :D Мажјаците се качуваат и на 9 месечни. Хормоните им рипаат, па и тие „рипаат“. :lol:
     
  10. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Ама па така ако гледаш и ние жените можеме да забремениме и во неплодни денови,не мора да е плоден денот за да се фати.. :)
    А битно ми е да знам дали да ја мешам со возбудени мажјаци или не ,она седнува како и да е ама страв ми е белја да не направиме некоја :D
     
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.812
    Се породи? Убаво е да се следи, ако мачката неможе да ја одгризе папочната врвца, во тој случај треба да се исече или пак ако е замотана околу вратот на мачето. Такви случаи се многу ретки, но се случуваат.

    Што мислите, дали е подобро на мачката моја да и давам варено кокошкино месо или не варено? Вареното го јаде но не така брзо, а сировото ќе го смачка за 10 минути (од прилика и ставам 70 гр во една порција). Страв ми е да нема некоја бактерија во месото, па да ми се разболи... незнам како да правам. :?:
     
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    ^ Сварено и добро провери го да нема ситни коски во него.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    И да се надополнам на Waka-waka, БЕЗ ЗАЧИНИ ИЛИ СОЛ! :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Интересно и важно прашање. ;) Мачките се месојадци, а имаат дури дупло поголема потреба од протеини во исхраната од кучињата.
    Реално гледано во природна средина ниедно месојадно животно нема да го зготви пленот или храната. :) Логично месото ќе го изедат свежо и живо. Организмот им е таков што полесно го преработува и ги искористува потребните состојки од живото месо, додека термички преработеното ја губи нутритивната вредност и не им мириса подеднакво привлечно.
    Затоа нормална појава е тоа што кога ќе им дадеме свежо месо, повеќе уживаат во јадењето и за нив е поздраво. Не дека чисто свареното е строго забрането, но не им ги задоволува потребите (затоа може да им биде само како ужинка), не е природно и тие осеќаат :) . Сигурно се прашуваат "зошто луѓево ни даваат вакво блуткаво мевце!? |( ", а ние се плашиме за нив па затоа...
    Некако се држам до она "ако е добро и нерасипано за да го јадеме ние, зошто не би било ок за мачките". Практикуваме свежо пилешко, незамрзнувано и нестоено како побезбедно (иако денес општо којзнае што се има по сите меса,ама да не навлегувам во други теми :) ).
    Пред да се готви им издвојувам по неколку мали парченца и нормално ги снемува за секунда. :lol: Живото пилешкото е препорачливо за мачки (бидејќи не секое месо е ок и мнооогу! внимавајте со рибите (вклучително и живи) :!: ), ги задоволува нивните потреби, иако некаде имам прочитано дека се случува некои мачки да се алергични на него.
    Сепак најдобро е да се дава повремено како некоја мала ужинка, но не да биде секојдневно, во големи количини и да биде главен оброк кој ќе ја замени соодветната избалансирана храна.
     
    На lackygirl и SV1911 им се допаѓа ова.
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.812
    Ние сме вегетариjанци дома, само мачката и кучето не се согласуваат со нашите погледи, па поради нив купуваме месо. Риба не би и дала, може само од конзерва, ама премногу е мрсна таа за луѓе, а за мачки каj нас нема рибни конзерви, сѐ некоjа каша. Кога и варам месо не ставам сол и зачини. Приметив дека сака со морков, па и дробам мало морковче и мал домат и ги варам заедно со месото, ги jаде и нив варени.
    Месото е чисто без коски кога го купуваме, ама сепак мора да го чувам во замрзнувач, не можам да купувам по 200 гр секој ден.
    Сувата храна за мачки не jа jаде со толкав апетит како месото, па затоа мислев дека е ок да и давам секој ден по две порции...? Jаде разновидна храна, ама сепак месото и е омилено. Мислам дека посигурно ми е да го варам, барем така нема да биде опасно за неа...
     
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Мачките и кучињата имаат сосема поинаква природа од нашата, така да не ни треба да се согласуваат:). Нормално е месото да им е омилено за јадење, особено живо.
    Поконкретно мачките имаат потреба од 85% храна која содржи нутритиенти од животинско потекло, а 15% одредени растителни состојки. Треба да се обрне внимание што треба да се даде, а што не и во однос на растителната храна.
    Проблемот кај готвеното месо, во случајов свареното пилешко, е тоа што го губи тауринот-есенцијална амино киселина која е една од клучните за нормално функционирање на организамот на мачките, а чиј недостаток може да им предизвика проблеми со срцето, оштетување на ретината на очите (доведува до оштетен вид или слепило), репродукцијата.
    Значи тука има пак опасност и затоа свареното месо не се препорачува за постојана секојдневна исхрана и не може да им ги задоволи потребите за хранливи материи како главен оброк.
    Од друга страна иако е посоодветно живото месо, нас пак нормално не загрижува неговата безбедност..

    Затоа е најдобро да се преферира соодветна исхрана за мачки која ќе обезбеди баланс, а останатото да биде во граници на умереност (еднаш-два пати неделно во мали количини).
    До некаде е и навика јадењето на друга (домашна, готвена) храна, знае да им мириса доста примамливо и затоа уживаат во неа. За да се смени таа навика треба постепено да се преминува на мачешка храна со упорност и трпение. Може да се прави микс на почетокот.
    Може да се меша сувата храна со течна мачешка храна (од кесички или конзерви), да се експериментира со вкусови и типови на храна за да се види што најмногу и се допаѓа и да се задоволи вкусот на мачката.

    Што се однесува до рибите, и тие на мачките не им се природен плен ама обожаваат да ja јадат. Сепак никако не смее да се претерува со давање. И таа во целост не им ги задоволува хранливите потреби, а воедно е и меѓу најчестите алергени кај мачките.
    Со резерва се гледа дури и на мачешка храна во која главна состојка е некаква риба.
    Свежата риба има ензим кој го уништува тиаминот (Б1 витамин), а недостаток на овој витамин може да предизвика оштетувања на мозокот, губење на апетит и др. Рибата може да предизвика недостаток на витамин Е и К, а високата концентрација на јод кај морската риба се поврзува со хипертироидизам кај мачките. Исто така високата содржина на магнезиум кај рибите може да предизвика проблеми на уринарниот тракт (создавање на кристали).
    За жал најголемата опасност доаѓа поради тоа што рибата (туна, лосос, скуша итн...) денес не е безбедна поради се поголемото загадување и присуството на тешки метали (пр. жива), пестициди и други токсини. Ризична може да е и рибата од рибници, затоа што и таму се употребуваат разни хемикалии. Како таква не е препорачлива да ја конзумираат луѓе, а уште помалку мачки (или други животни).
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Девојки да прашам, 4 месечно хаски почна да има пролив и го цеди целото. Што би можело да превземеме да го спречиме знае некој?? :(
     
  18. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Само што забележав кучето ми врие од крлежи моментално ништо не работи, што да правам дали можи и јас да се наполнам иииии страшно ?
     
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.812
    Благодарам за опширното објаснување sunfemina. Можеби знаеш коj бренд на храна за мачки е најквалитетен? Мојата не сака конзервирана храна, а таа што е во пакетчиња од 100 гр. ја јаде. Ќе комбинирам сува храна за мачки, со пилешко месо неколку пати неделно и таква во пакетчиња.

    fs-fs-fs може да преминат и на тебе, т.е. на твојата облека, низ дома... купи прашок Неопетроид, се продава во ветеринарна аптека, чини 100 денари. Не е опасен дури да го излиже. Треба убаво да го втриеш прашокот на сите места каде што има болви. Ако имаш уште кучиња или мачки ќе треба и нив да ги намачкаш. Никако немој со секакви раствори да го мачкаш кучето, може да умре.
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Извини што каснам со одговоров, кај животните е друго. Жените добиваат повеќе пати во годината но во пократок период, а животните добиваат два пати во годината во подолг период, т.е. имаат добиено додека не забременат.