1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски

    Можам само да кажам срам да ти е на тебе , која си се свртела против онаа која те родила и израснала и одиш по паметот на некој недозреан мочко . Можеш ли да ја замислиш болката на мајка ти кога ќе чуе колку себично размислува ќерка и. Мајка ти ти мењала пелени како мала ? Одела со тебе на лекар кога си болна ? Останувала без сон кога цела ноќ бдеела над тебе оти си имала температура? Ти обезбедиле твоите пари за се што имаш до сега ? Одговорот претпоставувам на сите прашања е ДА . Не мислиш дека си должна да им се најдеш во добро и во зло на твоите родители поради се што направиле за тебе?А ти толку себично и плитко размислуваш дека парите на твоите никако не смеат да завршат за грижа на новото братче и сестриче , туку за твоја свадба и факултет. Срамота девојко ,СРАМОТА ! Па колку луѓе познавам кои сами си ги заработуваат парите за да си го платат факултетот. Можеби новиот член не е планиран и не дошол во најпогоден момент , можеби бременоста е премногу ризична и мајка ти сепак ќе реши да абортира , ама твоја должност во овој момент е да ја поддржиш и да бидеш покрај неа и татко ти што и да решат.
     
    На Cka и Daydream им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Тоа што си ужасно себична и недозреана веќе ти го кажаа,да не се повторувам.Туку ти 19 години,уште на факултет за свадба размислуваш,па како и ќе ја платат твоите :x Озбилно кога ќе видам вакви личности што гледаат сами за себе,не ценат што жртвуваат родителите за нив,ми се плаче.
    И во најтешки моменти,и кога сум ги пцуела моите,и кога сме се карале и кога не сме зборувале,и кога сум мислела дека се лоши родители,и кога сум делувала импулсивно и сум се жалела во темите за семејство,никогаш не сум ја изгубила љубовта и почитта за нив.
    Како можам јас да работам за време на летото и зимскиот распуст да заработам за дел од трошоците од факултет? Како може кога сум дома,да и помагам на мајка ми и да го подучувам татко ми англиски?
    Абе 100 години нека имаат,ако сакаат уште 3 деца да направат,ќе им помагам,ќе го сакам тоа дете и ќе го изгледам ако е потребно,за да стане чесен човек.
    А не да дискутирам со некоја си трета личност,што се нарекува твој дечко и што демек ти посакува добро,а единствено што го интересира е неговиот изглед во очите на другите.
    Свести се,порасни,исти години сме,научи да ги цениш твоите и побогу немој да им кажеш ни дел од она што го пишуваш овде,оти после ако случајно се земеш со оној твојон ќе плачеш секоја вечер што не можеш да ги видиш и секој збор што си им го кажала ќе те пече и боли толку длабоко што ќе жалиш што си се родила..
     
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.195
    Пол:
    Женски
    :^) Се мислам како да советувам една вака високоинтелегентна личност. А и ме замисли малку да ти кажам право. Еве јас со 38,5 години ќе раѓам дете и се мислам кој ќе ми го чува детево ко ќе умрам или се разболам на 40 години, бидејќи нели стара ќе бидам тогаш.
    Ццццц, што се не шета по светов. Абе не знаеш да составиш една проста реченица, ама битно трчаш да се мажиш и го слушаш тој вошкарот. Ако ти е. Со тој памет не заслужуваш ништо друго.
    Јас да сум на местото на твоите родители, би се откажала од тебе. :envy:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.848
    Значи вака вчера приметив дека на мојот дечко кога отидам на профил му се скриени од мене фотографиите,љубовниот статус...-значи јас да не ги гледам ниту моите другарки...Не ми звони како порано и само за с*кс споменува...кога прашам што е работата ,тој само НИШТО друг збор нема... Не разбирам што му е филмот... Совет?? :^)
     
  5. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Да не запознал тој некоја друга??? Те советувам да седниш да напрајш муабет..макар и со сила..какво е тоа понашање??па уште само за с*кс ти зборит :@ преиспитај ја ситуацијава
     
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Станува збор за недораснат тинејџер кој не сака врска со тебе а исто и не сака тоа да ти го даде тоа до знаење затоа што ќе го изгуби бенефитот кој го има од платонската конекција која ја имате - односите. Не те заслужува, откачи го најсурово што можеш да смислиш. Идиоти |( !
     
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.848
    ^луѓе па и 4 години залудно ли сум потрошила цц не ми се верува...навистина незнам што е работата
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    SunnyGirl2, колку што ме држи меморијава, мислам дека и претходно бараше совет во врска со дечко ти, кој се однесувал многу ладно кон тебе. Не те барал како порано, па дури и парфемот што си му го дала како подарок ти го вратил.
    Така беше, или грешам?
    И тогаш те совестував, и сега ти го давам истиот совет-крај е на повидок. Само тој, очигледно поради користа која ја има од тебе-секс, не може да пресуди, а ти поради љубовта.
    Ваквата врска е измачување.
    Според мене, време е да преземеш драстични чекори..
     
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    И јас се сложувам со мислењата на другите, или има сретнато друга, или се лади!
    Ако веќе си потрошила 4 години залудно на некого, немој да жалиш, ама тоа нека ти биде лекција да не трошиш уште залудно време на луѓе кои не вредат!
    Разговарај отворено со него!
    Ти посакувам успех!
     
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.848

    да да така беше со парфемот

    Во право сте ќе мора да преземам нешто..ако нешто не направам како што сака се лути ко мало дете..ццц..во заблуда сум...
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски
    ^ разговарај отворено и оваа кажи му го и нему како овде што ни кажа на нас ....
    Што е причината за неговото такво однесување,па ако треба и ти раскини му или олади се малку спрема него .Шо ќе бидете заедно само денови да броите или да сте нависитна зањубени,таквата врска нема добра иднина верувај ...
     
    На Tikvice му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.848
    му кажав,го прашувам во што е проблемот и одговорот е НИШТО;ШТО ТРЕБА ДА ИМА;ШТО ДА БИДЕ и сега сум "ладна" и се налути па нека се лути не попуштам прва
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски
    Не го барај и не му давај за ништо објаснување во 4 годишна врска никако несмее така да се однесува.
    Ако навистина те сака ќе те побара или ќе биде искрено со тебе да ти каже што се случува .
     
    На Tikvice му/ѝ се допаѓа ова.
  14. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Да ти кажам најсурово што можи затоа што голема е веројатноста. Тој си има друга најдено и ти му си само резерва сега. Мислам дека не треба воопшто да го рецкаш и да му раскинеш без да се осеќаш криво за ништо. Нема врска колку години сте поминале, тој нема право така да се однесува и ти не си должна да трпиш нечие идиотско понашање.
     
  15. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    [​IMG]
     
  16. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    [/quote]

    Се е океј,уживај :)
     
    На omg92 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.219
    Допаѓања:
    124.234
    Кога ќе размислиш, можеби и совршено си одговорате со дечкото. Ти со овој памет, он со неговиот, супер сте си. Себични и двајцата до бескрај. Ми е срам што го читам ова.
    ПРВО, твоите не се стари, на млади години те имале тебе. АКо ти си сега 20, а мајка ти 40, знами дека таа те родила на 20, кога била многу млада. Може требало да те абортира, дека нели, многу млада била. НЕ душо, денеска е нормално на 40 да се раѓа, моите колешки двете имаат родено на 40 второ дете, братучетка ми е родена кога мајка и била 45, а татко и 52. И еве ги живи и здрави ја изгледаа и внучињата и ги чуваат. Не се ич стари твоите.
    Секоја операција е ризична, и секоја бременост може да е ризична, Татко ти ако ја оперира ногата, не знамчи дека ке му ја исечат, да не даде Господ. ке оздрави. А мајка ти НЕ СМЕЕ да ја избркаат додека е на боледување или породилно. За тоа може да земе надомест ОГРОМЕН ако се случи, Затоа, веруј не ја бркаат од работа. Прво едуцирај се малку за тоа.
    Викаш сакаш факултет, ама сакаш и наесен да се мажиш. И ти не сакаш очи да им видиш на твоите кога ке се омажиш, а они да ти плаќаат факултет?! Ти што мислиш да правиш? Да те школуваат твоите, да делат од браќата и сестрите твои, а ти да си се омажиш и пари да земаш?! Омажи се и вработи се, ако си способна куќа да гледаш способна си и да заработиш за факултет.
    И причина мајка ти да си го убие детето е што сестра ти ке и требале пари за искачање?! ПА ДАЛИ СИ НОРМАЛНА.
    А ако твоите снеможат (гледам дека веќе сте скроиле и кога да се разболат и умрат) ТИ треба да ги чуваш и гледаш. ТИ треба да се грижиш за нив. И твоите браќа и сестри. Каков човек си ти кога си толку себична и гледаш само за себе?!
    Јас за моите би убила, би го дала мојот живот и би направила се додека дишам. А таков идиот за дечко нема ни да го мириснам, па уште он да кажува дали мајка ми да раѓа или да абортира, смрдло еден. Он е неспособен сам да се изгледа, на мајка ти ке и кажува.
    А на сите маки мајка ти што ги има, бременост, болен маж, па уште ти да и солиш памет, дека требало да абортира...срам да ти е. Срам да ти е. Да немам ќерка како тебе.
     
    На TheSecret, StarSky, LaraSolare и 3 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Боже vlubena до каде вака?

    Ти си заслепена девојко, дечко ти воопшто не е во право. Грешиш во врска со многу работи. 9 месеци те носела мајкати и ти вака и враќаш, вака ги правиш горди? Страшно.... незнам што да ти напишам ти го напишаа повеќето феминки овдека. Не те осудувам,бараше совет ама вистината боли душо.
    Не дозволувај некој дечко да ти го води животот, не дозволувај да те врти против твоите. Еден ден ќе ти бидат многу потребни.
    Размисли си подобро.
    Со постовите си многу себична и си гледаш за себе, тебе да ти е убаво, штом си се согласила после свадбата да не се гледаш со своите.
     
  19. Girl-love

    Girl-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    18
    девојки со дечко ми одам 2 години..сме имале секакви караници но сме ги решавале секогаш...во последно време знае да откаче од време на време...значи преку ноќ се смене, денеска е добар со мене утре е кретен со мене...и цело време така :) најлошото е што несака да зборуваме за проблемите и несака да ми каже што е проблемот за таквото негово однесување...јас сметам дека неговите другари имаат големо влијание врз него, тие размислуваат детски такво им е и однесувањето а тој не е самостоен...покрај нив почна и да пуши...пробувам да го натерам да ги откаже но и тоа му смета...ве молам кажете ми како да постапам за да го сменам и малку да го оддалечам од другарите..или пак да му ги отворам очите..
     
  20. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Најголема глупост што можеш да ја направиш е да пробаш да го оддалечиш од другарите. Тој сам треба да се свести и во тоа никој не може да му помогне освен самиот тој. Ако ти вршиш притисок за тој да се одкаже од другарите тогаш самата си правиш полошо да ти биде. Машко другарство не се растура така лесно, уште потешко ако се другари подолго време и мислам дека немаш право да му забрануваш да се дружи со кој и да е. Пак ќе повторам... Не е до другарите туку е до него, ако него не му дојде умот сам, никој не може да му го донеси. Твое е да одлучиш дали ќе трпиш се тоа понатаму или ќе му раскинеш на крај. Но сепак ако планираш да го оддалечуваш од другарите... подобро раскини му.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.