1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расцветани врвови

Дискусија во 'Коса' започната од jasmin, 19 ноември 2009.

  1. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    7.730
    Многу ја скратив косата пред една недела, ама мораше поради овие расцветани врвови. Вечен проблем ми се иако не ја фарбам, пегла и фен ептен ретко, може еднаш во 3 месеци и пак и пак цвета. Фризерката убаво ми ја среди сега и почнувам со кокосово масло пред секое миење. И пред тоа ставав обавезно маслиново или бадемово уште ова да го пробам, белки повеќе ќе помогне. Џабе долга со расветани врвови.
     
  2. stefo-rey

    stefo-rey Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2

    како тоа ти се крши влакното??
     
  3. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    И јас имам проблем со распукани врвови. Ја израснав косата долга ама почнаа многу врвовите да ми распукуваат, а ретко ја пеглам или виткам со преса :( не сум ни фарбана :(
    Што може да е проблемот?
     
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Зимата, поточно студот знае да се покаже како катастрофален по квалитетот на влакното, исто така и сувиот воздух дома од греењето дополнително ја оштетува, потоа секојдневното триење од јаките од капутите и јакните, се тоа постепено допринесува во пролет да имаме глава полна со распукани врвови. Пробај после секое миење да нанесеш обилно регенератор или маска, исто нанеси и силиконски капки (јас најтопло ти ги препорачувам од Авон оние што се со арганово масло) зошто топлиот воздух од фенот исто многу ја оштетува косата, а во зима скоро сите користиме фенови за сушење на косата (имам другарка со долга коса што и во зима не користи фен, имам пробано еднаш да ја исушам и јас така `природно` но имав чувство како да ја имам брцнато главата во лед, многу грдо чувство).
     
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Секогаш ставам силиконски капки од тие на ЛиквидКристал, а имам и од тие од Авон ама не ми се покажаа баш добри, незнам. На лето никогаш не користам фен, а до лани ни на зима не користев ама сега немам мн време да седам со саати со мокра коса бидејќи скоро цел ден не сум дома, си идам најрано во 8 на вечер и дури да одморам да јадам дошол 22 часот и тогаш се капам и мора да ја исушам косата со фен :(
    А многу пати и со водена коса сум легнувала баш зашто се капам касно :(
    Ама најверојатно зависи и од квалитетот на косата а и од исхраната, а ја не внимавам мн на исхрана и плус не пијам вода колку што треба. Еве сега сум во процес на навикнување да пијам вода па ќе видиме дали ќе има некоја промена.
     
  6. Mihaela.Mii

    Mihaela.Mii Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми кажите како ги намесувате капите само на скалпот? Имам многу долга коса, сакам да го потхранувам скалпот со бадемово масло, но незнам како да го постигнам тоа....

    Инаку јас никогаш не и клавам шампон на цел коса,ставам шампон само на скалпота со тоа бе се суши должината на влакното,и се оштетуваат врвовите многу побрзо. На врвовите ставам маска и силиконски капи. Инаку имам стврано здрава коса , не ја третирам со фенови и преси, ја мијам како што кажав
     
  7. Gremleenka

    Gremleenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Ја скратив косата пред едно месец дена затоа што ми беше долга,а беше никаква, расцветана до пола и повеќе личеше на метла отколку на коса. Сега забележувам дека почнува да цвета пак, не многу, тек-тук по некое влакно е расцветано. Не знам дали е тоа нормално или прерано почнала да цвета? И што е најефикасно да користам против нив? Маска за расцветани врвови, капки, спрејови некои? Што?
     
  8. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Можеш 1 или 2 во неделата пред бањање да ставаш маслиново или бадемово масло :) Или пак да почнеш да ги ставаш капките од Орифлејм ( тие зелените), многу ги користат и ги фалат. :)
     
  9. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    [​IMG]

    Косата ми е ко на првата слика...чаре? :sweat:
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.572
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Ножици, зашто друго чаре за уништените врвови нема.
     
  11. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Ќе го измасираш скалпот со прстите ќе го оставиш да постои 1-2h, можеш и цела вечер, па ќе ја измиеш, со потопла вода заради маслото.
    Ова со капава само на скалпот ме буни, изтрижи ја цела коса, ќе биди само на скалпот :lol:
    оти не те разбирам вака, мора дел од косата да фати, како сакаш стави ја пак ќе фати.
     
  12. a7-Femina

    a7-Femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Мислам дека косата расцветува од пречесто миење..
    Ја миев на два дена брзо ми расцвета.А сега ја мијам двапати неделно и еднаш во два месеци ја потстижувам од расцветани врвови :)
     
  13. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Се шишав пред околу 2 масеци, па и нема баш 2цели месеци во вторникот пак бев на шишање фризерката во несвест ќе паднеше од мојава коса врвовите толку беа расцветани ужас невиден дури чворчиња ми се правеа на косата стварно незнам што да правам со оглед на тоа што користам шампон, регенератор, ставам понекогаш и маска за коса, редовно силиконски капки, со што во овие 2 месеци имав само 1 употребено фен и 1 само фигаро, и ја мијам на 3 или 4 дена. Дајте некој предлог што да и ставам правам за да не ми пукаат врвовите не ми се верува дека партал можат да ми се направат а да се негуваат стварно не ми е јасно инаку еве вакви препарати за коса користам .Ве молам за мислење
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      7 KB
      Прегледи:
      378
    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      6,6 KB
      Прегледи:
      378
    • 3.jpg
      3.jpg
      Големина на фајлот:
      36,2 KB
      Прегледи:
      378
  14. a7-Femina

    a7-Femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Мислите ли дека расцветаните врвови се приметуваат на прв поглед кон косата? :)
     
  15. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    7.730
    И јас го имав истиот проблем се до последниот пат кога бев на фризер, пред месец и пол. Косата ми цветаше иако ја немам фарбано, а фигаро или преса многу ретко користам. Фризерката ептен убаво ми ја среди косата, може ја скратив и 6-7цм, битно целиот метил ми го отстрани. Ставај маслиново масло пред секое миење, јас користам ладно цедено за готвење и прави домашни маски, маслиново со жолчки или со мед, држи го барем 1 час, а потоа измиј ја косата со некој поблаг шампон. Мене лично камилица и мед и ванила на Афродита ми се супер за сува коса, а и тој со кокос е убав. Маска на Балеа за сува коса или со маслиново на Планет спа, зелената. Силиконски капки исто на Авон, зелените. Пази и на исхраната, исто има големо влијание, внесувај повеќе храна богата со витамин Ц и Е.
    Се надевам ти помогнав, јас ова го практикувам и косата сега ми е убава, мека и најбитно без расцветани врвови.
     
    На lattie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. peperutka7

    peperutka7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    91
    и јас го имав истиот проблем, и го решив со користење на спрејчето за коса од Глис, мислам дека од него веќе не ми цвета косата пробај може ќе ти помогне и тебе :)
     
    На lattie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    А да си ја смениш фризерката?

    Тој што те шиша може да влијае премногу на квалитетот на самата коса. Имам читано дека зависи и од ножиците што ги користат. Може ти изгледа како онака сеедно каде се шишаш ама не е така. Јас имам лично искуство со тој проблем. Кај некои фризери косата не можеше да ми порасне ни еден сантиметар, се мачеше да "пркне", кај некои фризери после неполн месец исто како да не сум шишана, цела расцветана, сега кај овој последниот фризер косата ми расте како луда. А секогаш сум користела, масла, маски, регенератори, соодветни шампони, силиконски капки за коса, природни маски... што не. Ама ете и покрај сето тоа мене косата ми беше во моментот таква зависно од фризерот што ме шишал последно. Штознам, пробај, смени ја, па види. Ништо не губиш. :)

    Премногу тешко си најдов соодветен фризер што навистина ќе ми одговара и ќе си ја знае работата. Може дека е машко, досега се' жени ме шишаа. :lol:
     
    На lattie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    земи ги капките од авон тие нема да ги остранат расцветаните врвови туку ке им даде сјај мекост и нема да се познаваат
     
    На lattie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Aschenputtel- Ќе пробам да видам како ќе ми реагира на мојата коса.

    peperutka7- Долго време се двоумам дали да земам спрејче од глис незнав за нивниот квалитет, по твоја препорака ќе ги пробам.

    Daydream- Претходниот пат се шишав кај една фризерка кај која се немав шишано никогаш до сега, сега ова шишање ја сменив фризерката се надевам дека со тоа ќе се реши мојот проблем.

    magic.girl- Ги користам тие силиконски капки.

    Ви благодарам за советите се надевам дека ќе ја вратам косава во нормала. Само сакав да ве прашам ако почнам да употребувам шампон од глис, регенератор од глис, спрејчето од глис и силиконски капки со арганово масло да не и дојде премногу нега на косава?
     
  20. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Расцветани врвови имаме сите, некои повеќе некои помалку, на некои им се ептен очигледни на некои воопшто не заприметливи... мразам кога ќе видам на себе такви а и не ми е баш пријатно кога ќе видам на некој друг, како болка за косата чувствувам... користам шампон ( последно и не прам разлика каков мислам не е толку битен), регенератор ( е тоа ми е ептен битно моментално користа Diplona и ептен сум задоволна :D ), и ги користам овие од авон капките и баш сум задоволна :) мислам дека ми е доволно, а премногу нега како и се што е премногу не мислам дека е многу добро... :) мое мислење Lattie ;)