1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја споделам и мојата прикаска со вас која ја имав во неодамнешен период.
    Пред веридбата и подарив на мајка ми и на свекрва ми едно црно хаљинче,си реков ај да не ги делам, кое што оваа и го дала на етрва ми и она го носеше на 2 риот вечер од веридбата.Помина и тоа и реков дека поклон не се дава и ми се извини,тоа и беше 1 грешка.

    Собата која што беше на мазот ми ја реновирав целата купив се ново(кревет,тв,тепих,ламинат,лустер,завези и се друго значи целата ја опремив,но заминавме за германија и не ја заклучиве затоа што рутерот за нет стоеше таму.Пред венчавката додека сеуште бев во гер. дознав дека во собата спиел помалиот негов брат,што за тоа ниту јас ниту мазот ми немавме појма(никој не побарал дозвола од нас).И згора на тоа оваа ми се испонаша кога и реков ми вика да не треба молба :o
    Јас решив во таа кука не се вракам веке си ги собрав работите кога дојдов во мк и сега си седам кај моите,мазот ми ме подрзува во целата ситуација.А нејзиниот изговор е дека браката не делеле ништо,јас не мозам да замислам како мозе некој да спие во креветот на снаата без прашање башка што во собата имаше оставено мој долен веш.
    За да биде поинтересна целата случка сега во собата спие етрвата со постариот брат,исто така без никого да прашаат некого од нас двајцата.
    Сега ке правиме свадба во мк мазот ми ке си дојде и јас ке одам само на гости таму вака не. :@
    Еве како старите мозат од ништо да направат нешто,со маз ми кога и да ја спомнеме оваа ситуација се караме.Што мислите вие за оваа што би направиле? И дали сум во право?
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    енци јака ти душа господ нека ти даде храброст и трпение да издржиш, јас недај боже да сум на твое место никогаш не би го издржала тоа одма би ја задавила, со кое право ќе ми одзема мое дете од раце ќе му ја собира мокрачата и ќе му дава да пие, детето треба со мајката да биде а не со бабата, тоа што го преживуваш ти е тортура невидена, леле кога го прочитав твојот пост срцето ми затрепери мало бебе од мајка на таков начин да и се одзема, а ова со мокрачава незнам што да кажам освен господ да и прости и да и дојде паметот да се тргне на дистанца ццц
     
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Нема зошто да се бара одговорност од некој трет, како мајка должна е да си го заштити своето дете, како може да ми го земе од рака некој и да прави со него што сака. Ако дозволуваат со сопругот да се однесуваат кон нив како кон мали деца сами си се криви. Ако тоа е условот за да седат под нивен кров тогаш заминување е единствено решение.
    Fairy
    Ако сте заминале од куќата а во неа многу луѓе за кои можеби нема доволно место, требало да очекуваш дека некој ќе ја користи таа соба. Не требало да бидеш ситничар и да се расправаш за соба кога веќе не си таму, а другите се стискаат во таа куќа. Кога ќе се вратите во ред е да ви ја отстапат, но празна да стои а другите да се туркаат на одење, сама би ја понудила да ја користат ако им треба додека не сум таму.
     
    На Glasna, mimiiiii и baby-star им се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    59.333
    Енци, зошто живеете со такви луѓе? Отидете кај твоите родители на некој период доколку немате можност под ќирија да живеете некаде. Доколку тоа не е возможно, тогаш заклучи се во собата, не ги пуштај.
    Со маж ти зборувај, не иде тоа така, не си ти сама таму. Нека си ги контролира родителите. Лудница.
    Што за будали се тоа... сешто шета по светов. Да сум на твое место не би им правела ич муабет, а не па да ми влезе во соба, па уште кога го дојам, има на клоци да ја избркам ако не разбира со зборови.
    Кај овие не пали со убаво, со лошо треба.
    И не им го давај бебето. Искрено, мене ме изнервира твојот пост, како можат така бе!!
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Да но јас кога ја прашав свекрва ми таа ми рече дека имала место за сите свои синови со се снаи има каде да ги смести,не е единствена соба па сега ајдее аи од некоја култура јас би прашала пред да почнам да користам нешто туго.
     
  6. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Супер е да си јас,се нешто ми се случува...
    маж ми вика дека ќе си одиме одовде,ама јас некако не му верувам...
    ама јас секако ке заминам,со него илиѓсама.

    а за доктор го однесов,добар е.
    е сега за пријавување,и јас се мислев.сакав да ги пријавам,ама незнам каде.
    они се сега во филм_болувам за внукот,мн го сакам...ама очекувам за пет дена нов циркуз,и тогаш каде да ги пријзвам??? :sweat:
     
  7. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    321

    Енци, каде да ги пријавиш незнам, ама душо барај помош од твоите собирај сили убеди го маж ти и не се враќајте кај свекрва ти, ме исплаши со твоите случувања, не мисли на ништо друго, полошо нема да може да те снајде.
    Секакви жени има, секакви свекрви ама твојава секоја граница ја минала, спасувај се и ти и бебето што поскоро.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    А ти Енци каде беше додека свекрва ти му давала мокрача да пие бебето?
    Каде беше твојот сопруг?
    Сигурно не седевте и гледавте отстрана!?
    Па како може некој од рака да ти го земе и вака да му прави?
    Очигледно е дека немаш подршка од мт,во ваков случај не интервенира полиција,туку ти самата како мајка треба да го заштитиш!
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Ова што го прочитав страшно ме вознемири
    Ќе им забранам влез во мојата соба,без чукање на врата (заклучена) без дозвола нема влагање
    Ма мајката и бебето им треба мир ,тишина и интимност
    А нив ако им треба за уроци ќе им наточам
    А ако не ја почитуваат мојата интимност си одам
    Ќе го чувам бебето 24/24 под надзор од такви створења...
    Ц..ц...ц..страшно...страшно :x
     
  10. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Јас мислам дека си претерала малку.
    Мислам што и да смениш во собата каде што мм живеел порано, па и да ја реновираш, тоа е во куќата кај свекрва ти и не можеш така одненадеж да му забраниш на луѓето да влегуваат таму, а ти не си таму.
    Ти не живееш во куќата, не спиеш во собата години, зошто да држиш соба празна таму и никој да не може да влезе или да спие, собата треба да се користи.
    Па и се вознемируваш оти помалиот брат на мм спиел на креветот.
    Па големо чудо, да не го изеде, затоа е направена собата, да се користи.
    Дали вреди да се караш за тоа?
    Или да бегаш настрана кај мајка ти.
    Па не викнаја некој од улица, да спие во собата, пак е некој близок.
    Што се однесува до вешот стварно мислиш дека некој ќе ти чепка или дека му е интересно да гледа што носиш?
    Па и не треба молба што се однесува до братот на мм.
    Себично од твоја страна :!:
    Значи не е голем проблем дека некој ќе спиел на креветот, ама ти го правиш поголем.
    Или дефинитивно не е само тоа, не ти смета само тоа.
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Абе fairy уште не влезена во куќа а веќе почна да делиш имот . :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    3.358
    е како може ве она вложила во тоа реновирала таа е НИВНА соба без оглед дали моментално се тука или не и туку така некој да си влезе и да си спие :tmi: мислам дај осет се нема, братот да спие на креветот на кој снаата и неговиот брат имале секс :tmi: :| башка и алишта нејзини оставени таму, не не, јас не би го дозволила тоа и правилно си постапила , ке ми се прпелка некој у кревет таму па јас да спијам после :puke:
     
    На pikolino и fairy90 им се допаѓа ова.
  13. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Еве и јас да го кажам својот став и мислење за „проблемот“ на missfortuna, но и општо на тема јас доагам во куката и јас сум газда, без разлика што немам ставено цигла во таа кука.
    Прво почитувам девојки кои сакаат да бидат самостојни, никој да не им се меша, да не им влегува во соба, но тоа во своја кука, кога ке го испотат газот, или кога ке земат кредит кој ке го отплакаат цел живот, или ке плакаат кирија тогаш може да се прават газди. Но да отидеш во туга кука и да изиграваш шериф, да кажуваш што смеат а што не, оние што ја изградиле куката е во нај мала рака безобразлук.
    Нема независност додека друг те рани, или додека живееш во туга кука, независност само кога ке си направиш сама и кога сама ке си купуваш храна и ке плакаш сметки, а не се другите а јас сум газда, е тоа го нема никаде.

    Се изинувам ако некој се најде засегнат од мојот коментар, но тој се однесуваше општо на сите, а има многу такви постови каде што буквално за ситници се прави скандал, па дури и се растураат бракови.
     
    На drugarka, bittersweet, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  14. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Мислам дека луѓето премногу емотивно се приврзуваат кон материјалните работи.
    Се работи за близок човек, брат на мм.
    Ако треба да примиш некого дома, да поседи привремено во твојата куќа, а таа е празна, ти не си таму, нема да го пуштиш, ќе му речиш на кревет спијај виткај се таму, немој на спална да ми легнуваш? За некој близок како сестра ти, мајка ти, братучеда твоја некоја?

    И да се надополнам имам клуч кај мајка ми и свекрва ми, имаат тие клуч од кај мене дома, слободно да можам да влезам во случај итно нешто да ми треба, а и тие да влезат кај мене дома ако треба.
    Прашуваат и прашувам за кога ќе идат на гости, но јас сум во друг град, често испарувам од Македонија, клуч му давам за да влезат за се што и да му треба, а не камоли да му правам проблеми за тоа каде да спијат.
    Доверба треба да се има :!:
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Фери без навреда, ама да му се плукнам на мажот кој дозволува жената да му ја реновира старата соба од темел а он не дава ни денар за тоа знаејќи свесно дека тоа не е негово туку на мајка му и татко му.
    Којко ви е крив после кога вложувате грди пари во нешто што не е ваше и кога сакате се да си присвоите кога нема намера да се дели.
    Шефување и шерифување само во лична сопствена куќа/стан.
    Сами сме си криви ние жените, кога се сакаме на свој грб да носиме, и после ништо не ни чини.
    Што сте барале да реновирате и да фрлате пари без потреба, посебно ако си знаела дека ќе се селите за Германија.

    Како ќе ти беше ако он кај тебе дома во твојата соба реновираше се од корен и после брат ти спиеше во таа соба, века ќе реагираше?
    Таа мржња на јатрви никогаш нема да ја сфатам, зашто ги гледате како конкуренција, кога немате допирна точка со нив.
    Секако вие нема да седите во таа соба, зашто да биде заклучена и да фаќа прашина, зашто да не ја користат некои други, кога е веќе реновирана. Можеби требало да ве прашаат не викам не, ама и толкава фама за соба во која самата викаш нема да седиш веќе, а твоја не е нит некогаш ќе биде, не сфаќам.
     
    На drugarka, stetoskop, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Пост на Енци Менци од 12 Јун 2013
    http://forum.femina.mk/kafe-muabeti/sakam-da-kazam-t9061/48140.html#p1673290

    Затоа не бев воопшто изненадена кога те прочитав во темата.
    За една пудра за лице се мислиме со денови дали да ја купиме, дали ќе ни се погоди, а не да влеземе во брак и да имаме дете со човек што го знаеме една недела.

    Браво :handshake:.
     
    На bittersweet, anggell, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  17. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Мазот ми си плати за реновирањето,а друго јас си плакав за јадење и струја кога седев таму,а трето претходно го имавме пуштемо брат му да седи и овој затоа што го изнервирал другиот брат земал со сукаљка и го скршил лустерпот ударал по него(кој јас го купив),трето не се работи за себиЧност се работи за поЧит мислам дека спрема тој поЧит кон снаата треба да се праШа дали мозе да се користи нејзиот кревет и се друго затоа си заминав,кај моите во куката се знае што е мое мое е треба да прашаш за да земеш а не да го користиш така.
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Фери, немој да ме сватиш погрешно но треба паметно да си ги одбереш битките. Да создаваш раздор поради еден скршен лустер не е во ред, со таа постапка го ставаш маж ти во средина а причината не е вредна за толкава драма. Ти си сега дел од тоа семејство и мораш да најдеш начин да се соочиш со сите работи кои не ти се допаѓаат без да одиш дома. Прочитај го постот на феминката која погоре пиша дека свекрвата му дала на нејзиното мало бебе да пие урина, значи може да биде лошо, многу, многу полошо од тоа некој да ја користи твојата соба додека ти живееш во друга држава... Искрено, сама си го комплицираш животот и си правиш проблеми без причина.
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Па што ако ставила ваков пост и размислување?! НЕјзин живот, нејзини одлуки, а за колку време ќе стапи во брак или не, тоа не е наша работа. Девојчето пиша дека има проблеми и побара помош а не побар да ја ставиме на „клада“ како Орлеанка.
     
    На girl-miri и SimonaTino им се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Кревет е,постелнина се мења.Што има врска дали снаата имала секс на тој кревет па да му биде гадно на некој.Како деца не сте се легачеле во креветот на родителите на којшто имале секс ?!? :D :D
    Дугарки,братучетки не ви доагале дома на песпивање,вие не сте иделе ?!? Абе за туѓиот лесно е камења да фрлаш ама како што рекоа пред мене за братот на Фери да стануваше збор дали вака ке реагираше и ке се љутеше.

    Еве еден буквално ист пример.Лани летото братучетка ми реновираше дома и цел месец беше на поседок кај мене .И ја отстапив мојата соба и мојот кревет ,јас спиев во спалната на моите. Еден ден додека бев на работа го викнала дечко и,имале секс на мојот кревет.Што требаше да напраам да ги фрлам креветот и душекот зошто некој друг спиел на нив или имал секс на нив ?!? Фино лепо кога си замина си сменив постелнина и еве ме жива здрава .

    Од мува слон се праи како и во повекето случаи тука. Да ,вистина дека е културно свекрвата да се јави да праша од куртоазија дали може да преспие некој во таа соба,ама уште покултурно е без збор да се отстапи тој простер барем додека не си таму и додека не го користиш. А вакво драматизирање и заминување дома ... Мислам шта речи...