Премногу емотивна ама премногу.Се си земам за срце и секоја ситница може да ме погоди.Лани на пример бев многу цврста и решителна личност и верувале или не на ништо не реагирав,но сега каква плачка сум станала тоа ужас невиден.
Ај сеа колку е соодветна темава незнам, но мене ми се чини најсоодветна. Пред неколку месеци, 5 да бидам поточен ми се случи еден настан во кој за малку ќе го изгубев животот, едвај жива глава извадив, искрено вакви слични настани ми се имаат случено 3-4 пати во животот но претходните пати па и не ме засегаше толку, не ме смени. Сега, после ова неможам да почувствувам ниту една емоција, значи престанав да чувствувам страв, среќа, тага, задоволство, љубов... Сеедно ми е, се. Буквално се. Дали ќе паднам на испит, што ќе добијам, повеќе ни малку не ме засегаат девојките, кога сум со некоја, не чувствувам ама баш ништо, никаква физичка ниту пак карактерна привлечност, без разлика што јас имам нешто со неа, се правам ко да ми се допаѓа и најчесто гледам да ја завршам работата пред да прерасне во нешто повеќе за да не ја повредам, подоцна. Пријателите/ките, другарите/ките со кој порано сум минувал одлични мигови и сум се забавувал и едноставно сум уживал во разговорите, во секоја минута со нив, повеке не ме засегаат, едноставно не ме засега ништо. Не се плашам од ниедна последица повеке, едноставно не ми е гајле што ќе ми се случи. Не дека немам волја за живот, туку не ми е гајле, повеке неможам да ги согледам убавините на кој сум се восхитувал... Можеби и ја окарактеризирав депресијата овде или пак почетна фаза на шизофренија , но воопшто не се чувствувам депресивно. Знам дека ми треба професионална помош но...
воопшто не сум емотивна. Ја мразам таа карактеристика. Ме нервираат такви што плачат на серии , бог да чува. Никогаш не сум го направила тоа и нема да го направам. За мене сите велат дека имам ледено срце. па што
Многу сум емотивна. Порано бре ич ниту солза ништо, сега некогаш и на филм плачам. Ама пробувам да се воздржам да не покажувам многу солзи за било што, може и најмала ситница да ме погоди ама ете собирам во себе, до моментот на слабост кога ќе се истурам и секогаш викам ајде испалчи и не собирај пак ... Обично плачам кога нешто ќе ме натажи или разочара..
И јас си патам од оваа емотивност! Ама шта чеш.. Секако дека пред секого не реагирам премногу емотивно, трпам и чувам во себе највеќе што можам пред другите. Ама затоа кога ќе си дојдам дома, кога ќе си се затворам во соба...
премногу емотивна.Може се да ме расплаче.обично се собирам во себе и кога ке се изнервирам плачам и по цели денови спиам незнам дали е ден или нок...и само кога ке решам да бидам посмирена и да не се нервирам за се повторно се случува нешто лошо....
Емотивност - ама во себе. Сватив дека ако покажуваш премногу емотивност нема чаре. Понекогаш е подобро да реагираш на некои ситуации ладнокрвно, затоа што некој може да ја злоупотребе твојата емотивност. Е сега има ситуации каде што не треба да се покажува ладнокрвност (пр. не дај Боже смрт). Ама има ситуации, каде ако се покажете сркшени, ќе дадете впечаток дека сте жртва, слаба личност и ќе доведе да ве сожалуваат, а тоа не е добро воопшто. Да, емотивна сум, ама во себе. Порано можев да се расплачам многу лесно, а сега некогаш ми е толку тешко што сама посакувам да можев да плачам - ама не можам. Има некои луѓе што изгледаат тврди како камен, но да се многу емотивни. Се зависи од тоа како гледате на ситуациите.
Емотивна сум, и тоа премногу. Што и да кажат, ме повредува. Но, не го покажувам тоа. Сите мислат дека не ми е гајле за ништо, никогаш немам заплачено пред никој. Единствено заплакав пред татко ми кога умре дедо ми. Плачам кога сум нервозна, плачам за животни, плачам кога ќе ме повреди некој, плачам за се, но никој не го знае тоа Таква сум, не сакам да покажам слабост пред никој
Како малечка пред сите бев "силна". Издржував сѐ, стискав заби, дури и кога бев сама во собата не мислев на лошо. Иако знаев дека има шанси мојот живот да прекине, ја одбивав можноста. Пред година дена се претворив во емотивец. Сите ги сожалував, плачев половина час откако ќе слушнам некоја срцекршачка вест. Е, тоа веќе го нема. Во два месеци заплакав само еднаш, бидејќи немав шанса до сега да се искажав, и тогаш ми дојдоа милион работи на ум, па си ги пуштив солзите. Инаку сум "стронг мајнд"
Уф, јас сум емотивна и не можам да го контролирам тоа, многу плачам за глупости и тоа липам ко водопад, ми се случува и без причина да почнам да плачам и тоа не гледам место, не ми е проблем и на јавни места да си заплачам и пред луѓе. А да не зборам па за нешто посериозно (како кога умре дедо ми) не можев да се соземам, апчиња ми даваа за смирување и пак плачев цел ден, мајка ми ми вика нормално е да се заплаче ама ти претера не се плаче толку мислам дека вода не остана во мене. Дури и кога се смеам солзи ми течат од смеа. А па да не зборам колку се соживувам со луѓето да ме седне некој непознат, да ми кажува проблеми и да плаче ќе го тешам и јас ќе си плачам со него...
Не сум емотивна личност.Пред другите никогаш не сум покажала дека ми е тешко или дека сум тажна.Се кријам длабоко во мене.
Многу сум, и најмала ситница може да ме трогне. Јавно не искажувам секогаш меѓутоа во себе многу си збирам. Мислам дека и не е некоја добра особина емотивноста. Подобро си поминуваат оние кои не ги погодува ништо.
Дури премногу сум емотивна плачам за се, некогаш можам да го прикријам тоа но во некои ситуации неможам, ми потекуваат солзи и незнам како да ги скирјам.
Можам да глумам дека сум силна и се тоа,но внатре во мене е се меко .Во секундата можам да се расплачам,за се и сешто.Ете таква сум,мила душа
Јас сум пρемногу емотивна личност, но ме знаат κаκо цвρста девојκа бидејκи во било κаκва ситуацција κога сите се избезумени и плачат јас сум пρиземна и знам што да напρавам. Сега κога се ρаботи за погρеб, пρво мене ќе ме пρиметиш па можеби после и дρугите. Но емоциите и поκρај се неможам да ги пρиκρијам. Но немојте да сватите деκа плачам κога губиме на натпρеваρи или се ρадувам κога ќе видам хелиκоптеρ. Се знае што е емотивно ρеагиρање а што не.