1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Сте играле ли фудбал со шише?
    Јас да.
    Омилен спорт ми беше едно време.
    Но не обичен фудбал, туку оној со шише. Дури после некое време го засакав обичниот фудбал. :D
    Кога би можело би играла кошарка со шише, но слабо. :lol:

    Инаку, мајка ми не ја била за мешање бои.
    Вчера кога фарбавме јајца, помеша црвена и зелена. Веројатно претпоставувате дека јајцето стана кафеаво. Па потоа го стави истото јајце во сина боја и јајцето стана „лепша од ночи“ боја. Или подобро да кажам „ружна као ноч“ боја. :D
    Но нема врска. Оваа година ќе имаме турбо-фолк велигденски јајца.
    Имаше неколку во „плава ко зелена трава“ боја...
    Веќе неколку години немаме среќа со јајцата.

    За првпат во животот отидов до продавница со пижами. Под тренерката, но сепак.
    Многу јако чувство.
    Но изгледа пижамите несреќа ми донесоа.
    Шетав по повеќе продавници и никако да ги најдам омилените грицки. На крај се задоволив со слични бидејќи не ми се шеташе повеќе.

    Ама доста пишував глупости, подобро да скратам.
    Епа, тогаш со најдобри намери официјално го прекинувам овој монолог.
    Фала. :hai:
     
  2. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Многу е забавно кога со некој се води инает но во позитивна смисла. И двете страни се смеат и кажуваат се што им лежи на душа , но сето тоа се прима позитивно и со смеење.
    Скоро 5 слободни денови и душата, а богами и стомакот итоа како ми се полни.
    Вчера дома не се прибрав , испешачив шест километри, се видов со сите другари, другарки , се видов со него, си поминавме прекрасно попладне , се изнасмеавме... :$
    Денешниот ден е резервиран за прво добар сон после напорни 4 денови во школо , и секако за помош на мајками при припремата на Велигденска трпеза. Горда сум на кифличките кои ги направив, цела куќа мириса прекрасно, превкусни се... :) Бујрум да пробате. :lol:
    Вечер излегувам да си поминам најубаво што можам и конечно ке шетам наспана, свежа, расположена и да не се урочам ама пресреќна. :$
    Утре е сабота, ке си имам исполнет фамилијарен ден, а вечерта одам во црква и прослава на роденденот. Недела е мојот ден. 20 Април , 17 роденден.
    Пресреќна сум на фактот што Велигден се паѓа во ист ден со мојот роденден. Како дете веќе цела недела сум превозбудена. :lol:
    Ви посакувам убави денови, среќни празници , за многу години. :*
     
  3. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    СДК тешко е да немаш,а уште потешко е да имаш,па да изгубиш.
     
    На kikav и Glasna им се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Држете се, онака, цврсто за себеси, за соништата, за надежите, за убавите сеќавања, за љубовта, за сонцето, за дождот, за сега и за утре. Со сета сила, во сите бури, и во сите страшни времиња кога умот ви го пијат глупите мисли и стравот, држете се за некоја искричка која можда и ви се причинува, мислам оти понекогаш забораваме што сакаме, што нашето срце сака, а не треба, не смееме, особено не тогаш кога нема кој друг да ни каже..
     
    На Domino, Sexybaby86, machhe и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.479
    Пресмешно е онака во манастир каде што има часни сестри кога ќе чуеш една сестра и вика на друга, имаш дијазепам на сестра Макрена и се слоши? И ти си онака, ВТФ??? Имате тука зошто да се нервирате, да ви се слошува и не знам што??? Па зошто се молите и сте у зен цело време?А ти онака рандом турист, си сликаш историско наследство и конаци и си скроз забезекнат од муабетот.
    Па зошто се молите онда, очекував да бидете на највисокото духовно ниво, во некоја зен состојба шта да ти причам.

    Епа толку...драго човечанство.

    Деновиве сум напукана најмногу од религиозни фанатици кои одат по исповеди во Бигорски, на некакви си ноќни бдеења и како ми зборуваат за греовивите и правилата, а кога ќе ги прашам добро, а што си ти? Која ти е животната улога и цел? Дали ти после твојот исповед си повеќе од човек? И она ти вика, ама таму можам да кажам нешто што не би се осмелила да го кажам никаде на друго место. Прашувам, дури и грешките према другите луѓе? Да, па замисли кога би им го кажала со колку би се скарала? И што да и кажам освен дека пичкица, со извинение на јазиков. Оди ти во манастир исповедај се зошто некому си наштетила и гревот ќе ти биде простен, а таму каде што си згрешил да се извиниш, не е важно... И се така во круг они ќе мислат дека се блиску до господ, а не знаат дека најголемиот господ ти е во срцето и си ти самиот, не знаат дека најголемиот храм е местото каде што семејството се сретнува со љубов и мир. Толку никогаш нема да разберат дека религијата не е ништо друго освен смислен (а потоа злоупотребен и многу манипулативен начин за заведување на луѓе) концепт за приближување на љубовта до луѓето. На таквите фанатици можам да заклучам дека им недостига многу, многу љубов... и дека не се сакаат ниту себе си, ниту другите, па затоа ја бараат смислата во правилата, прописите и гревовите за да можат подобро и повеќе да им судат на другите луѓе кои не играат по нив, за да имаат чувство на супериорност, а они така послушни.
    Некако се такви луѓе привлекувам...ќе се замонашам еј.

    Периодов од годинава го сакам заради убавината во семејството, ништо друго. Од религии ми е преку глава. Реков, никому не судам ако си верува, ама на фанатици, охооооо... Еуфорични лудачишта кои се полни со суета дека они ете се најголемите верници, а другите не се. Море мрш!

    До толку да е некој глупав и слеп, да следи правила,а да не толкува, да разбере и да почувствува, не ни можев да замислам дека до толку може да се забега.
    Одат по манастири, бдејат, се исповедаат, спијат, читаат молитви...и уште им се воодушевуваат на монасите и уште пази молим те, ми вика, знаеш во секое семејство каде што имале некој монах, имале многу среќа. Велам, што е за тебе среќа? Па знаеш имаат куќи, станови, убав живот... Мислам дека ви е јасно дека тука заврши дискусијата и за каков верник се работеше...
     
    На Sexybaby86, mims-89, najubava2010 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Нема предпразнична атмосфера.Луѓето се напнати, уморни.Многу тешко се допира до нив.
    Пробав на милиони начини веќе, но не се откажувам. :!:
    Толку ли сте несреќни, за се во животот да сведете на секс и пари? :?:

    Како да ве разберам......ни самата не знам.
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    8.667
    Пол:
    Женски
    Цел ден сум како поспана :drunk: ,се мислам дали е до времето :wasntme:
    Цела зима не ми беше толку студена колку овие денови,буквално се смрзнав :doh:

    **
    Како се засрамив вчера,ѕвона ѕвончето за одмор,гледам да ја избегнам гужвата и одам на др.страна во ходникот на училиштето за побрзо да си купам за јадење.Си одам јас,мака си немам и поминувам до една врата на училницата и опп,се судрив со едно дете :tmi: Си се вцрвенив јас овој ме гледа и се чуди :?: а јас во земја ќе пропаднев. Абе траг(ком)едии :wasntme:

    **
    За оваа недела планирам добро да се одморам,да соберам уште малку енергија. :D И така.
    За вечер немам никакви планови, туку планирам да си пуштам некој филм или серија и едно топло чоколадо до мене.

    Среќни празници на сите,убав ден :hai:
     
  8. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Креваш војна.
    Се бориш ти,за нечија љубов,твоја,ваша,негова,вложуваш дел од душата,а другиот без да знаеш го чуваш за да траеш ти кога се ќе заврши.Креваш облаци од прашина,тонеш на дното на океанот а твојата љубов е длабока колку и тој.

    Можеби и ти,на крајот ќе си губитник,со изгребана душа, желби што лебдат,денови кои не се случија,и ноќи во кои не заспа.Кога крајот ќе дојде и под наметката ќе ти донесе празнина,затвори ги очите,патувај некаде каде што никогаш не си била,допри ги сите вдлабнатини на срцето.

    Тогаш ќе знаеш,од пепелот да направиш нови соништа.
     
    На bittersweet, Mama25, esperansa777 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Consultant

    Consultant Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2014
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    101
    МИ ФАЛИШ :(
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Сакам да кажам дека дедо ми го прави најубавото кафе на целиот свет. Фала на пажња.
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Е така, знае животот да биде ироничен и непредвидлив..
    Баш фино ми беше деновиве, бев среќна.
    А сега?
    Целата несреќа во светот ми се насобра мене?
    Сурово, многу сурово!
    Може звучи препотентно, ама незаслужена а...
     
  12. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Посакувам да можам да избегам од сите проблеми,да не чувствувам ништо,да не гледам и не слушам кавги,плачење,викање...Посакувам светов да беше розов,да немаше никакви проблеми,се да беше во ред...Од некои секојдневни настани што се случуваат,можеш да извлечеш поука,ако убаво размислиш...За кратко време сфатив некои работи,кои во почетокот ми се чинеа како невозможни и невистинити...Од многу работи што ни се случуваат се учи по нешто за животов,но исто така од некои работи сфаќам дека животов не е розов поради нас,ние не се трудиме доволно за да го смениме на подобро,штета...
     
    На eliesaab, anggell, Dream-Girl и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.640
    Пол:
    Женски
    Толку да се било бездушно.
    И во црква да се докажува алчноста,бездушноста,ладнокрвноста...
     
    На Dog-lover, QueenElena, Moonstone.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Ова е вистискиот момент да дадам глас ЗА колективното жалење за времето. Лепи дечко ме испрска со БМВ-то по сабајле. Ме тера да псујам на ваков ден. Иритантен момент е што застана да се изнасмее. Гојдо!

    Вистина е дека убавината е релативна, како и многу работи. Релативен е и лимитот на картичката чиј сопственик е спонзор на лепотици. Релативно е и времето за кое ќе се достигне, еквивалентно релативно на времето за кое ќе биде оставен без друштвото на лепотицата. Единствено постојано е мојата рамнодушност кога ќе видам манекенка со некапен суму борач со влакнесто торзо кој секне нос во јавност, со повеќе влакна во ушите него ли на главата.

    Ова е убавината на сезоната која следи. Буџетот расте со посетите на туристите, а тука не мислам само на државниот :D

    [​IMG]
     
    На ariela09, imelda и QueenElena им се допаѓа ова.
  15. Consultant

    Consultant Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2014
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    101
    [​IMG]
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Никогаш не го разбрав значењето на раперското А А А А! Која штета!
     
    На Dog-lover, ariela09, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    сдк дека никогаш во животов не сум видела нешто посурово од логор...
    мислам дека никогаш повеќе нема да видам место на кое одеднаш биле убиени 1,5 милион луѓе.
    зборувам за централниот логор кој денес го посетив, Aушвиц! жално, навистина жално ;(
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      394,3 KB
      Прегледи:
      328
    На sweet-star, Dog-lover, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Тогаш кога бевме само јас и ти.

    Недофатлив спомен,
    пуштен во заборав.
    Се враќа тоа време.

    Некое темно место во најсветлиот дел од градот,
    со многу ветер и малку луѓе.
    Со по некоја ѕвезда на Небото, што знам јас.
    Онака бе, да ја почувствуваме носталгијата за нас, за тогаш.
    И само тогаш, знаеш.
    Среде таа врева од тивки лица,
    да се препознаеме,
    кои бевме,
    и зошто сè уште не сме.

    Тогаш кога бевме само јас и ти.

    Малку дожд и депресивен зрак на Сонце.
    Со нашата песна на радиото,
    која секогаш се противеше да ја чуеш кога бевме таму.
    И тоа поради банална причина, слушаш?
    Со оној израз на лицето кога ќе ти речев:
    Те сакам бе, токму поради белите влакна од брадата те сакам!
     
    На ariela09, Marossa, kala21 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    ^ И јас бев во Аушвиц пред неколку години, и можам само да кажам дека ако не друго, од посетава треба да се научи дека со денешната технологија и оружја и се,историјата може и те како да се повтори.. освен ако не се запамети.
     
    На eliesaab и Kaylie им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Баба ми само за ќотек е, ме омрси и мене и братучед ми и братучедка ми. :devil: :tmi:
    А се откажав денес и од торта и од се, иако јајцава ме мамат да земам, не можам да се стрпам, утре останатата гајба за вапцање, 30 овапцавме вчера, утре уште 30 и спремни сме за Велигден.
    Купени се работите за во недела, ќе има голема гозба. :tmi: :D
    Се видов со братучедите по 2 месеци, абе многу си ги сакам, ама ако некој од нив не ме засрами нема кој.
    Инаку многу се нервирам кога некој ми чепка по телефон, со изговор ќе играм игри, а тој/таа си гледа по именик, си гледа слики, па музика си пушта и не знам што. :D
    Е така братучед ми и заѕвони на една моја другарка и убаво ме избрука. :D
    Ама ај нека бидна веќе. :D
    Туф ама се нервирам што се омрсив, а мислев на причеста да одам ама бидна и тоа што да правам.
    Переци со сет памет ќе јадам, а во нив млеко имало. :fubar:

    Cvetteto Не знам дали тоа што си го напишала ти е за да привлечеш внимание или пак навистина го мислиш, но доколку тоа си го мислиш за себе, не е добро. Никој не е совршен, сите имаме маани. Еве на пример оди застани на улица и на секој човек ќе му најдеш нешто што му недостасува така да... Па, и јас те имам видено знам како изгледаш и не си грда, затоа цени се себеси...
     
    На QueenElena, Jenniffer и LittlePinky им се допаѓа ова.