1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Најголем проблем си имам со бутовите. Секаде имам резултати а таму многу тешко. Најкритично место ми е. :(

    Изминативе дена за вечера имав супа и туна. (во 2 ноќеска) дека трета смена.
    и штом станувам од спиење кај 12-13 часот појадувам и пред да тргнам на работа ручам.
    Гледам полесна храна да е, лрбот го исфрлив само вчера си дозволим 2-3 соленки. Дека ги правев и неможев да им одолеам. :)
     
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Зашто го црните лебот кога во 100 грама интегрален леб има 220-300 калории?
    Не е само лебот калоричен, туку тоа што додавате на него.
     
    На gothchick и Marossa им се допаѓа ова.
  3. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Хм.. проста математика, денеска три пати конзумираш леб по 1-2 рибанки на јадење ( рибанка од векна, цела) значи некои 400-600 калории , плус, сокче, уште 200-300 калории, сладолед уште 200 калории и околу 1.000 калории непотребно внесени во организамот. Благо ако споменам, треба да се треснам од земја. Баш вчера гледав, во една чаша сок (швепс) има 230 калории, сладолед браво исто. Бауууууу!

    овие работи да ги сведеме на минимум ако веќе не сме, резултати инзвонредни. 8)
     
  4. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Ви се восхитувам на сите за упорноста, решителноста и издржливоста и се надевам ќе ги постигнете посакуваните резултати. :)
    Инаку, ги читав мислењата неколку страни назад и приметив дека многумина спомнуваат навечер како вечераат салата, или помеѓу оброци имаат салата па се зачудив малку.
    Овошјето толку е по калорично од зеленчукот? Или такви ви се диетите, што бараат повеќе внес на зеленчук?
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Не е само до калориите туку и до макронутриентите и соодносот...
    Ако се прејадеш јаглехидрати и масти без протеини никогаш нема да бидеш сит и ќе губиш мускулатура.
    И вагата може да покаже помалку но % на телесни масти може да е покачен.
    А ние сакаме да се ослободиме од вишокот масти,со малку губиток на мускули.
     
  6. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Втор ден, варен грашок со морков и зелка салата, портокали. Тоа беше менито за денес. До сега добро се држам, ама да видиме, на почеток сум уште. Од утре УН диета. :)
     
  7. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Јагленохидратите ги одбегнувам максимално што можам, тие највеке ми прават проблеми, не само сега кога внимавам што и колку внесувам, него општо. Повеке сум на протеини и скроб, многу поретко на јагленохидрати. Денеска за појадок (во 17 часот) доручкував леќа и краставички салата, и пред еден час кисела салата - Јајца (односно 2).

    Цел есап ми е поматен кога сум трета смена на работа, али гледам барем малку да се прилагодам. Следните две недели ке си бидам раат со Новиот начин на живот втора и прва смена ми се идеални, се знае точно кога е појадок, ручек и вечера.
     
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Јаглехидратите се скроб,глукоза.
    Погледни го видеово плс ќе ти објасне,
    https://www.youtube.com/watch?v=mx3_q-JosnA
    Немам ништо против,но информирај се убаво.
    Некој може да поверува и да отиде сосема на другата страна.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Зека, и скробот е јаглехидрат :)
     
    На Marossa и StefChef им се допаѓа ова.
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Јас мислам дека пола диеталки го делат на посебна страна скробот :D
    Битното е да се конзумираат јаглехидрати,ама оние сложените,како што се диеталните влакна од овошјето и зеленчукот и ете скробот,а простите шеќери како што е сахарозата што ја има во повеќето слатки да се избегнува.
    И не се откажувајте од лебот,само пробајте да конзумирате интегрален со цели зрна.
    Ова е библијата за рационална исхрана:
    [​IMG]
     
    На Hipster, Ariel и Divajn им се допаѓа ова.
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Се извинувам, моја грешка.

    Него, да ви кажам, ич немам апетит овие денови, во 10 појадив и сега ке ручам, пилешко во рерна испечено со зелена салата. Не дека ми се јаде, но морам малце, колку што согледав и на своја кожа и од гладува и прејадување не се слабее. Благо има различни сорти.. али, ни едно не сум си посигнала, незнам дали сум многу строга на себе или едноставно сватив дека е време да го променам начинот на исхрана.
    Да не се убедувам самата, аха, ај доста е, ослабев 8 кг, и готово.Кога поголемиот дел е вода.. добро, задоволна сум и со тие - `кг` бидејќи ке ми бидат плус мотив. Е така.
    Колку спољери си напумпав за краток период... ах зеко зеко, луда главо...
    и сега еве, немам нит еден, стомак штичка.

    Едит: Стефан, донекаде се сложувам со тебе али, такви тренери можат да си дозволат само луѓе од елитата. А јас и луѓето кои што работат за 250 евра ( и тоа со плус 40-48 часа прекувремени месечно) тешко можеме да оделиме по 3-4-5 000 денари за тренер, тоа е луксуз.
    Има начини, не велам не, постојат фитнеси итд. Не дека барам оправдувања само ја кажувам реалната вистина во Македонија. Подобро и ти согледај ја.

    И да кажам, многумина фаворизираат нутриционисти. - да, и јас сум за тоа, докажани, врвни, но тоа кошта пари.
    А јас кога бев, кај нутриционист за многууууу помалку пари, просто ме изгладнуваше. Во неделата повеќе имав овошни денови.. од 7 дена, 4 овошни. И, секако, дотичната нема појма од нутриционизам, незнам ни кој и ја дал дипломата. Али за помалку пари, се излажеш, одеш. Повеке неможеш да си дозволеш.
    Се надевам некој ме разбра во вистинска смисла и нема да ми бидат извртени зборовите.
     
  13. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Денес цел ден сум на овошје. До сега јадев два портокала и две јаболки. Ни денес не ја почнав УН диетата. Но, добро е, само на овошје и зеленчук сум. И искрено подобро се чувствувам. Малку е тешко, ама се издржува. Од утре најозбилно ќе ја почнам. Не знам зошто, реков од денес, ама ај бидна. Сепак добро се држам.
     
  14. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    ^ Па ако така ти е супер, не мораш да ја почнуваш УН диетата.
    Искрено, јас бев на УН диета, ама неможам секој ден да кажувам јас дома што и како да се готви, затоа си направив свој режим на исхрана. И сум задоволна. :)
     
  15. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Од денес почнав со УН диетата. :)
    А тоа за готвењето дома ручек не е проблем бидејки секој јаде во различно време освен за недела кога сите заедно ручаме и за празници. Значи, сите сме во различни смени, ретко кога сите да сме заедно дома и кој кога сака јаде и што сака.
     
  16. star789

    star789 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    Ми кажа другарка ми за вода со мед и малку капки од лимон, за да не се прејадуваш и да се пие од сабајле нагладно
    Една недела го пијам и има ефекти
    Ослабев 2кг. за 1 недела со вежбање.. :)
     
  17. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Јас си направив план.
    Секојдневно внесување многу вода (ова не знам како ќе го издржам, бидејки не пијам многу вода), вечрање најкасно до 19 h, 5 дена во неделата дневно пешачење 20 км, 10 сабајле, и 10 после ручек. За мене нема друго чаре. Поголема мрза од мене мислам дека нема. И секако УН диетата (строго придржување без ниту една грешка). Со ова сакам да ослабам 5 кг месечно. Значи 3 месеци 15 кг. Колку е реално и остварливо ќе видиме.
    Сите кои што сте на диета или кои што сакате да започнете, и да направите некоја грешка, не застанувајте, па живи луѓе сме, грешиме, сам продолжете напред и не се откажувајте. Нормално, јас не сакам да правам грешки, но доколку направам некоја грешка нема да застанам, туку ќе продолжам до крај. Само така се успева. Со многу воља и труд. Се надевам ќе го постигнам тоа што сакам.
     
  18. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене....... као и сваки дан.. :D

    За појадок супа, како вообичанео. А сега се мислам што да јадам, незнам, учев до сега, се занесов и не видов дека саатот поминал, па трреба за 20 мин да се спремам за на работа. :doh:
    Најверојатно ке го земам остатокот од супа што си го подготвив сабајлето и салата - цвекло.
    Веќерата на работа ми е тек во 19 часот. Таму ке конзумирам тоа што ќе го дадат. Обавезно даваат и салата, така да, можам да изгурам. :clap: За мене јадење веке не поминува а да нема салата. Неможам да замислам. Вчера за прв пат се мерев на вага. Многу се израдував, не знам со колку кг почнав, ама претпоставувам бидејки се поправив многу за кратко време, неосетно. Воедно и никад не сум била толку пуничка. Затоа, мислив едно 8-9 кг во минус.
    И за вчера пред да се мерам, си кажав колку мислам дека сум, и испадна точно. Интуиција чудо. :!:
    Во обем 4 до 6 цм намалена. Во сите делови различно, највеке во стомак и на нозете.
     
  19. Panta-Rei

    Panta-Rei Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8

    И мене ми е во план утре да ја почнам УН! :clap: Ќе се дружиме наредните 3 месеци : 8)
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Јас денеска започнав со вежбите Фокус Т25.Насабајле испив лимонада без шеќери и други глупости и за доручек само едно варено јајце изедов.Одиме напред!
     
    На Hipster и Emma4 им се допаѓа ова.