Серијата веке ја ставив на мојата топ листа, за само 2 дена изгледав 8 епизоди без кратење многу ми се допаѓа содржината, стварно е поинаква , а глумецот уххххххххх, првпат го гледам во овај филм ама веќе е совршениот маж на мојот живот блазе на таа што го има... туку муабето ми беше не ми се чека до крајот, ај некоја нека се сожали да подкажи нешто во спојлер за крајот на серијата
Спојлер Искрено јас имам уште 10 епизоди до крајот,ама имам ѕирнато клипчиња и е убав,среќен крај Да знаеш малку е досадна пред крајот,јас не можев ни епизода да догледам,а првите 10 се најдобри од цела серија.
Јас само видов дека ќе има среќен крај и доволно ми е за да ја гледам кога ќе ја даваат. Сигурно ќе ја дадат на местото на Фатмаѓул
Знам дека ќе си ја гледам до крај и тоа е тоа, си прашав за крајот дека бев љубопитна за ништо на свет нема да прекинам со гледање, едно поради главните ликови што ми се преубави друго поради содржината
Јас ја гледав на пинк.На почетокот е преубава,отприлика 20-30 епизоди,сега веќе многу ме нервира и прекинав со гледање.Почетокот ветуваше многу,ама ептен стана досадна и многу ми ги корнеше живците.Почетокот кога ја венчаат и ја држат затворена е најубав и најинтересен,и периодот кога почнуваат да се вљубуваат.Не планирам да продолжам со гледање.
За мене некаде докај 50-та епизода беше многу интересна,после тоа почнаа со влечење па внесоа и нови непотребни карактери само за да се влечат и да снимаат што повеќе епизоди. Мислам пред два месеци а можи и повеќе пишав дека сум до 60-та епизода и сеуште никако да ја догледам таа 60-та еп. никако да ми го задржи вниманието, а сакам да ја догледам до крај серијава веќе сум гледала 60 епизоди и сега ќе стегнам заби ќе изгледам уште 20 ЈБГ
И после една година и некој месец ја догледав серијава,Браво за мене Супер ми беше серијава,имаше едно 20-тина непотребни досадни епизоди (од кај 50-та еп. Па до 60 и некоја еп.) воопшто не беа потребни. Е последните 10-тина епизоди од ко се вратија во Мардин/Мидјад пак станува интересно за гледање. Важно има среќен крај Завршната песна во серијата многу ми е убава,во цела серија само два/три пати ја пуштаат,првпат мислам беше на крајот на 75 еп. И после скроз ептен на крај од серијата.во моментов нешто неможам линк да поставам но еве ќе го пишам името од песната и пеачката Sezen Aksu-Kiran Kirana Многу ќе ми недостасува Боран-Агава многу убав тип ми е,посебно погледот негов ме убива,штета што го нема во повеќе серии. Читнав некаде дека додека се снимала серијава главниве актери воопшто не се "мирисале" Ова Џансу Дере (Сила) го опишува Мехмет Акиф Алакурт (Боран) како дивјак,а тој вели дека никогаш повеќе не би сакал да соработува со нејзе,вели дека секогаш каснела на снимање и била многу занесена (додуша и мене на подзанесена ми делува) и ич не ја сакам
Од денес има реклама на Сител за емитување на оваа серија, се надевам овојпат ке ја даваат навистина, не како пред неколку месеци кога пуштија лажна реклама а не ја дадоа серијата си ја гледав на нет со српски превод, но сепак добро ќе биде да ги слушниме гласовите на овие што синхронизираат, и нека земаат луѓето плата де
Немаше да ја гледам, ама пак си велев да ја ѕирнам малку.Сега уште една на список за гледање Шала на страна, се гледа дека ќе биде интересна серија.Џансу сега засега добро глуми, за понатаму ќе видиме.Боран кај го нашле, ептен го погодиле глумецот.
Леле серијава зараза ниедна серија не ми се допаднала тлку како оваа.Едно прашање дали Сила и Буран ќе отидат во Истамбул или ќе останат во тоа гратчето/село што и да е?
Само на мене ли ми е одбивна актерката што е главна улога и во Езел исто не ја обожавав и упoрно ја стават главни улоги
И јас воопшто не ја сакам оваа Џансу Дере многу ми е одбивна фаца. Да ќе одат и во Истанбул,скоро пола од серијата ќе се таму,е тогаш ко ќе заминат таму почнува да се растегнува серијата тие епизоди нај досадни ми беа. Amelia а зошто велиш за Азад ненормален? дека е луд(во смисла како откачен или прост) ДА ама воопшто не е ненормален,се отепав од плачење кога го убијаа,баш е интересен лик.
Се заразив со серијата, овие неколку дена на ју туб само Сила ја гледам. Многу е интересна и баш им се страшни тие обичаите во тие поруралните средини. Да не се најде човек таму. Инаку Борат многу добар.
Не ги можам овие од Сител со гласовите,ептен кршат филм Инаку јас сеуште немам ги изгледано последните епизоди,поголема е шансата одново да почнам да ја гледам
Спојлер Сила 3 деца ќе роди така? 2 близначки и едно машко мислам. Ама дали машкото ќе биде негово? Бидејќи нешто денеска повраќаше трудна да не е од тој во Истанбул? Многу ме интересира ај некој нека ми каже..