Oh, kiss me beneath the milky twilight Lead me out on the moonlit floor Lift your open hand Strike up the band and make the fireflies dance Silver moon's sparkling So kiss me http://www.youtube.com/watch?v=8N-qO3sPMjc
Те љубам со големо Љ едноставно те сакам како малото девојче својата барбика како што лушето го сакаат сладоледот во топло време те сакам како што ластовиците го сакаат топлото лето!
Пропаѓаме во некоја непозната црна дупка. Ти ја следам сенката и не можам повеќе да живеам со тоа. Патам на твои грешки а ти упорно ги повторуваш. Гледаш ли? Гледаш ли каде грешиш? Ја гледаш ли тагата во моите очи или навистина веруваш во лажната насмевка? Не ме познаваш или ја одбегнуваш таа тема? Зошто ми го правиш ова? Тонам. Поради тебе.
Ме излуде денес со твоите меки усни врз моите така љубејќи ме страсно, и нашите допири со што секогаш се распламнува страста меѓу нас одново и одново...И по кој знае кој пат се губам. Целосно ти се препуштам.....Те сакам мое!
ко божем другар си ми а се гледа дека си заљубен во мене-девојка ти треба ама јас не сум таа втор пат ми звониш после 12 разбуди се не сум заљубена во тебе дали ти имаш памет во твојата глава или вчера вечерта си се почестил со вино па ти текна на мене и уште кога ке ми речеш-па те снемува, никаде те нема е тогаш само не ми е јасно што ке правиме за венчавката на другарка ни во Штип ако ме пуштат моите-венчавка ко венчавка ке помине ама твоето однесување е проблемот-арно ми велеше една другарка-најди си партнер и во право е ама како што сум растрчана навака-натака абе само уште ти ми фалиш
Кој може да го крие гревот - кога се дознава се порано или покасно .... Јас би живееле со тој товар, на својот грб! Но не ми допуштаа, како човек да ти простам... Да се ослободам и јас од нас, од вас, од тебе... Заробена! И твоја и сама! Помеѓу нас, помеѓу сите ... Помеѓу тагата и радоста, на ивицата. Едни се ДА, други се НЕ! Ништо не е ЦЕЛО,,,,.......
Обожавам кога ќе ме гушнеш и не ме пушташ.Обожавам кога ме молиш да ти простам на таков начин,кој што само ти го умееш.Твоја сум,и секогаш ќе бидам.
Уште си ти Таа болка во тешкото дишење на градиве, таа изгубеност кога ќе застанам на половина збор, таа празнина кога во толпата луѓе лута погледот мој, барајќи нешто одамна избледено, барајќи те... Уште си ти копнежот во очиве мои изморени, тагата која наместо кармин, ја носам на усниве, желбата која пулсира низ вениве. Уште си ти, проклето ти, секогаш ќе си ти.
Таман ќе заборавам на тебе, ќе заборавам дека воопшто си бил во мојот живот, ми се јавува мајка ти, за да ме праша како сум Душа жена е, ако ти не знаеш да ја цениш. Не ми е мене проблем, да сврзам две реченици, да бидам фина и да и кажам се нејзе. Проблем ми е тоа што ме потсеќа упорно на тебе. На дел од мојот живот што сакам да го заборавам. Иако не те споменуваме, ти си секогаш присутен. На почеток кога и да ја слушнев ми предизвикуваше болка, а сега? Сега се навраќам на времето кога бевме заедно, посакувајки се да се врати ко што беше некогаш... Ама нема, џабе сонувам. Ништо нема да се врати. Не заслужи ти. А јас неможам да поминам преку многу работи. Некогаш се лутам сама на себе, затоа што сум толку мека и упорно ти барам некое оправдание за се што имаш направено. Нема враќање да знаеш, заслужувам и јас да сум среќна!