1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Се согласувам со тебе..
    Има врски од 10 год што не се крунисуваат со брак
    Жената си нема проблем со маж и ,туку со неговите
    Ако има слога и љубов во бракот се ќе се надмине
    А ти сесилија не си културна ,извини ама да буричкаш во мислењата за да го објавиш ова
     
    На girl-miri, duffi и fighter им се допаѓа ова.
  2. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Голема работа ако спиел братот на креветот..
    Секогаш кога се лутиш за вакви почни од себе...
    А да спиеше сестрати или мајкати ,а маж ти и свекрвата се б унеа,гарант ќе собереше парталите и ќе си одеше,така?
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Ако ја платил он како што велиш ти, значи тоа ништо не е твое, да те потсетам нешто ти си му била вереница не жена, вие ги мешате тие два поима.
    Значи не си сменила ти се од корен, мажот ти сменил, мешате баби и жаби.
    Откако ќе влезеш во брак имотот и парите стекнати во заедница се заеднички, а не се што он имал и каде живеел уште пред и да знае дека постоиш.
    Те сфаќам јас Фери ти што сакаш да кажеш и што ти е маката, искрено те сфаќам, ама мислам дека малку претерувате невестичките кога мислите дека се што било на мажот автоматски станува твое.

    Само си правите нервози и да ви биде наубаво.
    Опушти се, уживај со првите денови во бракот, уште сте тазе мажени, наместо да се посветите еден на друг додела сте сами и не дошле децата, вие на карање и сплетки се фаќате.
    Мора некој да ви смета, те свекор, те свекрва, те золва те јатвра, не ве сфаќам искрено.

    И уште едно нешто да ви кажам, додека ги гледате проблемите само во свекрвите и останатите од неговото семејство, а не во сопствениот маж и со него не ги расчистите некои работи, нема да имате мир и спокојство.
    Ретко, ама преретко кривицата и проблемите се во свекрвите, туку во мажите, кои не знаат да се постават пред своите и да им објаснат како стојат работите од сега па натака и кој треба да им биде на прво место, посебно кога ќе дојдат децата. Мажите ви молчат како без јазик да се и ве оставаат вие самите да се борите и да создавате уште поголеми тензии.
    Пужови се тоа, не се мажи.

    Јас имав сличен проблем кај мене во семејство, кај братучетка ми, која кога се омажи, за 4 месеци се искара со пола фамилија од кај мажот и, ама има свекрва кој пред се е жена и мајка а после свекрва и кавгаџика, ги седна сите на маса и син и ќерка и зет и снаа, и им објасни како стојат работите, и покрај се они се брат и сестра, не смеат да се караат и мора да се почитуваат. Каква добра лекција им одржи,јас капа и симувам на жената. Ама кога гледа дека синот не и е како треба, мораше она, зашто мора некој.

    Никој не е совршен,сите си имаме мани, јас дома со мајка ми живеам па некогаш ми иде на живци некогаш толку многу, па тек вие со непознати, туѓи луѓе со свои правила и поинаков начин на живеење сакате да биде како дома. Мора и они да се прилагодат на вас, ама и вие на нив и компромис, нешто вие ќе попуштите нешто они, се за мир во куќи.

    Ако не можете идете под кирии, земете кредити и секој на своето, па тогаш да можеш да правиш како ти сакаш без никој ама никој да ти се меша.
     
    На bittersweet, fairy90, artemidis и 2 други им се допаѓа ова.
  4. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    3.365
    |( боже боже, како прво никогаш никој не би ставила да спие на мојот брачен кревет , ниту јас би сакала да спијам на нечиј, било моите, кој било, си има за тоа дневни гостински соби :!: Јас не сакам а знам дека и они не би сакале , а вас ако тоа ви е ок викнете го и комшијата да ви спие на спална гајле ми е па мене :D Муабетот тука беше за девојката која што си ја уредила собата на вереникот , значи имало таму и нејзина долна облека сепак тоа била нивна соба , и не е во ред кога заминале да им се тутнат така, што ако е тоа кука на свекрвата, па таа соба била на синот нејзин, и можеле чисто од култура да прашаат дали е ок да спие извесно време таму брат му. Или дека е нејзина кука па може да праи што сака..а кога па живеете во заедница со свекрвата и кога свеки ке ви се бутне во соба, ке ви буричка наоколу дигате галама ( сто пати го имам прочитано тоа во темава) па нели е тоа нејзина кука :wasntme: ако се водиме веке по тоа...
    СуперГирл24 тоа што братучедка ти го викнала дечко ти во туѓа кука додека е на гости да имаат секс ако тебе ти е сосема ок на повекето не им е . :| и не збориме тука за кревети, постелнини и сл. туку за култура. Да отидеш на гости и да си го викнеш дечкото да се сексате е ту мач...да не кажам безобразно и без осет .
     
    На fairy90 и pikolino им се допаѓа ова.
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Уух преку глава ми е овие закани ке те избркам од дома,ццц ма овие што родители ке беа :^)
    Исто и кај нас беше ова,цела година татко на мм му викаше така,оди си не ми требаш :tmi: што родители се тие што ги бркат своите деца?!!!!
    Туку ако заедницата не оди добро може и со смирен начин да се реши,а не со кавги и брукање.
    Мила и кај нас беше така и мм ме вати за рака и ми рече-нема повеке да гледаш како не бркат како да сме кучиња скитници,го најдовме најмалиот стан и се вселивме.
    Мм плајка кредит од таткому,зивееме во мал стан ама сме среќни и господ ни даде ќеркиќка :inlove:
    Може не живеме луксузно и богато ама сме пресреќни и двајцата.
    Да бевме со неговите може не ке имавме и бебе,бидејки се меша во нашиот приватен живот

    Најважно од се е да мм бидат со нас :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Изгледа дека само ти ме сфакаш во оваа цела ситуација,инаце сестра ми никогаш не би го направила тоа,а и пред да направи ке ме праша искрено таа и во мојата соба нема спиено ,а камо ли во брацен кревет,не знам како ке излезе целата ситуација,ете и мене ми е криво заради мазот ми ама сепак мислам дека кога они би се јавиле јас сигурно нема да ја продолзувам оваа работа туку би оставила се зад себе.Ама ете они мислат дека не погрешиле а јас да се извинувам и да преземам некои други потези прва немам намера,иако од сето оваа се Шири многу негативна енегрија.
     
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    За овој проблем, нема решение освен развод.
    Карање со свекрвата, дерење, нож под гуша.
    |(
    Според мене има два типа на луѓе, луѓе со проблеми и луѓе што сами си бараат проблеми.

    Добро и јас многу мразам одредени работи. Не одам да спијам никогаш на гости, јас дури мразам кога ми допрел некој облека во шкаф, премивам чаша кога пијам вода, не седнувам на шоља колку и да е чисто, и други икс моменти кои искрено се срамам да ги кажам.
    И никој не знае.

    Ама јас да се нервирам за нешто што се средува и да правам кавги? Ноу веј, и ова го сфатив последнава година.

    Се се средува, се што ќе се скрши ќе се купи, се што ќе испрља ќе се испере, се што ќе се направи може да се поправи.
    И ако спиел, спиел, но очигледно не е причината тоа што не сакаш ти тој да спие, туку причината е нешто подлабока, а тоа е само изговор.

    А јас едно знам, за ваквите луѓе и подобро е да се нервираат за вакви работи, блазе нив, немаат вистински проблеми, па мораат сами да си ги создаваат. Гоу ахед, сериозно, ќе си живеете сто и една.

    А за проблемот на Енци менци, јака и душа, јас би ја задавила во шоља па да пие мочка од свекор и.
    Ама од друга страна, тоа не се решава така, нит па со муабет.
    Тие луѓе, за жал, никогаш нема да сменат, но единствено што може да се смени се вашите односи ако вие си заминете од таму.
    Не знам што е полошо, дали свекрви што се' знаат, или тие што не сакаат да си ги гледаат внуците.
     
    На missfortuna, mimiiiii и Hipster им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Fairy ќе живеете ли вие таму ? Или собата ви е за престој кога ќе сте тука на одмор?
    Искрено за живеење е малку тесно бидејки сте 3 фамилии (заедно со вас )чинам така напиша , што е невозможно за живеење .
    Јас да сум на твое место , тоа би го рачунала за гостинска соба наменета да биде уредена по ваш вкус кога ќе сте таму . А останато време ќе очекувам да си ја користат луѓето на кои им припаѓа куќата .
    Велиш туѓо пипале ? Извини ама не е туѓо не знам како не ти е јасно .
    Не би очекувала да окупирам соби каде што не живеам и да барам сопственост која не е моја . Свекрва ти рекла дека има соби да ве прибере сите ама сигурно дека нема да бара дозвола од тебе за нејзината куќа .
    Јас не би правела галами околу ова посебно ако не живеете таму. На почеток на брак си правиш непотребни главоболки заради каприц . Може очекуваш тапшање по рамо ,ама мое објективно мислење е дека за џабе ги влошуваш односите а ти дали ќе се инатиш си е твое . :)
    Зошто би правела проблем за детската соба на сопругот . |( Се сложувам со другарка дека проблемот влече подлабоки корени ама не би сакала да навлегувам во тоа.
     
    На Bridget, drugarka и Glasna им се допаѓа ова.
  9. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Во право си потполно. Штом се знае дека сите имате по една соба нема што да ви се мешаат, и да ви ја нарушуваат приватноста. Свекрвати јасно кажала дека има место за сите во таа куќа, тогаш што имаат потреба тие да спијат во вашата соба? Доколку вие бевте таму тие каде би спиеле? Сигурно не со вас во кревет! Требало да го решиш тоа со рутрерот пред да заминете, за да можеш да ја заклучиш собата (кога веќе немаш таму на кој да го оставиш клучот на поверение).

    И јас кај нас е истиот проблем, т.е. во по една соба сме со деверот и етрвата. Тие ја реновираа нивната, ние нашата. Пред да ја реновираме бевме во странство 3 месеци и ја бев оставила отворена собата, и етрва ми си земаше моја облека без да ме праша! :^) Ајде океј го голтнав некако тоа. Но одкако си реновиравме со маж ми на секое мое излегување од собата јас заклучував, било до комшика, до продавница или негде во странство. И јас сега сум во Германија и рутерот, исто и како кај тебе, е во мојата соба но баш ме брига си заклучив и клучот е во свекор ми за секој случај. Не сакам мојата соба да е гостинска. И петоседот што сум го купила утре кога ќе си дојдам да го најдам пропаднат.

    Можеби ќе мислите дека сум себична, ваква онаква, но не сакам некој да ми ги фаќа моите работи без мое присуство и моја дозвола.
     
    На Daydream и Abeja им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Секој сака да има дел од куќата на родителите, па дури и кога очигледно е дека нема место за сите, упорно се обележува територија со завеси и теписони. Како си го земате здраво за готово тоа некое правило дека кај родителите на мажот треба да се живее, па еве вака и кога илјадници километри си подалеку и си почнала нов живот, ќе си пукнеш од мака за десетина квадрати. Можеби не сте планирале да заминувате во странство и собата сте ја рачунале како ваша, и ако некој ви ја отстапил во ред е. Но ситуацијата се сменила а ти треба да бидеш реална и разумна. Ако се вратите ќе ви ја дадат пак на користење? Ако да, тогаш кажи благодарам.
    Некоја снаа ќе добие цела куќа, друга стан, трета спрат опремен можеби комплетно, на која како ќе и се погоди. Но многу ќе треба да се снаоѓаат сами, да живеат во една соба или да бегаат во странство. Ти очигледно не си од првите, па џабе бараш некои правила кои во таа куќа не се изводливи.
     
  11. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Во прво си, но нејзините работи каде да се стават за тоа време. Или ајде да не купувала ништо, па кога ќе си дојде да седи пак во старо? Јас лично, како што кажав, не сакам некој друг да ги користи моите работи, а гледам исто и таа не сака. А верувам дека и ти не би уживала некој друг да го користи твојот штотуку купен мебел.
    Да беше во наша ситуација верувам дека и ти би сакала кога ќе си дојдеш да имаш нов мебел кој си го купула, а не да ти дојдат гости и пак да си во старо.
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    И јас, и ти, и таа можеби многу работи сакаме, ама треба да се гледа што е изводливо, каде се може а каде не. И јас не сакам некој да живее во мој простор, ама тоа што сум ставила завеса и кауч во одредена соба не ја прави моја. Ако не сака да и ги користат работите едноставно е, нека си ги земе и нека ги носи кај мајка. Ако таму има повеќе простор, зошто да не?
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Не можеш на никого да помогнеш кој пред се не сака или не умее сама на себе да си помогне. :!:
    Енци откажа свадба поради тоа што бившиот вереник имаше прости и неразумни родители, обично кога ќе се изгориш од млекото, дуваш после и на матеница ама Енци изгледа не ја научила таа лекција и отишла од лошо на бетер, тоа сакаше да го каже Сесилија, патем и јас кога го прочитав постот на Енци помислив дека се вратила со бившиот ама нашла уште полош и од него. :x
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Не ја прави моја, но ја прави на маж ми. Како неговиот брат има право на соба, така и тој има.
    Нејзината свекрва јасно кажала дека има место за сите во таа куќа. Доколку таа не отишла за Германија, и останала во куќата деверот и свекрвата каде би спиеле? Сигурно не зааедно со нив во кревет? Прво им дала соба, и тие си ја спремиле, и сега ајде тоа е соба по потреба!? Извини ама јас не мислам така.
     
  15. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    и јас мислам дека е во право...е сега вреди да се лутиш,но за да напушташ и да бегаш дома кај мама и тато некако неозбилно делува(од ислуство ова :$ )треба да простиш бидејќи колку се лутиш на свеки толку сама себе лути си се бидејќи не си заклучила,ако сакаш приватност клуч во рака,среди си со рутерот,врати си се назад да сте си заедно маж ти кога ќе дојде од странство и понатаму за приватност без срам ќе си кажеш дека си сакаш или и нема потреба само ќе си заклучиш и не си го комплицирај уште на старт брачниот живот ;)
     
  16. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    355
    Глупости, очи ќе извадите за парче мебел и за туѓа соба.
    На вас гадно ви било да седнете кај што некој спиел, како да живеете во луксузни куќи и станови, а пола Мк е во еднособни станови со 4 члена. Кај некои родителите спијат во дневна, значи тука имаат и секс па сега ајде никој тука да не седи. Премногу драмите, па уште и да клучи соба која и не е нивна, не е ни на маж и, татко му ја направил а тој мрсулко се оженил и мисли газда е имал собаа, замислии цела една соба. Девер и спиел не спиел комшија, нормално дека ќе ја користат таа соба ако не им е вишок, сигурно нема да се гураат во 2 соби.
     
  17. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    штом свекрвата рекла дека има место за сите,секој по една соба за себе и сопругата значи не се бутаат у 2соби,е сега мене,а сигурно и на девојкава што го гледа ова како проблем не не тангира тоа што пола Mк е во еднособни станови со 4члена(јас од прво одд.спијев сама во моја лична детска соба,иако ова е наважно),муабетот ми е не е поентата да се вадат очи за мебел.соба итн туку потребата од приватност која и била понудена кога им се дала соба за неа и маж и,е сега они штом биле во странство па можела свеки еве ако и било гордост снашката да ја моли за дозвола во нивната соба другиот син да спие барем можела син и да го праша дали би можело додека не ја користат тие собата другиот брат да ја употреби,значи почитта е битна кон нечија приватност независно дали е тоа соба.мебел.долен веш итн.инаку свеки да рекла ех немаме место за вас,немаме соба а и така нема да живеете тука туку во странство се би било друго,нит ќе фрлале пари за реновирање итн и ќе знаеле на што се,а не еве ви соба,а сега вие не сте тука па ќе си ја користиме сите ние кој како ни дојде,ај утре другиот брат ќе иде на летен одмор и бидејќи нема да ја користи неговата соба нека му се напикаат девојкава и сопругот и,онака за лично задоволство.кој како сака нека сфати,она е во право,бидејќи како се вели не го прави она што не сакаш да ти се прави.
     
  18. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Они ми рекоа дека јас кога ке се вратам пак ке седам таму ке ја напуштиле собата,не е работа за една соба јас кај моите имам кука на 3 спрата и мозам на кој спрат сакам да сеедам битна е почитта на сопругата на нејзиниот син.Треба да ме почитуваат како што треба и ете јас утре заради љубовта што ја Чуствувам спрема мазот ми ке одам кај нив од лиЧна култура да им го Честитам празникот,не сакам веке да се карам со мазот ми заради ови работи.Искрено мислев дека тие треба први да се јават и да се извинат зошто погрешиле,ама ете заради празникот ке одам,се надевам дека нема да ме измаваат и да бидат некултурни спрема мене,иако на мазот ми свекрвата му рекла дека не сака да ме види,па ке видиме виш ме лак гирлс па ке ви казам ка0ко поминав.
     
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    има голема разлика помеѓу да се услужуваш/користиш и присвојуваш(нешто што не е твое),на папир сигурно не е препишана таа соба!!! Kолку што сфатив во таа куќа живеат луѓе,а "германкава"повремено е таму,па која е логиката да им го ускратува комодитетот,кога веќе не живее со нив во заедница?? Cтварите лесно се тргаат,ама не мислам да е проблемот само во стварите,него проблемот е во инаетот.Jас знам свекрви да држат по една соба кај по секој син,јасно ми е(им оставила на сите по еден стан или куќа,па да не седи само кај едниот ,вака кај сите се рашетува)што е за мене најголемата глупост,ама за снаа не сум слушнала соба да држи,а да не живее со свекрва,многу незрело и себично.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Твоите родители имаат куќа на 3 спрата а ти упорно се држиш за собата??Ете го моментот -како на другите браќа така и на мојот маж, му следува, наше си е, па дури и по цена со сите да се испокарам. Немој таква ситна душа да си. Не те избркале од таму, ви велат дека може да ја користите кога ќе сте дома. А да ја заклучуваш смешно е, вистина.
     
    На mimiiiii и Glasna им се допаѓа ова.